You are currently viewing 8ми Декември – Нови Сад & Белград

8ми Декември – Нови Сад & Белград

ТЕРМИН:

  • 10.12.2021-12.12.2021

ПРОГРАМА:

1 ден 10.12.2021 (петок) СКОПЈЕ – НОВИ САД

    • Состанок на групата во 00:15 часот на Дрводекор , поаѓање во 00:30 ч. за Нови Сад. Ноќно патување низ Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
    • По пристигнувањето следува организиран разглед на градот со придружба на локален водич. Ке ја посетиме Петроварадинската тврдина, таканаречена ГИБРАЛТАР НА ДУНАВ, чиј камен темелник бил поставен во 17тиот век а градењето траело цели 88 години. Ова ремек-дело на воената архитектура од кое се пружа преубав поглед на градот има бројни подземни тунели кои се протегаат на 120 хектари површина. Еден од симболите е саатот сместен на највисоката точка на тврдината, наменет за патниците кои што пловат низ Дунав.
    Во продолжение на разгледот ке го посетиме строгиот центар на Нови Сад, Дунавската улица, паркот, неоготската и римокатоличката катедрала, владичиниот двор, градската куќа и друго. Слободно време за индивидуална прошетка. Сместување во хотел. Вечерта можност за факултативна вечера со тамбураши. Ноќевање

2 ден 11.12.2021 (сабота) НОВИ САД – СУБОТИЦА – ПАЛИЧКО ЕЗЕРО – СОМБОР

    По појадокот се упатуваме кон Суботица, следува организиран разглед на градот со локален водич. Суботица е најсеверниот град во Србија и второ најголемо урбано население во Војводина. За разлика од другите градови во Европа во Суботица не доминира велелепната катедрала или импозантната црква туку Градската куќа, ремек дело на Унгарската сецесија изградено во 1912 година. На плоштадот се наоѓа барокната катедрала а веднаш до неа е споменикот на жртвите на фашизмот- најголемиот споменик во Суботица. Следува возење околу познатото Паличко езеро кое заради својата геолошко-еколошка вредност е прогласено за заштитен природен парк. Паличкото езеро со своите термални води, песочни плажи и раскошната архитектура навистина пружа многу. Не е ни чудо што некогаш било монденска дестинација на богатата аристократија. Пристигнување во ВИНАРИЈАТА БОГДАН која е опремена со најсовремената француска технологија и го носи името на познатиот пеач од Суботица господинот Звонко Богдан. Обиколка ва винаријата со можност за винска проба. Потоа се упатуваме кон градот Сомбор – град со богата културна градина и раскошна историја со епитет на најзелен град во Европа. Разглед на градот, градската куќа, плоштадот на светото тројство, сончевиот саат и др. Сомбор го опкружуваат 18 салашки населенија. Предлагаме посета на едно селско домаќинство за да имаме прилика да уживаме во свечен бачки ручек за кој што лани имаат добиено награда на националниот саем за туризам. Ноќевање

4 ден 12.12.2021 (недела) НОВИ САД – БЕЛГРАД – СКОПЈЕ

    По појадокот се упатуваме кон Белград, пристигнување на студентскиот плоштад во Белград. Слободно време за прошетка и шопинг низ најпознатата улица Кнез Михајлова, посета на Калемегдан и можност да ручек еден од најпопуларните локали во срцето на Дорчол, во стариот дел на Белград. Во договорено време тргнување кон Македонија. Пристинување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА:

79 евра ПО ЛИЦЕ!!!

Цената вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во Hotel 3*  
  • Посета на Белград
  • Организација на патувањето и пратител

Цената НЕ вклучува:

  • Туристичка такса 1.20 евра по лице по ноќевање (се плаќа на рецепција)
  • Свечена вечера со тамбураши 15 евра
  • Факултативна посета на Суботица – Паличко езеро 25 евра
  • Патничко осигурувањe

ОПИС:

Нови Сад е вториот по големина град во Србија по Белград. Според најновиот попис од 2011 година, градот има урбано население од 277.522 жители, додека населението на општината е 341.625. Градот се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка гора. Уште од формирањето во 1694, Нови Сад е центар на српската култура и го добил името Српска Атина. Денес Нови Сад е голем индустриски и финансиски центар на српската економија, а исто така е еден од најголемите градежни локации во регионот.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • За ова патување потребен е сертификат за вакцинација или негативен антиген тест
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Се патува со лична карта или пасош
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • За реализацијата на факултативата потребено е да се пријават минимум 20 патници

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ