You are currently viewing 8ми Март 2022 – Будва, Острошки Манастир и Бар (Котор и Тиват)
Sea view to the Old Town of Budva in Montenegro

Програма на патување:

10.03.2022 – Организиран превоз од повеќе градови. Планирно поаѓање во 23:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

11.03.2022 – Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, прво место за посета е Острошки Манастир, изграден на карпи на 900 мнв. во 17 век, каде чудата не престануваат. Околу 2 часа ке се задржиме во Острог па потоа продолжуваме према Будва. Сместување во апартмани. Во договорено време со водичот се посетува стариот град во Будва. Вечерта организирана осмомартовска прослава во ресторан со жива музика. Ноќевање.

12.03.2022 –Во предпладневните часови постои можност да ги посетите градовите КОТОР и ТИВАТ. Се упатуваме према Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Околу 2 сати ќе бидеме во Котор па во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват место каде што ужива и одмара светскио џет-сет. После разгледите и прошетките состанок со групата и враќање во Будва.

13.03.2022 – Одјавување од апартманите во 09 часот. Поаѓање према Бар, попатно застанување на видиковец кај Св.Стефан. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути. Во Бар ќе имаме 2 часа слободни за индивидуални прошетки, кафе. Во договорено време поаѓање према Македонија. Пристигнување во вечерните  часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 69 €

Во цената е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • 2 ноќевања во вили во Будва
  • Посета на Острошки манастир
  • Посета на Бар
  • Организација и водство на патувањето
  • Лиценциран пратител на групата за време на целото патување

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Котор и Тиват– 20 € (вклучен превоз со автобус)
  • Туристичка такса 1 € во Острог, искачување во манастирот со локално комбе 1€ во правец
  • Организирана вечера во ресторан со жива музика (предјадење, главно јадење, салата, десерт) -25€
  • Задолжителна туристичка такса 1 € по ден

Напомена:

  • За реализација на овој аранжман, потребен еминимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина и брз антиген тест
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ