23ти Октомври – Интерхотел 4*, Сандански

23ти Октомври – Интерхотел 4*, Сандански

ТЕРМИН:

  • 23.10.2020-25.10.2020

ЦЕНА:

Сместување во: Цена за соба за ДВЕ ноќевања
Двокревeтна лукс соба 156 €
Еднокреветна лукс соба 120 €
Студио ( 2 возрасни) 225 €
Апартман (2 возрасни) 254 €
Доплата за трет возрасен во апп или студио 52 €

Цената вклучува:

  • 2 Ноќевање со појадок,
  • Користење на сауна, парна бања, фитнес центар,
  • Користење затворен базен со минерална вода од 33⁰С (полуолимписки размери),
  • Користење на отворен базен со минерална вода од 33⁰С,
  • Користење на отворен термален базен со минерална вода 38⁰С,
  • Паркинг,
  • Интернет,
  • Туристичка такса.

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз – 25 €,
  • Патничко осигурување,
  • Индивидуални трошоци.

Доплата и попусти:

  • Доплата за ручек без вклучен пијалок 11 €,
  • Доплата за вечера без вклучен пијалок 12 €,
  • Дете под 3,99 години се сместува – бесплатно,
  • Дете на возраст од 4 – 11,99 год. користи попуст,
  • Лице кое има навршени 12 год. во времето на пријавување,се смета како возрасна особа,
  • Возрасен или дете на дополнително легло користи попуст,
  • Дете од 4-11.99 год. на редовно легло користи попуст.

ОПИС:

Сандански е град на југозападот на Бугарија, во подножјето на Пирин планина на само 40 км од Македонската граница. Овај регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу сончеви денови во годината. Тука се наоѓаат над 80 минерални извори со температура од 33°С до 83°С со ниска минерализација и успешно се користат за третмани на најразлични болести.

Интерхотел Сандански е најголемиот медицински центар за балнеологија и рехабилитација на Балканот и е сместен во самиот центар на градот на главната пешачка улица.

Интерхотел Сандански нуди сместување во 262 пространи соби, 17 апартмани и 6 студија. Сите имаат модерна, пространа и пријатна внатрешност. Големината еднокреветни и двокреветни соби  25м2. Сите соби располагаат со: кабловска телевизија, безжичен интернет, телефон, минибар (со доплата), бањите се со специјална тоалетна козметика, балкун со поглед на градот, планината, базенот, паркингот или паркот.

  • DBL – двокреветна лукс
    Брачен кревет или два единечни, софа на спуштање и можност за бебешко креветче
    Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 15,99 + 1 дете до 3,99
  • DBL SUP (двокреветна супериор соба-студио)
    Спална со  брачен кревет (без прозор), физички одделена  (без врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче  (4 студиоа вкупно).    
    Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год
  • STD – студио стандард
    Спална со  брачен кревет, физички одделена  (без врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче  (1-4 кат).    
    Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год
  • APP – апартман лукс
    Спална со еден брачен кревет, физички одделена (со врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче,  две купатила (5-7 кат)              
    Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год.

РАЗГЛЕДИ во близина на Сандански:

  • Рилскиот манастир, еден од најголемите манастири во Бугарија. Изградена во 30-тите години на
    Х век. Денес Рилскиот манастир е дел од светското наследство на УНЕСКО, со својата автентична атмосфера,бесценети икони и резби, привлекува посетители од целиот свет. Рилски манастирот се наоѓа меѓу миризливи борови шуми на планината Рила, 63 км. од градот Сандански.
  • Мелник–“градот на виното” е најмалиот град во Бугарија со население од само 230 жители. Мелник е место со богато историско наследство, пријавен за културно-историски резерват и градски музеј. Мелник исто така е прочуен по своите висококвалитетни вина. Мелник е оддалечен 20 км. од Сандански.
  • Рожденски манастир, 7 км. од Мелник, е вториот по големина манастир во Бугарија по Рилскиотманастир. Со своите уникатни резби и витраж, тој е вистински ремек-дело на средниот век.
  • Природниот резерват  Рупите со својата уникатна природа, фауна и термални извори е на само
    15 км. од Сандански. Во Рупите можете да ја посетите куќата на најпознатиот бугарски пророк Ванга. Во самата близина по волјата на баба Ванѓа, во 1992 година е изграден храм-споменик “Света Петка Бугарска” – еден од 100-те национални туристички објектот во Бугарија. Рупите е кратер на угаснет вулкан. Постојат остатоци од древниот град Хераклеја Синтика.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот со автобуски превоз потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со бројот на резервација со пријавувањето на патниците со авансната уплата. Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€ по лице (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
  • Хотелот не прима домашни миленици!!!
  • Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан  од страна на гостинот и од овластените во хотелот.

COVID – 19:

Стандард за хигиена и дезинфекција Во Интерхотел Сандански, ресторани, барови, СПА, и базени. Стандардите се подготвен во согласност со сите барања и анти-епидемиски мерки издадени од министерот за здравство на Р.Бугарија

Нашата програма за чистење и дезинфекција предвидува:

  1. При влегување во хотелот, секој гостин ги дезинфицира рацете на поставениот штанд за дезинфекција во близина на влезот со средство за дезинфекција. Носењето маска е во дискреција на клиентот.
  2. Диспензерите ќе бидат сместени пред рестораните, влезот во барот и влезот на базенот.
  3. За безбедноста на гостите на Приемот се обезбедени безбедносни бариери.
  4. По регистрација на гостинот, службениот персонал исто така ќе побара телефонски број за контакт со цел да побрза и полесна комуникација доколку е потребно.
  5. Секоја картичка со клучеви се пренесува дезинфицирана и се става во пакет од картон за еднократна употреба.
  6. За да се избегне гужва, персоналот на хотелот ќе им помогне на гостите да ги однесат во нивната соба.
  7. Се препорачува лифтите да се користат самостојно или за членови на едно семејство .
  8. За време на престојот, гостите ќе имаат можност да користат спа и базени, следејќи ги упатствата на Министерството за здравство.
  9. Подобрени процедури за чистење и дезинфекција за чистење на секоја просторија, обрнувајќи посебно внимание на областите за контакт со рацете (огради, рачки, далечински управувач на ТВ, минибар, прекинувачи за осветлување, панели за климатизација итн.) каде обезбедува соодветна дезинфекција на просториите.
  10. За поголема безбедност, украсните перници и покривки се привремено отстранети од просторијата.
  11. Просторот на заеднички простории, ресторани и барови овозможува социјално растојание за да се избегне гужва.
  12. Масите во рестораните ќе бидат поставени на растојание од 1,5 m, максимум 4 лица ќе седат на маса, освен ако не се членови на едно семејство. После секој клиент, комплетниот прибор ќе се дезинфицира и ќе се менуваат чаршафите.
  13. Сите заеднички простории, бањи до ресторанот, лоби, канцеларии, скали, огради, лифт, заеднички тераси, рачки на вратите, countertops ќе се чистат и дезинфицираат на секој час.
  14. Секој гостин е должен да стави крпа на душекот на лежалката што ќе ја користи.
  15. Растојанието помеѓу два чадори измерено од центарот на чадорите во надворешните области околу базените ќе биде најмалку 5 m. Чадор го користат не повеќе од две лица или членови на едно семејство. Спасителот и персоналот за хигиена се должни да ги дезинфицираат лежалките по секој гостин, основата на чадорот и масите за храна и пијалоци.
  16. Бањите и соблекувалните на базенот ќе се дезинфицираат на секој час

Со цел да се намали ризикот од инфекција со Ковид-19 Интерхотел Сандански им препорачува на своите гости:

  • Држете растојание од најмалку 1,5 метри.
  • Користете опрема за лична заштита.
  • Внимавајте на правилата за дезинфекција и лична хигиена.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • за отказ  или промена на резервација  за време на празници помалку од 30 дена пред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
  • агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 дена пред датата на престигнување без пенали. Промена на име и термин помалку од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ  од резервацијата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ