You are currently viewing 8ми Декември – Кападокија

8ми Декември – Кападокија

ТЕРМИН:

  • 07.12.2021-12.12.2021

ПРОГРАМА:

07.12.   Вторник – СКОПЈЕ – СОЛЕНО ЕЗЕРО, АНАДОЛИЈА

Состанок на групата на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски во 09:30 часот. Поаѓање во 10:00 часот. Се патува преку гр.премин Деве Баир, Бугарија (Софија, Пловдив), Истанбул, Анкара, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

08.12.   Среда – СОЛЕНО ЕЗЕРО (TUZ GOLU) – ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА

Патуваме  кон Кападокија со пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот… долго 100 км, широко 50 км, длабоко 50 см, ( во зимскиот период  достигнува длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите на сол во Турција се црпат токму од ова езеро…

По одморот продолжуваме кон Ѓореме, Кападокија. Пристигнување во попладневните часови.

Во зависност од слободното време, Ве водиме на разглед на Ѓореме: Општината, Римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Тepe (влезница 3 ТЛ), првите „самовилини оџаци„, улиците со сувенири и ресторани. Нашиот водич ќе ве упати каде да го испиете првото турско кафе со панорамски поглед на Ѓореме. Вечера.  Ноќевање.

09.12   Четврток  – ЃОРЕМЕ, ЛЕТ СО БАЛОН – МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА – “ATV SUNSET TOUR” – ТУРСКА ВЕЧЕР

Рано наутро пред магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа магична авантура  никогаш нема да ја заборавите… уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако… магичното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига до 1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот. Враќање во хотел.

Секако и тие што нема да летаат, ќе имат можност за возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните. (Во договор со групата)

*Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла).

Појадок.  Слободно предпладне или препорачуваме полудневно возбудување:

 МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА: Во водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и запознавање со првите приказни за Кападокија.

*Почнуваме со посета на Долината на „Трите Убавици„ каде ќе ја слушнеме тажна легенда за нив. *Потоа одиме кон Ургуп, најголемото место во Кападокија со траги од стари Грчки и Римски куќи, траги од Селџуците.

*Посета на Мустафапаша, некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото.  Место каде живее веќе трета генерација на жители кои се дојдени од Османлиска Егејска  Македонија 1923/4 г. но сеуште го говорат автентичниот стар Македонски јазик со познатиот дијалект од Егејска Македонија. Со задоволство ќе Ви покажеме CAVE  хотел, сопственост на Госпоѓа Суреја, која зборува Македонски јазик со Егејски дијалект. Време е да се напиеме право турско кафе или турски чај кај Суреја.

Ќе ја видиме и црквата Константин и Елени, во центарот на Мустафапаша.

*Посета на   фамилијарна работилница и продавница за слатки и сушени овошни плодови.

*За крај Ве водиме во Ортахисар – “средишна тврдина” во превод, или како жителите ја нарекуваат “Највисокиот Самовилин оџак во Кападокија. Висок 90 м. И служел како засолниште од напади за време на Византиското владеење. Типично старо Кападокиско место, со вклесани куќи во вулканските карпи. Ве водиме на тераса од која ќе имате пркрасен поглед на Ортахисар. Место каде се снимаат автентични ТВ серии. Ручек во локален ресторан.  Враќање во хотел. Слободно време за индивидуална прошетка низ Ѓореме.  

Во попладневните часови, ново возбудување

 МАГИЧЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО: Препорачуваме 2 можности:

– “ATV SUNSET TOUR”: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Незаборавна авантура.  (Дозвола не е потребна) или….

– “BUS SUNSET TOUR”:  Посета на Долина на Љубовта долина каде што тајно се среќавале вљубените парови. Место каде што Вашите желби се исполнуваат. Потоа поминуваме покрај старото место Невшехир и го гледаме најубавиот залез на сонцето од Црвената Долина.

Враќање во хотел.

ТУРСКА ВЕЧЕР: Во вечерните часови  ве водиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц,  во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија како од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна  вечера по ваш избор и неограничена дегустација на локално вино, турска ракија, водка, пиво, сокови. Враќање во хотел.

Вечера *.Ноќевање.

10.12  Петок  – ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА

 Појадок. Денот е предвиден за 2 возбудливи доживувања:

МАГИЧНА КАПАДОКИЈА:

Почнуваме со панорамски поглед кон замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме…

Долината на гулабите – Поглед на долина која е големо живеалиште на гулабите.

Ве водиме во фабрика за накит (производство на сребро излато) и накит од прочуениот камен Султанит. Единствена можност да купите реплика (сребрена или златна) на прстен кој што Султан Сулејман Величанствениот го направил за Хурем Султан.

Потоа Ве водиме во подземниот град  Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени 4 ката под земјата, поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км….

Ручек во локален ресторан. Возбудувањата продолжуваат со посета на Долината на ружите и Црвената долина.

Долина на Ружите и Црвена долина: Овие две долини настанале поради ерозијата на планината Боздаг. Можете да одите по нив низ прекрасна патека, каде што ќе најдете 12 цркви, од кои некои навистина вреди да се посетат. Магична прошетка низ долините и под“самовилините оџаци”со посета на најубавите цркви од минатото:

Црквата на крстот (турски, Хаџли Клисе) во Црвената долина е пештерска црква со прекрасен камен крст на таванот и целосно насликана апсида. Со неверојатна сцена од апсида, монументален релјеф на таванот и прекрасен поглед на Црвената долина, Црквата на крстот е една од најдобрите цркви во Кападокија што треба да се посетат.

Архитектурата на Црквата Крст е богата со теолошко значење. Спектакуларна фреска со Исус Пантократор во апсидата и огромниот крст врежан во таванот се смета дека датираат од 7в. Локацијата на крстот над главата укажува на суверената моќ на Бога што го штити својот народ одозгора. Апсидната слика (Христос во слава) ја носи истата теолошка порака – Исус на својот престол владее со светот и го благословува својот народ. Исус седи на својот небесен престол како владетел на светот, опкружен со ангели и светци кои го фалат. Архангелите Михаил и Габриел стојат однадвор. Во империјална облека, тие се појавуваат како војници на должност. Нивните надворешни раце држат стап со зборовите „СВЕТО, СВЕТО, СВЕТО“, постојана песна на ангелите на небото.

Црквата со столбови (турски Колонлу клисе).Скриен во издолжениот карпест гребен, преполн со гулабници, името го добива по своите високи столбови, сигурно некои од највисоките во цела Кападокија. Единствените слики на sидовите се мали геометриски модели во окер. Примамливо е да се претпостави дека датира од 10 век.

ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите пропратен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата.

Доживејте ја магијата на единствената мистична изведба на Дервишите. ВечераНоќевање.

11.12  Сабота – ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:  “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”

Појадок. Го оставаме багажот во автобус и Ве водиме во Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со посета на “Ѓореме музејот на отворено”– огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита на УНЕСКОод 1984 год.

Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде посетуваме традиционална работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир. Ручек во локален ресторан.

После ручекот следат посети и разгледувања на најубавите долини:

Дервент – долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туф, наречени “Волшебни Самовилини оџаци”.

Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г.

Пашаба – или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„.  Дури и Полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најсликано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„.

Полни со впечатоци, во попладневните часови поаѓаме кон Македонија, со попатна посета на трговскиот центар Форум во Невшехир.

Патувањето води покрај Истанбул, Едрене, гр. Премин Капикуле, Софија со попатни паузи.

12.12 Недела – СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните/вечерните часови.

ЦЕНА:

179€ ПО ЛИЦЕ!!! 

Цената вклучува:

  • 3 Ноќевања со појадок (шведска маса) во Хотел ТУРИСТ 4* во Ѓореме или Хотел ДИНЛЕР 5* во Урѓуп.
  • Посета на соленото езеро Туз Ѓолу,
  • Прошетка низ Гореме,
  • Посета на трговски центар Форум во Невшехир
  • Организација на патувањето
  • Лиценциран, искусен туристички придружник на патувањето
  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација

Цената НЕ вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Доплата за 3 полупансиони (вечера) во хотел, по лице : (20€), (пред резервација и плаќање во агенција)
  • “Магична Кападокија”, вклучен ручек, влезници,превоз, локален водич: (45€),
  • “Срцето на Кападокија”, вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич: (45€),
  • “Мистична Кападокија”, вклучен ручек, превоз, локален водич : (25€),

ПАКЕТ ИЗЛЕТИ со попуст: “МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА”

“Магична Кападокија” + “Срцето на Кападокија” + “Мистична Кападокија” = 100 €

  • ATV SUNSET TOUR, трансфери, водич, 2 часа возење, кацига: (15€) по лице (плаќаат мин 2 лица)
  • Црвена Долинасо залез на сонцето, превоз, локален водич: (10€),
  • Турска вечерсо шоу програма, мезе и пијалок, превоз, локален водич: (30€),
  • Танц на дервишите: церемонија , превоз, локален водич: (25€),
  • Лет со балон– (од 100 €). Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација.*Цената може да претрпи промени.
  • Туристичка такса2 € по лице на ден. ( се плаќа во агенција, во денарска противредност )
  • ПЦР тестза влез во Турција доколку треба или ПЦР тест за враќање доколку треба.

Доплата и попусти:

  • Доплата за еднокреветна соба:  Хотел 4* или 5* 2900 ден.
  • Деца до 1.99 год.бесплатно во соба ,плаќа само превоз 60 еур/3720.
  • Дете од 2год.-11.99 плаќа минус 30 % од цената.

ОПИС:

КАПАДОКИЈА -престолнина на древните Хетити

Областа Кападокија, денес дел од Турција, а некогаш нераскинлив дел на Византија, се наоѓа во покраината Невшехир. Во прашање е површина од околу 80 квадратни километри, сместени во централен дел на Анадолија, меѓу градовите:Невшехир, Аванос и Ургуп, со центар во Ѓореме. Областа Кападокија е вклучена во листата на УНЕСКО за заштитени природни реткости.

ЃоремеСрцето на Кападокија – Ѓореме, е главно собиралиште на сите туристи од цел свет. Сместено во процеп помеѓу две платоа, преставува почетна точка на сите излети. Балоните полетуваат од тука, најубавиот залез и изгрев на сонцето е тука, сите тури почнуват и завршуваат од тука: АТВ КВАД сафари, јавање камили, пешачки тури, јавање коњи, турска сауна, масажа со лековита кал… Градче опколено во автентичен амбиент на Кападокија: со таканаречени самовилини оџаци, пештерски куќи кои се претворени во луксузни идилични хотели, многубројни ресторани, пабови, сувенирници. Место многу живо до касно во ноќта. Место каде се наоѓа најголемиот музеј на отворено со 30 цркви и капели со извонредни фрески 0д 9-11 век.. Најголем Монашки центар во период од 300-1200 год….со еден збор, наша најтопла препорака за сместување е во Ѓореме.

Аванос: Градче со 12000 жители, на северниот брег на надолгата турска река Kizilirmak, некогашна римска Venessa, денеска познат по прочуената грнчарија од црвена глина. Грчаријата тука се работела уште во времето на Хититите, чии дизајн и мотиви се уште се многу застапени. Грнчарските работилници се во стари, некогашни грчки куќи а работилниците се издлабени во меките стени. Градчето, типично мало Анодолско место, малку потсетува на амбиентот на Кападокија. Оддалечен 10 км од Гореме.

Ургуп: Некогашна Osiana, Agios Prokopios, e најисточно градче во централна Кападокија. За време на владеењето на Турците Селџуци, бил прогласен за центар на целиот регион. Во 1515 г. е дел од Османското царство и до 19 век имало 70 џамии, 5 цркви и 11 библиотеки. Денеска Ургуп е вински центар на Кападокија. Во центарот на местото, посебно во подножето на “Брдото на желбите”, сеуште може да се видат стари напуштени грчки куќи и остатоци од старите цркви во чија внатрешност се забележуваат и фрески. На брдото се наоѓа и Селџуцко гробје од 11 век.

Се верува дека тука е погребан големиот Селџуцки Султан Кејкубат.

Оддалечен 10 км од Гореме.Има 18.000 жители. Во центарот на градчето има мали ресторанчиња, сувенирници. Делува на типично мало Анадолско градче со амбиент на Кападокија.

Учхисар (Uchisar)- “Тврдина на високо”: Од далеку изгледа како да куќите висат една над друга, во подножјето на големата стена. Но штом се приближите, ќе видите големо градче со куќички покрај самиот пат кој кривуда околу литицата на големата стена. Некои од грчките куќи со релефна декорација,претворени се во мали хотели а другите се полусрушени нечии домови. Бајковитиот Учхисар личи на Вавилонска кула од древната Месопотамија во која живеел целиот човечки род, пред Господ да го прекине човечкото карање и им поделил различни јазици.

Учхисар е над Гореме, со околу 4.000 жители

Невшехир: Некогашen Neopolis I Muskara, брои околу 90.000 жители. Во околината на Невшехир се наоѓаат вулкански стени во кои имало некогаш живот.Прибежиште во ова пусто место било на оние кои што бегале од Римјаните. Еден период под Бизантиците, па Римјаните, Турците Селџуци,и од 15 век на Османлиското царство. Денешниот град го оснива Големиот Везир Damat Ibrahim Pasa, зет на Sultan Ahmed III. Градот се обновува со фонтани, медреси, хамам и добива ново име Nevsehir (нов град). Градот не е посебно туристички интересен а се користи за сместување на туристи кои доаѓаат во Кападокија, поради малиот број на сместувачки капацитети во околина а и пониската цена.

Оддалечен 15 км од Ѓореме.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на пaтувањето.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ