23ти Октомври – Kушадаси – Памуккале – Ефес – Измир

23ти Октомври – Kушадаси – Памуккале – Ефес – Измир

ПРОГРАМА:

6 дена / 3 ноќи полупанисон / автобуски превоз

1 ДЕН (21.10.20– Среда) : БИТОЛА / СКОПЈЕ – ЧАНАККАЛЕ

Поаѓање од Битола пред Спортска сала Младост во 10:00 часот, (попатно Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес) поаѓање од Скопје пред ВИП хотел во 12:30 часот. Попатни одмори, царински формалности. Ноќно возење (се патува преку Р.Бугарија).

2 ДЕН (22.10.20 – Четврток): ЧАНАККАЛЕ-КУШАДАСИ

Пристигнување во Чанаккале во предпладневните часови. Посета на центарот на градот каде се наоѓа статуата “Тројански Коњ” од истоимениот филм поклон на градот од актерот Бед Пит. Можност за кафе пауза – факултативно. Заминување за Кушадаси. По пристигнувањето сместување во хотел. Одмор. Посета на старата чаршија, центарот на Кушадаси. Вечера. Ноќевање.

3 ДЕН (23.10.20 – Петок): КУШАДАСИ-ПАМУККАЛЕ-КУШАДАСИ

Појадок. Заминување за Памуккале (188 км), планина-единствена од ваков вид во светот.
По пристигнувањето во Памуккале посета на античкиот град Хиераполис, кој е заштитен од УНЕСКО како светско културно наследство. Основан во вториот век п.н.е. како термално лекувалиште, и е именуван по божицата Хера. Се развива во центар за лекување со термални води. Посета и уживање на памук тврдината – феномен на природата со травертин седиментација, варовник и калциум, како и термална вода на температура од 37 ° C. Ручек. По посетата враќање во Кушадаси доцна попладне. Попатно посета на фабрика за текстил и фабрика за изработка на предмети од Жад. Вечера. Слободна вечер – факултативно посета на дискотека. Ноќевање.

4 ДЕН (24.10.20 –Сабота): KУШАДАСИ-ЕФЕС-КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА-КУШАДАСИ

Појадок. Во договорено време поаѓаме кон посета на куќата на Дева Марија (каде го поминала остатокот од животот по распнувањето на Исус Христос) по посетата заминување за Селџук и посета на грандиозниот локалитет Ефес. По посетата враќање во Кушадаси. Слободно време и можност за посета (индивидуално) на една од многубројните плажи: Ladies Beach, Golden Beach…. Вечера. Слободна вечер – можност за факултативна посета на национален клуб со стомачни танци.
Ноќевање.

5 ДЕН (25.10.20 – Недела): КУШАДАСИ-ИЗМИР-МАКЕДОНИЈА

Појадок. Слободно време до поаѓањето за Измир. Панорамски разглед на градот со автобус.
Слободно време за прошетка низ центарот (плоштад Конак) каде се наоѓа симболот на градот Саат Кулата, изградена 1901 по повод 25 години од владеењето на Султанот Абдулхамид II, исто така и најпознатион пазар Kemeralti Bazar, слободно време за индивидуални посети, прошетки во Измир до поаѓањето за Македонија. Продолжување за Македонија, попатни одмори, ноќно возење, царински формалности.

6 ДЕН (26.10.20 – вторник): МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Македонија во утринските часови. Крај на програмата.

ЦЕНА:

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 евра по лице / 12.340 денари

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 01.10.2020: 189 евра по лице / 11.720 денари

Цената вклучува:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација,
  • 3 полупансиони (појадок и вечера) во хотел во Кушадаси,
  • Посета на Чанаккале,
  • Панорамски разглед на Измир од автобус,
  • Локален професионален водич за Памуккале,
  • Локален професионален водич за Ефес, Куќата на Дева Марија,
  • Придружник на групата,
  • Организација на аранжманот.

Цената НЕ вклучува:

  • Патничко осигурување (инфо во агенцијата),
  • Лични трошоци,
  • Ефес и Куќата на Дева Марија-со влезница (минимум 25 патници)  40,
  • Памуккале-со платена влезница + ручек (минимум 25 патници )40€, (без влез во базените на Клеопатра)
  • Дискотека (влезница),
  • Национален ресторан – стомачен танц.

Доплата:

  • Цената е за сместување во двокреветна соба
  • Доплата за сместување во еднокреветна соба + 45€

ОПИС:

ЕФЕС

Ефес бил познат антички грчки град, а подоцна дел од Римското Царство, a исто така е еден од најпознатите економски и пристанишни центри во Римската Империја. Од легендите, се смета дека овај град го создале Амазонките. Се наоѓал на брегот на Јонија, 3 километри југозападно од денешната Измирска област во Турција, во близина на Егејското Море. Во самиот град имало голем број на театри, споменици и храмови. Еден од најпознатите храмови бил Храмот на божицата Артемида, кој што се вбројувал во седумте светски чуда од античкиот период. Бил еден од најбогатите светски градови и во него била отворена првата светска банка. Ефес исто така бил еден од најголемите религиозни центри (поврзуван со доаѓањата на Св.Павле) и се претпоставува дека тука било напишано Евангелието по Јован. Античкиот дел од градот и рушевините се едни од најголемите интернационални туристички атракции во модерното време.

ПАМУККАЛЕ

Памуккале (Памучно Кале), е природен регион кој што содржи топли извори и травертни (карбонатни) тераси кои што се создадени со помош на проточната вода која што ја има во регионот. Местото се наоѓа во областа Денизли, покрај долината на реката Мендерес, во југозападна Турција. Тука на истото место, на врвот на т.н “бел замок” се наоѓа и античкиот грчко-римски и византиски град Хиераполис. Седиментните карпи се создадени по природен пат од водата од топлите извори. Во Памуккале се наоѓаат 17 топли извори со тенпература на водата од 35-100 степени целзиусови. Интересен факт е дека старата римска бања во Хиераполис била користена како археолошки музеј во Хиераполис од 1984 година. Памуккале и Хиераполис во 1988 година се прогласени за Светско наследство на УНЕСКО.

ЧАНАККАЛЕ

Градот Чанаккале се наоѓа на брегот на Дарданелите, во Мраморниот дел на Турција и е главен град на истоимената провинција. Чанаккале бил познат под името “Кале-и-Султаније” (Тврдина на султанот). Во 17 век градот станал познат по својата стаклена керамика од каде и го добил своето ново име. Интересен или симболичен факт за местото е битката кај Чанаккале која се одиграла за време на Првата светска војна, која е и воедно една од најголемите победи на Турците. Во оваа битка со османлиските сили раководел Мустафа Кемал Ататурк. Чанаккале е важен престанишен центар, а за тоа придонесува и самата местоположба на местото кое се простира на двата континенти (Европа и Азија). Овој град е најблиску до античкиот град Троја, каде што денес се наоѓа и дрвениот коњ кој што е користен во истоимениот филм од 2004 година, а е подарок од актерот Бред Пит.

КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА

Куќата на Дева Марија е позната туристичка атракција и значаен католички и муслимански религиозен храм во Турција. Се наоѓа на планината Kоресос (турски Булбул), во околината на Ефес, 7км оддалеченост од градот Селчук. Куќата е откриена во 19 век, по раскажувањата на визиите на германската католичка монахиња Ана Катерина Емерих. Нејзините визии биле поврзани со престојот на Дева Марија во последните години од нејзиниот живот на оваа локација, која се смета дека тука дошла заедно со Св.Јован којшто го ширел Христијанството на овие простори. Во 1891 година историчари од Измир откриле градби на истото место за кое што зборувала монахињата и соодветствувале со нејзиниот опис. Куќата е прогласена за религиозен храм од страна на Римо-католичката црква официјално во 1896 година кога била посетена од страна на папата Лео XIII. Во 1980 папата Јован Павле II за време на неговата посета го прогласил храмот за место за аџилак за Христијаните. За посетителите е отворен за посета централниот дел од куќата и соба која што се наоѓа десно од олтарот. Секоја година на 15ти август во храмот се прославува успението на Пресвета Богородица.

ИЗМИР

Градот Измир се наоѓа во југозападна Турција, во Измирскиот залив на Егејското море. Се смета дека е една од најстарите населби на Медитеранот. Градот кој што е трет по големина во Турција го има второто по големина пристаниште во државата. Градот познат како “Бисерот на егејот” во антиката бил познат под името Смирна. Измир е еден од најпознатите монденски центри, либерален со карактеристичен изглед, стил и динамичност, со силна улога во политичкиот и економскиот свет. Како главни знаменитости во градот се: Саат кулата која се наоѓа во средината на плоштадот Конак која е висока 25 метри. Околу кулата се наоѓаат 4 фонтани во кружен облик со северно-аафрикански примеси во архитектонска смисла. Исто така на ридот Кадифекале се наоѓа Агората на Смирна каде што се претпоставува дека има амфитеатар кој што сеуште не пронајден од археолозите. Хисар Џамијата е исто така една од симболите на османлиската архитектура. Градот Измир е познат универзитетски и образовен центар каде што има голем број на универзитети.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со бројот на резервација со пријавувањето на патниците со авансната уплата. Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€ по лице (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ