23ти Октомври – Банско

23ти Октомври – Банско

1 ден 20.10.2018 – Сабота – (Македонија – Банско)

Состанок на група на Дрводекор. Тргнување за Банско со попатно застанување за кафе паузи, царински формалности. Пристигнување во Банско сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање 1.

2 ден 21.10.2018 – Недела – (Банско)

Слободен ден, предвиден за одмор и рекреација користење на СПА Центар. Ноќевање 2.

3 ден 22.10.2018 – Понеделник – (Банско)

Слободен ден, предвиден за одмор и рекреација користење на СПА Центар. Ноќевање 3.

4 ден 23.10.2018 – Вторник – (Банско – Скопје)

Слободно претпадне, заминување кон Македонија во попладневните часови.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ:

Хотел Каса Карина 4*

За уплата до 05.10.2018: 95€/5.871,00мкд Стандард двокреветна соба

Редовна цена од 06.10.2018: 105€/6.489,00мкд

За уплата до 05.10.2018: 119€/7.318,00мкд Апартман со една спална

Хотел Зара & Спа 4*

За уплата до 05.10.2018: Стандард соба 99€/6.118,00мкд (две лица максимум)

За уплата до 05.10.2018: Супериор соба 109€/6.736,00мкд (2 возр + 2 деца или 3 возр)

За уплата до 05.10.2018: Едноспален Апп 119€/7.354мкд (4 возр, или 2 возр +2 деца, 3возр + 1 дете)

Редовна цена од 06.10.2018:

Стандард соба:  109€/6.736,00мкд (две лица максимум)

 Супериор соба:  119€/7.354,00мкд (2 возр +2 деца или 3 возр)

Едноспален Апп:  129€/7.972,00мкд (4 возр, или 2 возр +2 деца, 3возр+1дете)

ЦЕНА ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ СЕ ОДБИВА 10€ ПО ЛИЦЕ

Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.

Цената на аранжманот вклучува:

  • 3 Ноќевања на база АLL Inclusive(се вклучено)
  • Автобуски превоз на дадена релација
  • Користење на Затворен и Отворен Базен, Сауна, Парна Бања, Фитнес Центар, Џакузи.
  • Wi-FI на територија на целиот хотел Zara & Spa + Casa Karina.
  • Детско катче.
  • Туристичка Такса

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко Осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Хотел Каса Карина – Бањарки со доплата од 5лева / и депозит од 30лева кој се враќа на заминување / влечки нема
  • Хотел Зара – Влечки за на базен со доплата, сеф со доплата од 2еур на ден, бебешко креветче – 2еур на ден

Напомена за Хотел Зара & Спа:

  • Деца од 2-5,99 Год.БЕСПЛАТНО. (Плаќат само 25 Еур-превоз)
  • Деца од 6-11,99 год.,на дополнително легло со две полноплатежни суми -50% попуст.
  • Трето возрасно лице на дополнително легло -30% попуст.
  • Деца од 6-11,99 год.на редовно легло со едно полноплатежно лице -30% попуст.
  • Еднокреветна соба доплата 80%.

Напомена за Хотел Каса Карина:

  • Деца од 2-5,99 Год.БЕСПЛАТНО. (Плаќат само 25 Еур-превоз)
  • Деца од 6-11,99 год.,на дополнително легло со две полноплатежни суми -50% попуст.
  • Трето возрасно лице на дополнително легло -30% попуст.
  • Деца од 6-11,99 год.на редовно легло со едно полноплатежно лице -30% попуст.
  • Еднокреветна соба доплата 80%.

Организиран Автобуски Превоз:

  • Куманово(Бензинска пумпа Макпетрол)
  • Скопје(Дрводекор)
  • Велес (Бензинска пумпа Мак Петрол – на автопат) – доплата 15€
  • Кавадарци (Дреново) – доплата од 15€
  • Прилеп и Битола – доплата од 15€

All Inclusive Hotel Zara & Spa и Casa Karina:

  • Главен Ресоран: Појадок, Ручек, Ужина, Вечера
  • Асортиман на: супи, салати, сирење, сосови , топли предјадења, месо, гарнири, десерти и овошни плодови, млечни продукти и др.
  • Напитоци за време на појадок: кафе, чај, млеко, сокови од автомат и минерална вода.
  • Пијалоци за време на ручек и вечера: безалкохолни пијалоци, наливни пива и црвено/бело вино, минерална вода, чај.
  • Попладневна Ужина: 16:00 – 17:00 ч. – Слатки и солени, чај, вода, сок, кафе и џус од автомат.
  • СПОРТ и РЕКРЕАЦИЈА:
  • Користење на внатрешен базен со џакузи,Сауна,Парна Бања,Фитнес Центар.
  • Детско катче, детска сала ,
  • Бањарки во хотел Каса Карина се со доплата од 5лева, т.е депозит на рацепција од 30лева, исто во Хотел Зара влечките се доплаќаат на лице место, а бањарките се со раздолжување на рецепција.

УСЛУГИ, КОИ ДОПОЛНИТЕЛНО СЕ НАПЛАЌААТ:

  • Дополнителни Хотелски услуги кои не се наведени во програмата:
  • А-ла-карт ресторан, Увозни пијалоци и еспресо кафе
  • Перална, Сеф во собите, телефонски разговори.
  • Масажите се наплатуваат по ценовникот истакнат на СПА Рецепција.

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ