You are currently viewing 23ти Октомври – Сокобања

23ти Октомври – Сокобања

ТЕРМИН:

  • 22.10.2021-24.10.2021

ПРОГРАМА:

1 ДЕН: 22.10.2021 (петок)

    Состанок на групата на Дрводекор во 07.00 часот. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања во приватни вили. По смстувањето, следува организирана прошетка низ центарот на Сокобања: Милошев Конак, Турско купатило….. Враќање во апарманите. Слободно индивидуално време. Вечера. Ноќевање.

2 ДЕН: 23.10.2021 (сабота)

    Појадок. Слободно време за посета и уживање во СПА центарот Соко Терме (влезницата е вклучена во цената). Слободно попладне за индивидуални активности. Вечера . Ноќевање.

3 ДЕН: 24.10.2021 (недела)

    Појадок. Одјавување од апартманите. Потоа следува организирана посета на Озрен, излетничко место со прекрасна природа, како и посета на еден од најубавите водапади во Јужна Србија – “Ripaljka“. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА:

ЦЕНА НА АРАНЖАМНОТ: 79 евра (4898 денари)

ПРОМО ЦЕНА: 69 евра (4278 денари)

Цената вклучува:

  • Превоз до наведената релација
  • 2 полу пансиони (доручек и вечера) во Ресторан Сплендид – Сокобања
  • Сместување во приватни вили во Сокобања
  • Исхраната е во ресторан Сплендид – Сокобања
  • Сите вили се наоѓаат во непосредна близина на ресторанот
  • Влезница во Соко Терме
  • Посета на Озрен и водопадите Рипаљка
  • Водич за време на патувањето

Цената НЕ вклучува:

  • Туристичка такса 1.20 евра по ден по лице
  • Патничко – здравствено осигурување

Доплата и попусти:

  • За деца од 3-9,99 год, доколку патувааат со двајца возрасни се плаќа 50% од сумата

ОПИС:

Сокобања се наоѓа во источинот дел на Србија, на оддалеченост од 260 km од Скопје, a на самиот влез  ќе наидете на паролата „Сокобања, Соко град, дођеш стар, одеш млад“. Соко Бања  се наоѓа во долината на реката Моравица, помеѓу планините Озрен и Ртањ, на 400 m надморска височина. Бањата постои уште од римско време, а на темелите на римските бањи, Турците го подигнале својот амам, што претставува најстар објект за лекување во оваа бања. 

Она што исто така ја прави Соко Бања привлечна за туристите се термо-минералните води, идеалната надморска височина, умерено-континенталната клима, чистиот планински воздух и убавата недопрена природа. Богатството со лековита вода и климатските фактори, влијаат позитивно на лица со хроничен бронхитис, астма, психонеуроза, благи форми на висок крвен притисок и сл. Друг интересен факт за оваа фантастична бања е тоа што се смета за боемско место и место за одмор на уметници, писатели, сликари, режисери и многу други познати личности кои престојувале тука, како на пример Иво Андриќ, Бранислав Нушиќ, Меша Селимовиќ и др. Слободно може да кажеме дека Соко Бања е идеално место за одмор и уживање и со право го носи епитетот „оаза на кислород во Европа“.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Се патува со лична карта или пасош
  • За излез и влез во Македонија потребен е сертификат за вакцинација или негативен антиген тест
  • Организаторот има право да го откаже патувањето еден ден пред поаѓање доколку нема доволен број на патници
  • Доколку сме спречени да ја реализираме турата поради ситуацијата со која се соочуваме, уплатените средства ќе бидат рефундирани
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ