8ми Декември – Лутра Едипсос – Евиа

ЛУТРА ЕДИПСОС – ЕВИА
8 – ми Декември

Едипсос, или како што се нарекува Лутра Едипсос, е најпознатата и најстара бања во Грција, и се карактеризира со комбинација на термални води и море. Во прилог е фактот дека една од најстарите бањи ќе биде спомената во делата на познатиот грчки филозоф Аристотел. Римските императори Адријан, Септимус Севера и Маркус Аурелиус ја примија во Римската империја. Од тоа време на римските бањи е позната како Сила. Бањата ја наруши византискиот император Теодосиј како објект за собирање на незнабожците. Денес, градот има околу десет илјади жители, 198 хотели, од кои 18 се со спа објекти.

Едипсос е еден од најпознатите летувалишта во Грција, кој е познат по своите термални извори, кои се влеваат директно во морето со температура од 34-70 степени. Едипсос е лежерно развиена туристичка дестинација, нудејќи добро сместување, како и мноштво кафулиња, ресторани и други туристички објекти. Фактот што градот живее и лета и во зима го прави идиличен за посетителите во текот на целата сезона.

2 ноќи/3 дена/ бус+брод

ПРОГРАМА

1.Ден 08.12.2019 (сабота) БИТОЛА – ЕВИА

Тргнување од Битола во 01:00 часот од на главна автобуска станица. (Можност за организиран трансфер од други градови со доплата) Патување кон Грција со кратки попатни застанувања за одмор. Во утринските часови пристигнување во местото Глифа. Качување на траект. Возењето трае 30 минути. Симнување во местото Agiokampos. Продолжување на патувањето за Едипсос. Сместување на групата во хотел. Запознавање со местото. Слободно време. Ноќевање 1

2.Ден 09.12.2019 (недела) ЕВИА – Разглед на островот – Едипсос, Св.Давид, Св.Јован Руски

Појадок. Факултативно (10 Еур) организирана посета на Манастирите Св. Давид, кој е четврти по значење на манастирите во цела Грција, после манастирите на Света Гора, Метеорите како и манастирот Свети Јован Руски. Преподобниот Давид го основал манастирот во 16 век, кој сега го носи неговото име, на рушевините на претходната црква која ја уништиле турците после напуштањето на Евиа. Свети Давид, заштитникот на островот Евиа, познат е по своите исцелителски и пророчки способности. Го оставил зад себе манастирот чија црква е посветена на Преображенито, која секојдневно прима голем број на верници од цела Европа. Враќање во Едипсос. Oрганизирана Грчка вечер со храна, пијалок и музика( факултативно 10Еур) Ноќевање 2.

3.ден 10.12.2019 (понеделни) ЕДИПСОС – Битола

Појадок. Слободно претпладне. Можност за користење на хотелскиот базен или плажите со минерална вода во морето. Напуштање на хотелот. Преку Agiokampos, со траект до Глифа. Попатна посета на клисурата Темби како и црквата Св.Петка. Во вечерните часови пристигнување во Битола. Трансфер до останати градови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 89 € (5,518 ден.)

Цената на аранжманот опфаќа:

  • Превоз со современ туристички автобус;
  • Сместување во Хотел Ирини 3*(базен, џакузи, сауна , во двокреветни и трокреветни соби, на база две ноќевања со појадок)
  • Превоз со траект на релација Глифа – Агиокампос
  • Услугите на придружниците на групата и претставниците на агенцијата за време на престојот;
  • Трошоци за организација на патувањето.

Цената на аранжманот не опфаќа:

  • Останати ненапоменати услуги
  • Свечена вечера 10 Еур
  • Повратен трансфер од останати градови 10 Еур
  • Патничко осигурување

Доплата:

  • Доплата за 1/1 соба е 50% од цената на аранжманот
  • Деца од 2 – 12 години плаќаат 50% од цената на аранжманот
  • Доплата за трансфер од останати градови 10 Еур повратно.

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници;
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ