You are currently viewing 23ти Октомври 2023 – Едипсос, Евиа

ЕДИПСОС – ЕВИА
  ТЕРМИН: 20-23.10.2023 

 

Eдипсос или Лутра Едипсос е најпознатата и најстарата бања во Грција, специфична по комбинацијата од термалните извори во море. Cе работи за една од најстарите бањи и фактот што бањата се спомнува во делата на славниот грчки филозоф Аристотел. Во Римско време тука поминале Хадријан, Септимиј и Марко Аурелиј, од овој периот се славните римски бањи – Сила.

Програма на патување:
Ден 20.10.2023 (Петок) БИТОЛА  – ЕДИПСОС
Состанок на групата на договореното место, поаѓање за Евија околу  21:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин МЕЏИТЛИЈА  со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
Ден 21.10.2023 (Сабота)
Во утринските часови пристигнување на пристаништето Глифа. Качување на брод траект (возење 30мин) и пристигнување на вториот по големина остров во Грција, Евија кај местото Агиос Кампос. Кратко возење до една од најпознатите бањи во Грција, Лутра Едипсос. Сместување во хотел лоциран во центарот на Едипсос. Краток пешачки разглед и запознавање со местото: пристаништето, променадата, хотелот Термо Сила сè до термалните извори кои се вливаат во Егејското Море. Слободно време за индивидуални активности, време предвидено за одмор и релаксација. Можност за користење на термалните извори. Вечера. Ноќевање.
 
Ден 22.03.2023 (Недела ) ЕДИПСОС – ПРОКОПИ – ЕДИПСОС
Појадок. Ден предвиден за факултативна посета на местото Прокопи познато по манастирот посветен на Св. Јован Рускин. Се верува дека моштите на овој светец кои се положени тука се чудотворни и лековити, заради што манастирот годишно привлекува голем број на верници. Покрај самата црква поставени се неколку убави кафулиња и продавнички каде се продаваат традиционални локални сувенири. Враќање во Лутра Едипсос, можност за користење на природните базени на отворено со минерална вода кои се влеваат во морето. Ноќевање.
 
3. Ден 23.03.2023(Понеделник ) ЕДИПСОС – БИТОЛА
Појадок.  Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во договорено време поаѓање кон Агиос Кампос,  качување на траект и продолжување кон Глифа. Дневно возење со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
 
 
Промо цена: 139 евра
Редовна цена: 159 евра
 
Цена по лице за миним 2 лица во соба за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд

 Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација;
– Сместување во Хотел 3* лоциран во центарот на Лутра на база 2 ноќевања со појадок;
– Бродски превоз на релација Глифа – Агиос Кампос – Глифа;
– Организација и реализација со туристички придружник;
– Туристичка такса.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување (информации во агенција);
– Факултативна посета на Прокопи 15€;
Попусти и опционални доплати:
– Доплата за еднокреветна 30€ од цената на аранжманот;
– Трето возрасно лице на дополнително легло – 10% од цената на аранжманот;
– Дете 2-10год. во придружба на 2 возрасни плаќа 45€/2.790мкд;
– Дете 11-14год. во придружба на 2 возрасни плаќа 75€/4.650мкд;
– Доплата за дополнително седиште во автобус 65€/4.030мкд.
 
НАПОМЕНИ:
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
–  Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
–За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници, агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот пријавени.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.

 

Важат општите услови на патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ