You are currently viewing 23ти Октомври – Интерхотел 4*, Сандански

23ти Октомври – Интерхотел 4*, Сандански

ТЕРМИН:

  • 22.10.2021-24.10.2021

ПРОГРАМА:

22.10.2021 – Петок:

Поаѓање во 06:00 ч. од Битола/Скопје за Сандански преку Струмица (мал одмор во Лебедово езеро) и Петрич. Попатни одмори, царински формалности), продолжување кон Сандански. По пристигнувањето сместување во избраниот хотел. Слободно време, можност за користење на СПА центарот. Ноќевање.

23.10.2021 – Сабота:

Појадок. Слободно време можност за користење на СПА центарот или индивидуални прошетки, шопинг во градот. Ноќевање.

24.10.2021 – Недела:

Појадок. Одјавување од хотелот до 12.00 ч. (локално време). Во 13:00 ч. (локално време) поаѓање кон месноста Рупите (храмот – споменик – Св. Петка и гробот на најпознатата пророчица – Баба Ванга каде е и погребана). По посетата поаѓање кон Македонија (попатни одмори, царински формалности) пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА:

Сместување во: Цена за особа :
Двокревeтна лукс соба 111 €
Еднокреветна лукс соба 155  €
Студио  150 €
Апартман  165 €
Доплата за трет возрасен во апартман или студио 79 €
  • Цените се за 2 ноќевање по лице – ноќевање со појадок со вклучен автобуски превоз!!!

Цената вклучува:

  • Ноќевање со појадок
  • Автобуски превоз на релација Битола-Сандански-Битола
  • Користење на сауна, парна бања, фитнес центар
  • Користење затворен базен со минерална вода од 33⁰С (полуолимписки размери)
  • Користење на отворен базен со минерална вода од 33⁰С,
  • Користење на отворен термален базен со минерална вода 38⁰С
  • Лежалка и пешкир покрај базените
  • Интернет
  • Паркинг
  • Сеф на рецепција
  • Детско катче со аниматор
  • Туристичка такса
  • Бесплатен трансфер од Прилеп, Кавадарци и Струмица

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци

Доплата и попусти:

  • За сопствен превоз: –25€ по лице.
  • Доплата за возрасен на дополнително легло во студио или апартман 30€ (за две ноќевања)
  • Доплата за вечера: 14€
  • Дете од 0-03,99 год. во соба е бесплатно
  • Дополнително легло за дете 4-11,99 во соба  24€ (за две ноќевања)
  • Дополнително легло за дете 12-15,99 во соба 56€ (за две ноќевањa)
  • Трансфер од Скопје: +10€ по лице.

За влез во Бугарија:

  • Сертификат за вакцинација (14 дена поминати од втората примена доза),
  • Негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа).

ОПИС:

Сандански е град на југозападот на Бугарија, во подножјето на Пирин планина на само 40 км од Македонската граница. Овај регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу сончеви денови во годината. Тука се наоѓаат над 80 минерални извори со температура од 33°С до 83°С со ниска минерализација и успешно се користат за третмани на најразлични болести.

Интерхотел Сандански е најголемиот медицински центар за балнеологија и рехабилитација на Балканот и е сместен во самиот центар на градот на главната пешачка улица.

Интерхотел Сандански нуди сместување во 262 пространи соби, 17 апартмани и 6 студија. Сите имаат модерна, пространа и пријатна внатрешност. Големината еднокреветни и двокреветни соби  25м2. Сите соби располагаат со: кабловска телевизија, безжичен интернет, телефон, минибар (со доплата), бањите се со специјална тоалетна козметика, балкун со поглед на градот, планината, базенот, паркингот или паркот.

  • DBL – двокреветна лукс
    Брачен кревет или два единечни, софа на спуштање и можност за бебешко креветче
    Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 15,99 + 1 дете до 3,99
  • DBL SUP (двокреветна супериор соба-студио)
    Спална со  брачен кревет (без прозор), физички одделена  (без врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче  (4 студиоа вкупно).    
    Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год
  • STD – студио стандард
    Спална со  брачен кревет, физички одделена  (без врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче  (1-4 кат).    
    Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год
  • APP – апартман лукс
    Спална со еден брачен кревет, физички одделена (со врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче,  две купатила (5-7 кат)              
    Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год.

РАЗГЛЕДИ во близина на Сандански:

  • Рилскиот манастир, еден од најголемите манастири во Бугарија. Изградена во 30-тите години на
    Х век. Денес Рилскиот манастир е дел од светското наследство на УНЕСКО, со својата автентична атмосфера,бесценети икони и резби, привлекува посетители од целиот свет. Рилски манастирот се наоѓа меѓу миризливи борови шуми на планината Рила, 63 км. од градот Сандански.
  • Мелник–“градот на виното” е најмалиот град во Бугарија со население од само 230 жители. Мелник е место со богато историско наследство, пријавен за културно-историски резерват и градски музеј. Мелник исто така е прочуен по своите висококвалитетни вина. Мелник е оддалечен 20 км. од Сандански.
  • Рожденски манастир, 7 км. од Мелник, е вториот по големина манастир во Бугарија по Рилскиотманастир. Со своите уникатни резби и витраж, тој е вистински ремек-дело на средниот век.
  • Природниот резерват  Рупите со својата уникатна природа, фауна и термални извори е на само
    15 км. од Сандански. Во Рупите можете да ја посетите куќата на најпознатиот бугарски пророк Ванга. Во самата близина по волјата на баба Ванѓа, во 1992 година е изграден храм-споменик “Света Петка Бугарска” – еден од 100-те национални туристички објектот во Бугарија. Рупите е кратер на угаснет вулкан. Постојат остатоци од древниот град Хераклеја Синтика.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот со автобуски превоз потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Хотелот не прима домашни миленици
  • Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 денапред пристигнувањето без пенали.
  • Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 денапред датата на престигнување без пенали. Промена на име и термин помалце од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ  од резервацијата.
  • Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 денапред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
  • Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
  • Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 денапред пристигнување е без пенали.
  • Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 денапред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
  • Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан  од страна на гостинот и од овластените во хотелот.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ