КИПАР 07/03-10/03/2026
авион/автобус/3 ноќевања/ 3 екскурзии
Ларнака/Лимасол/Никозија/Пафос/Омодос
Островски бисер на Средоземното море со стотици километри прекрасно крајбрежје. Тоа е Кипар! Остров кој локалците го нарекуваат Афродита, бидејќи според легендата, Кипар бил дом на грчката божица на љубовта Низ. Во текот на својата историја, овој остров бил освојуван од Грци, Римјани, Персијци, Египјани, Византијци и крстоносци, секој зад себе оставајќи свој белег го претвориле Кипар во тоа што е денес. Благодарејќи на богатата историја, Кипар денес има развиен туризам привлекувајќи туристи од целиот свет. Топла медитеранска клима, одлични хотели, прекрасно крајбрежје, вкусна храна и квалитетно вино, ноќен живот на високо нив. Тоа е само дел од листата која го прави Кипар дестинација која задолжително треба да биде на Вашата листа!
ПРОГРАМА
07.03.2026 (сабота) Битола- Скопје – Ларнака
Состанок на групата со организиран трансфер во 15.00 часот на Спортска сала во Битола. Пристигнување во Скопје и состанок на групата на аеродром Скопје во 18.00 часот и чекирање на лет Wizzair. Полетување во 20,15 часот. Пристигнување на аеродромот во Ларнака во 23.25 часот. Краток инфо состанок и сместување во хотел. Ноќевање1.
08.03.2026 (недела) Ларнака -Никозија
Појадок. Слободно време за истражување на градот или пак организирана факултативна екскурзија (70 Еур) на главниот град на Кипар – Никозија. Град поделен на два дела и две временки зони, граница и пасошка контрола. Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред е посебно искуство. Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е наречен Laiki Getonia , исполнет со голем број на продавници, кафичи, атељеа и тесни улички. Посета на Кипарскиот Археолошки музеј кој поседува голема колекција на предмети од преку 9000 годишна историја на островот. Голем број од старите куќи се рестарвирани, а во рамките на стариот град се наоѓа Етнографскиот музеј, Катедралата на Св Јован, големата палата на Архиепископот Макариос III првиот и доживотен претседател на републиката, како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во сопственост на Кипарската православна цркава. Слободно време за ручек. По ручекот се заминува према зелената линија и познатиот зид кој го дели Кипар на Грчки и Турски дел. Враќање во хотел во Ларнака. Слободна вечер со можност за посета на ноќен клуб. Ноќевање2.
09.03.2026 (понеделник) Ларнака-Коурион-Лимасол -Омодос-Пафос
Појадок. По појадокот можност за факултативна (80 Еур) екскурзија со посета на стариот град Лимасол. Лимасол е втор град по големина на Кипар (после Никозија) и најпопуларно летувалиште на островот на Афродита после Аја Напа. Лимасол е голем туристички центар, со долги шеталишта во центарот на градот, до самото море. На брегот од лева и десна страна се нижат безброј хотели и туристички населби. Овде сте во можност да уживате во долгите плажи, прекрасните хотели и секако и во стариот дел на градот каде можете да ги видите локалците како играат табла и пијат кафе во текот на целиот ден. Градот ви нуди голем избор на продавници од секаков тип кој ќе ги задоволи дури и оние најпребирливите. потоа ќе продолжиме да посетиме прекрасно село сместено во областа Лемесос (Лимасол). Ќе го посетиме и убавото село Омодос каде се произведува вино, кое се наоѓа на надморска височина од 800 метри на планинскиот венец Тродос, во прекрасната област „Красохорија“, на само 42 километри од градот Лемесос. Омодос е едно од најтрадиционалните и најшармантните села на островот. Селото постои од периодот на Франките и е означено како „Хомодос“ и „Хомоклос“ на старите карти, а неговото име потекнува од грчкиот збор за улица – „одос“. Познат по виното, позитивната енергија, рачно изработените тесно плетени врвки и лебот „аркатена“, неговата чудна околина е совршена за агротуризам. И покрај неговата скромна големина, Омодос има многу интересни глетки. Сместени во непосредна близина еден до друг се калдрманиот плоштад, старите камени куќи, локалните винарии, средновековната преса за вино и манастирот Тимиос Ставрос (Светиот крст), со старите икони и импресивни резби. Ќе видиме и музеј посветен на НОБ, како и центар за зачувување на тесно плетените врвки и Музеј на икони. Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање3.
10.03.2026 (вторник) Ларнака разглед-Скопје-Битола
Појадок. Заминување во 12.00 часот за разглед (вклучен во цена) на еден од најстарите градови на светот, град со испреплетени години историја, култура и уметност, во кој се измешале повеќе цивилизации како Персиjци, Грци, Египќани, Византици, Отоманци, Турци и Британци. Град со посебен шарм и поволна блага клима. Разглед на градот Стар Китон (Ларнака), Паркот на камилите, Неолитски споменик- “Choirokoitia“, Големата џамија-Кебир, Султан Теке, Солено Езеро, Црквата Аг.Лазарос, Археолошки музеј Пиеридес, Плажа Финикудес, Манастир Ставровуни. Трансфер до аеродромот во Ларнака во 15,00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување од Ларнака во 18,15 часот. Пристигнување во Скопје во 19.40 часот. Организирани трансфери по градови.
Цена на аранжманот: 399 Еур/24 738ден
Цена за уплата до 31/12/2025: 371 Еур/23 000ден
Деца: 2-12 години со двајца возрасни 329 Еур.
Доплата за еднокреветна соба 89 Еур.
Во цената се вклучени следниве услуги:
- Авиокарта Скопје-Ларнака РТ со вклучен рачен багаж (30х40х20- 8кг)
- 3 ноќевања со појадок во хотел Frangiorgio 3* во Ларнака https://frangiorgiohotel.com/
- Организиран разглед на градот Ларнака со водич
- Организација и водство на патувањето
Во цената не се вклучени следниве услуги:
- Автобуски превоз Битола, Охрид, Струга, Ресен, Прилеп, Кавадарци- аеродром Скопје РТ 15 Eур по лице.
- Факултативен излет Коурион-Лимасол-Омодос-Пафос (80 Еур -вклучени влезници)
- Факултативен излет Никозија (70 Еур-вклучени влезници)
- Вечера во национален ресторан (40 Еур-вклучен пијалок)
- Багаж 10кг (55 x 40 x 23 cm)– информација во агенција
- Туристичка такса 3€ по соба од ден, напалата на рецепција во хотел
- Влезници за посета на локалитетите надвор од програмата
- Патничко и здравствено осигурување 150 мкд
- Доплата за повратен трансфер во МК: Скопје, Велес, Прилеп, Охрид, Ресен, Струга и Кавадарци, Штип 15 Еур/лице
НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 20 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Важат Општите услови за патување на СКТМ и ТА Ариес.
НАПОМЕНИ:
- ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
- Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
Општи напомени за патување: - Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Задолжително пријавување за факултативните излети во агенција !!
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
- Резервација се проследува со минимум уплата од 30% како и копија од валидна патна исправа со важност од минимум 6 месеци од датумот на враќање;
- Целосна доплата до 15 дена пред почеток на аранажманот;
- Цените на аранжманот се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
- За реализација на аранжманот се потребни минимум од 25 пријавени лица;
- За ова патување потребно е да поседувате патна исправа со валидност од минимум 6 месеци од датумот на враќање во Македонија;
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелското сместување;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот, најдоцна 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
- Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.