You are currently viewing 8ми Декември – Грац, Салзбург & Загреб

8ми Декември – Грац, Салзбург & Загреб

ТЕРМИН:

  • 09.12.2021-12.12.2021

ПРОГРАМА:

01 ден 09.12.2021:  СКОПЈЕ – ГРАЦ: 

Состанок на групата на паркингот кај Борис Трајковски во 17.30 и поаѓање во 18.00 ч.  Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи.      

02 ден 10.12.2021: ГРАЦ: 

Посета на Шопинг центар Seiersberg, пред Грац. Слободно време за шопинг и појадок. Патувањето продолжува накај Грац. По пристигнувањето, сместување во хотел.(во зависност од слободните соби во утринските часови. Сместувањето е стандардно после 14.00 ч).Краток одмор и заминуваме на прошетка низ центарот на градот.  Ќе ги видиме најзначајните знаменитости во срцето на Грац, кое е градено повеќе од 1000 години-зградата на операта,фонтаната посветена на Штаерскиот принц, автентичниот и фасцинанантен дел на стариот град кој е под заштита на УНЕСКО…Слободен ден за индивидуални прошетки и посета на Божиќните пазари. Ноќевање

03  ден  11.12.2021:  ГРАЦ – САЛЗБУРГ:

Појадок. Слободен ден за посета на Божиќните пазари. Предлагаме факултативен целодневен излет до Божиќниот пазар во Салзбург. Прекрасна можност да прошетате низ тесните улици на градот сместен под старата тврдина. Прошетка низ стариот дел : Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки.  Можност да влезете во градската Катедрала, родната куќа и музеј на Моцарт, пробате оригинални домашно направени Моцарт кугли….. Враќање во Грац во вечерните часови.     Ноќевање.

04  ден12.12.2021: ГРАЦ – ЗАГРЕБ :  

Појадок. Поаѓаме кон Скопје со попатна посета на Божиќниот пазар во Загреб, кој неколку години по ред  е прогласуван за најдобар,  а градот Загреб ја носи титулата – најдобра дестинација за Божиќните празници во Европа. Во попладневните часови поаѓање кон Македонија.Пристигнување во полноќните часови или раните утрински часови наредниот ден.

ЦЕНА:

135€ ПО ЛИЦЕ!!!

Цената вклучува:

  • Лиценциран, искусен туристички придружник на патувањето.
  • Посета на Божиќен пазар во Загре
  • 2 Ноќевања со појадок во Грац, хотел со 3*
  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација.

Цената НЕ вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Целодневна посета на Салзбург – 45
  • Туристичка такса 2 €  по лице од ноќ. ( се плаќа во агенција, во денарска противредност )
  • КОВИД 19 ПРОТОКОЛ :  За ова патување потребно е да се биде вакциниран со 2 дози со ( Астра Зенека / Фајзер / Модерна/ Џонсон,Синофарм/Синовак )

Доплата и попусти:

  • Доплата за еднокреветна соба : 3000 ден.

ОПИС:

Грац, втор по големина град во Австрија, главен град на Штаерската област, еден од најубавите градови на Австрија и една од неговите скриени тајни. Погледот од саат кулата Uhrturmпоставен на јужниот грбен на брдото Шлосберг кон барокните куќи и палати, со покриви од теракотае величенствен. Порано тоа беше Саат кулата а беше и дел од велелепниот Замок срушен од страна на Наполеон… Сјајот на илјадници светла, 15 Божиќни пазари на отворено, сцената од Христово раѓање во природна големина направена од мраз, огромната Божиќна елка со 25.000 светилки поставена на стариот плоштад, се само дел од единствената атмосфера во Грац која ќе Ве маѓепса. Уникатно во Австрија, сите 15 Божиќни пазари се на пешачка дистанца и лесно достапни. Совршена дестинација за овој период од годината !!!

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Плаќањето на факултативните излети е кај водичот на групата, во Австрија
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.
  • Седењето во автобус е според датумот на уплатата.
  • Пасошот треба да биде со важност од мин. 6 месеци од завршување на аранжманот.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ