You are currently viewing 24-ти Мај МИНИ ОДМОР ПАЛИО – КАВАЛА – ТАСОС

24-ти Мај МИНИ ОДМОР
ПАЛИО – КАВАЛА – ТАСОС

ПРОГРАМА: 23.05.2024 – 26.05.2024 / 3 ноќевања со појадок

1 ден 23/05/24 БИТОЛА/СКОПЈЕ – КАВАДАРЦИ – ПАЛИО – КАВАЛА
Состанок на групата во 02:45 часот на паркингот кај спортската сала во Битола,паркингот на Хотел Вип во Скопје. Во 03:00 часот поаѓање за Кавадарци. Состанок на групата во Кавадарци во 04:15 часот. Во 04:30 часот поаѓање за Кавала.Се патува преку граничниот премин Богородица. Пристигнување во Палио 6 км пред Кавала каде што се наоѓа Хотелот “ПОРТО ПАЛИО 3*“ кој што е лоциран на самата плажа. Сместување на групата во хотелот. Слободно време за одмор од патувањето. Попладне во договорено време заминување за Кавала. Слободно време за разглед и прошетка низ Кавала.Во договореното време враќање во хотел.Ноќевање.

2 ден 24/05/24 ПАЛИО
Појадок. После појадокот слободно време за целодневно капење на сопствената плажа на хотелот.Ноќевање.

3 ден 25/05/24 ПАЛИО
Појадок. После појадокот слободно време за целодневно капење на сопствената плажа на хотелот.Ноќевање.

4 ден 26/05/24 ПАЛИО – КЕРАМОТИ – ТАСОС – КАВАДАРЦИ – БИТОЛА/СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот.Предвидена е целодневна факултативна посета наостровот Тасос. Во договореното време поаѓање со автобус до пристаништето Керамоти. Качување на фериброд и поаѓање за Тасос. Се патува околу 40 минути, пристигнување на пристаништето во Лименас главниот град на островот Тасос. Слободно време за разглед и прошетка низ Лименас. Попладне заминување на групата за Македонија. Доколку нема доволен број за факултативата после одјавување од хотелот поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот: 169 € ( 10.478,00 денари )

Во цената на аранжманот вклучени се следните услуги:
Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
Сместување во Хотел “Порто Палио 3*“ на база 3 ноќевања со појадок
Лиценциран Придружник од агенцијата

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
Туристичка такса за престој ( се плаќа во агенцијата ) 1,5 € за 1 ноќевање
Целодневна факултативна посета на островот Тасос 20 € по лице
Патничко и здравствено осигурување
Се друго што не е споменато во аранжманот

СЛИКИ:

НАПОМЕНА: За ова патување потребен е минимум од 35 патници. Доколку нема доволен број на патници агенцијата има право во рок од 5 дена пред поаѓање да го откаже аранжманот, парите ќе им бидат во целост вратени на клиентите. За ова патување важат Општите услови за патување

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ