8ми Декември – Истанбул (3 ноќи)

8ми Декември – Истанбул (3 ноќи)

ПРОГРАМА:

5 дена / 3 ноќевања со појадок / автобуски превоз

1 ДЕН (04.12.2020 – петок) БИТОЛА : 

Состанок на групата на Градската автобуска станица во 14.00 часот. Поаѓање за Турција во 14.30 часот…патот води преку Прилеп, Велес, Скопје, Куманово, Крива Паланка, Р.Бугарија…денско и ноќно патување, со кратки попатни паузи.

2 ДЕН (05.12.2020 – сабота) ИСТАНБУЛ : 

Пристигање во утринските часови. Краток одмор – авантурата започнува со пешачката тура (со локален водич)…месноста Бајазит и Капели чаршијата, се спуштаме кон месноста Султанахмет, прошетка низ Хиподромот – место кое во Византиско време бил центар на општествено-политичкиот живот на Константинопол…Сината Џамија – најпозната и најголема џамија во Истанбул, прва изградена со 6 минариња и во чест на султанот Ахмет I. Нејзиното име доаѓа од прекрасниот мозаик на сини и зелени порцелански плочки, со кои е украсена нејзината внатрешност. Аја Софија – симболот на Христијанството, ремек-делото на Византиската архитектура, црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост…на крајот, оваа прошетка завршува со посета на Топ Капи палатата, живеалиштето на Султаните, објект кој се простира на преку 700.000 м2…тие патници кои што ќе влезат во внатрешноста на ова величенствено здание, ќе бидат воодушевени од ризницата на султаните, нивниот харем, прекрасно уредени градини, како и од самата резиденција на султанот. Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта – можност за факултативна посета на најкосмополитската улица Истикбал и плоштад во Истанбул – ТАКСИМ…враќање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН (06.12.2020 – недела) ИСТАНБУЛ : 

Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот или Ви нудиме неповторливо доживување – панорамски разглед на овој мегалополис…Европскиот и Азискиот Истанбул со стручен водич : Аксарај, булеварот Аднан Мендерс, Валенсовиот Аквадукт, мостот Кемал Ататурк, Златниот рог, мостот Галата…следува незаборавното 90-минутно крстарење со брод по Босфор, каде од една поинаква перспектива ќе го доживеете Истанбул…уникатна можност да уживате во спојот на минатото и сегашноста, во погледот кон Долмахче Палатата, безбројни модерни раскошни хотели и приватни куќи, каде се снимани повеќето сцени од најпознатите Турски серии и филмови…Се на СЕ – едно прекрасно доживување без кое посетата на Истанбул е некомплетна. Преку еден од мостовите кои „висат“ над теснецот преминуваме во Азија, се до месноста Ускудар и Моминската или уште позната и како Кулата од Леандрос – изградена на едно мало островче кое е во склопот на Ускудар…слободно време за освежување со кафе, чај во ресторанот кој се наоѓа во самата кула, сето тоа со прекрасен поглед на Босфор и на некогашната Византиска и Османлиска престолнина…во попладневните часови – следува посета на EMАAR SQUARE MALL…овој е еден од најновите Трговски Центри во Истанбул, кој дневно го посетуваат околу 60.000 посетители, претставува едно инзвонредно искуство за сите вљубеници на шопингот и гастрономијата…овде ќе најдете трговски брендови кои не се сретнуваат секаде, а исто така во склопот на овој трговски центар има мноштво на ресторани и fast-food, каде ќе можете да се релаксирате и освежите, а можете да го посетите и Аквариумот кој е во склопот на трговскиот центар…Повеќе од 20.000 водни суштества од различни точки на светот се наоѓаат во трговскиот центар EMАAR SQUARE. Аквариумот и подводната зоолошка градина EMАAR им нудат на посетителите уникатни искуства и незаборавни спомени додека ги откриваат чудата на морето…мноштво морски суштества и водоземци, вклучувајќи ги најголемите на светот, блескави убавини, чудни и отровни видови од големите џунгли до длабочините на океаните, ги пречекуваат посетителите во една восхитувачка атмосфера…продолжуваме за WATERGARDEN…овде ќе искусите сосема нов вкус на живот. Целиот трговски центар е структуриран околу величествениот шоу-базен. Ексклузивна кореографија на заслепувачко шоу од вода, светло, ласери, музика и оган, ресторани и кафулиња, продавници за облека, јувелирници, носталгична улица полна со улични вкусови, кино, театар и концертни простори, паркови за игри и авантури со природна глетка…СЕ ова и многу повеќе  се наоѓа во срцето на Аташехир, во WATERGARDEN Истанбул. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.4 ДЕН (07.12.2020 – понеделник) ИСТАНБУЛ : Појадок. Следува посета на една од најпопуларните викенд-дестинации или само дестинација за бегство од градската гужва на граѓаните од Истанбул – ПРИНЦЕСКИТЕ ОСТРОВИ…истите претставуваат Архипелаг од девет острови лоцирани на крајниот северо-исток на Мраморното Море, недалеку од Истанбул (неколку километри). Тие биле позната туристичка дестинација уште во Византиската ера, кога честопати биле користени за испраќање во прогон на претенденти на царскиот трон, по што го добиле своето име. Денес тие претставуваат една од туристичките атракции на овој мегалополис, која се поврзани со трајни фериботски линии кои функционираат во рамките на градскиот превоз во Истанбул. Употребата на моторни возила е забранета на островите, а основен вид на превоз се кочии со коњи. Меѓу важните објекти на нив има неколку православни манастири, академијата на Турската морнарица и денес затвореното Грчко православно училиште…се посетува најголемиот остров во овој архипелаг – Buyuk Ada. Околу пладне – враќање во Истанбул – заминување во посета на ВСЕЛЕНСКАТА (Цариградската) Патријаршија, за многумина – „мајка“ на сите православни цркви во светот…седиштето на Патријаршијата е во црквата Св.Ѓорги (19.век), сместена во некогаш Грчки кварт наречен Фанар, обиколена со високи зидови и бодликава жица (поради Турските напади, дел од зградата до ден-денес има видливи траги од подметнатиот пожар). Моментално – Цариградски Патријарх е Вартоломеј I…враќање во хотел во пладневните часови. Слободно време за одмор или индивидуален разглед на градот. Вечерта – посета на Кумкапи, кварт добро познат по рибјите ресторани и нивните специјалитети…Ноќевање.

5 ДЕН (08.12.2020 – вторник) ИСТАНБУЛ : 

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Следува посета на „Турскиот Версај“ – Долмабахче Палатата преставува првата историска палата во Османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19. и 20. век, претходна некогаш и главна (во 16. и 17. век) Отоманска империја. Продолжуваме кон Т.Ц. OUTLET 212 – можност за шопинг во еден од најголемите трговски центри во Истанбул. Планирано поаѓање за Македонија околу 17.00 часот по локално време. Пристигнување во Битола во утринските часови – наредниот ден.

ЦЕНА:

 6.140,00 ден. (99 €) – за УПЛАТИ до 07.11.2020  ПО ЛИЦЕ

 6.760,00 ден. (109 €) – РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ

Цената вклучува:

  •  Автобуски превоз на горенаведената релација,
  • 3 НП во хотел со 3*,
  • Разглед на Историскиот дел на Истанбул (пешачка тура – 2.ДЕН) со локален водич,
  • Посета на ТЦ „OUTLET 212“, пратител на група, организација и реализација на патувањето. 
  • Трансфери на патници од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово.

Цената НЕ вклучува:

  • 2.ДЕН – ФАКУЛТАТИВА : ТОП КАПИ Палатата (влезница+локален водич – минимум 30 патници)+ноќна посета на ТАКСИМ и ИСТИКБАЛ – 25 € по лице
  • 3.ДЕН – ФАКУЛТАТИВА : Панорамскиот разглед на Европскиот и Азискиот Истанбул+Крстарење со брод по Босфор; посета на Моминската кула/Ускудар+посета на EMAAR SQUARE MALL+посета на WATERGARDEN – 35 € по лице (автобус+локален водич-минимум 30 патници);
  • 4.ДЕН – ФАКУЛТАТИВА : ПРИНЦЕСКИТЕ ОСТРОВИ + ЦАРИГРАДСКА ПАТРИЈАРШИЈА – 15 € по лице (автобус+траект+локален водич);
  • 5.ДЕН – ФАКУЛТАТИВА : ДОЛМАБАХЧЕ Палатата – 25 € по лице (автобус+влезница+локален водич);
  • Индивидуални трошоци

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВАТА :

  • ТОП КАПИ ПАЛАТАТА –Сарајот Топкапи е една од најголемите градби во срцето на Истанбул. Оваа исклучително важна палата била седиште на Отоманската империја повеќе од 4 века, а денес претставува еден од најпосетените музеи во „Главниот град на светот“. Палатата Топкапи се наоѓа помеѓу Мраморно Море и Златниот Рог, недалеку од Света Софија. Овој објект бил седиште на Османлиските султани и административен центар на Отоманската империја во периодот од 1456 до 1853 година, кога султанот Абдул Меџид решил да го подигне Долмабахче Сарај и таму да го пресели целиот државен апарат.
  • ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТАТА –Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини. Грандиозноста е нешто што секогаш ќе ги привлекува посетителите што сакаат барем за миг да ѕирнат во минатото и да го почувствуваат амбиентот во кој живееле отоманските благородници. Палатата, исто така, е дом и на најголемиот лустер од бохемиски кристали во светот, со 750 светилки и тежина од 4,5 тони, кој бил подарок од британската кралица Викторија. Покрај овој лустер, во палатата може да се најде и најголемата колекција на слични лустери. Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.
  • КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР –Претставува неизбежен дел во посетата на Истанбул. Во 90 минутното крстарење, ќе уживаме во погледот кон минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… незаборавно доживување, без кое престојот во Истанбул не е комплетен…

ОПИС:

Ако досега не сте имале прилика да го посетите овој спектакуларен град, сега е идеално време да уживате на Босфорот и сите убавини кои ги нуди оваа светска метропола.

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста… мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул… кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ… Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со бројот на резервација со пријавувањето на патниците со авансната уплата. Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€ по лице (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
  • ВАЖНО: Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ (Бугарија) или Турција.
  • Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да важи минимум 6 месеци од денот на враќање, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
  • ВАЖНА НАПОМЕНА: Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување не е потребно PCR тест. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  •  

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ