You are currently viewing 8ми Декември – Братислава, Будимпешта & Виена

8ми Декември – Братислава, Будимпешта & Виена

ТЕРМИН:

  • 08.12.2021-11.12.2021

ПРОГРАМА:

Прв ден – среда (08.12.2021) СКОПЈЕ-БУДИМПЕШТА

    Состанок со групата на Дрводекор во 18.00 часот, тргнување во 18:30 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Втор ден – четврток (09.12.2021) БУДИМПЕШТА-БРАТИСЛАВА

    Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Веднаш следува панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Главниот град на Унгарија е одличен пример за тоа како функционираат божиќните пазари во Централна Европа. Плоштадот Врасмарт, во срцето на градот, е домаќин на главниот божиќен пазар во Будимпешта со голем број дрвени тезги, каде мештаните ги продаваат своите традиционални производи. Ова значи многу одлична храна и интересни работи што треба да се видат и купат. Бројни концерти и други настани се одржуваат тука во ова време, а исто така има и многу работилници и програми за деца кои се потполно бесплатни. Слободно индивидуално време за прошетка. Потоа следува факултативно крстарење со брод на Дунав. Во договорено време, патувањето го продолжуваме кон Братислава. Сместување во хотел. Слободно индивидуално време. Ноќевање.

Трет ден – петок (10.12.2021) БРАТИСЛАВА-ВИЕНА-БРАТИСЛАВА

    Појадок. По појадокот, следува факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на Виена – булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Виена во ова време од годината се претвора во буквално магичен град, осветлен со преку два милиони сијалички. Божиќните маркети во престолнината на Австрија датираат од 13. век. Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Виена. Во попладневните часови враќање кон Братислава. Ноќевање.

Четврт ден – сабота (11.12.2021) БРАТИСЛАВА-СКОПЈЕ

    Појадок. Одјавување од хотел и поаѓање на разглед на Словачката престолнина Братислава. Разглед на старото градско јадро, средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт. Слободно време за индивидуална прошетка. Во договорено време поаѓање кон Македонија.

ЦЕНА:

109 ЕВРА ПО ЛИЦЕ!!!

Цената вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел во Братислава
  • Разглед на Будимпешта
  • Разглед на Братислава
  • Организација на патувањето и пратител
  • Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес и Куманово

Цената НЕ вклучува:

  • Крстарење по Дунав – 15 евра
  • Факултативна посета на Виена – 25 евра
  • Патничко осигурување 

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • За ова патување потребен е сертификат за вакцинација (признаени се сите вакцини)
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • За реализацијата на факултативата потребено е да се пријават минимум 20 патници

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ