You are currently viewing 8ми Март 2022 – Златибор – Сигурна Реализација

ЗЛАТИБОР (Со посета на Сирогојно, Дрвенград, Вишеград и Врњачка Бања)

Програма за патувањето:

Прв ден: 10.03.2022 (Четврток) Состанок на групата во 21:00 часот во Кавадарци, 22:30 во Скопје и 23:00 часот во Куманово и тргнување кон Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмор.

Втор ден: 11.03.2022 (Петок) Пристигнување во Златибор во утринските часови. Сместување во Вила Софија (https://www.vilasofija.com/) или во ТРК (Туристичко Рекреативен Комплекс https://trkzlatibor.rs/ ) кои се наоѓаат во центарот на Златибор. Краток одмор од патувањето, со можност за прошетка низ градот. Околу пладне заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено "Старо село" кој претставува група традиционални Златиборски куќи собрани на едно место, како и на специјалната продавница за џемпери "Музеј Плетиља", по кои Сирогојно е познато низ светот. Враќање на групата и слободно време за индивидуални активности со прошетка низ центарот на Златибор. Ноќевање.

Трет ден: 12.03.2022 (Сабота) Појадок. Заминување на групата кон Вишеград (Босна и Херцеговина). Пристигање и разглед на градот со локален туристички водич: Мостот на Дрина, Андриќ град, ремек делото на познатиот филмски режисер Емир Кустурица кој го направил овој "град во град", посветен на познатиот писател Иво Андриќ. Слободно време за ручек и прошетка низ градот. Во пладневните часови враќање кон Златибор со попатна посета на Дрвенград, уште едно дело на Кустурица кој го направил овој град за потребите на својот филм "Животот е чудо". Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Во попладневните часови враќање во Златибор. Време за одмор. Организирана факултативна прослава и забава со вечера, жива музика и вклучени пијалоци. Ноќевање.

Четврти ден: 13.03.2022(недела) Појадок. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор со посета на пазарот за продажба на сувенири, како и добро познатата златиборска пршута и кајмак. Тргнување за Македонија. Попатна посета на Врњачка Бања и слободно време за прошетка по познатата Променада со можност за индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници во местото. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Цена на аранжманот по лице:
ТРК Златибор – 6.990 ден.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (пополнетост на автобус по протокол)
  • Две ноќевања со појадок во ТРК (Туристички Рекреативни Комплекс) – https://trkzlatibor.rs/
  • Посета на Врњачка Бања
  • Туристичка такса
  • Влезница во музејот во Сирогојно
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Дрвенград и Вишеград со локален туристички водич – 15 евра
  • Организирана забава со вечера, жива музика и вклучени пијалоци – 20 евра (пријавување во агенција во момент на резервацијата)
  • Задолжително патничко осигурување

Напомени:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • За еднокреветна соба се доплаќа 3.100 ден.
  • За сместување на 3-то лице во ТРК се одбива 690 ден.
  • За сместување на 4-то лице во ТРК се одбива 1.390 ден.
  • С-Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред тргнување.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и сл.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ