You are currently viewing 8ми Декември – Прага, Карлови Вари & Виена

8ми Декември – Прага, Карлови Вари & Виена

ТЕРМИН:

  • 08.12.2021-11.12.2021

ПРОГРАМА:

ДЕН 1: среда 08.12.2021 СКОПЈЕ-ПРАГА

    Состанок на групата во 11:30 часот на Дрводекор, поаѓање за Прага во 12:00 ч., преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

ДЕН 2: четврток 09.12.2021 ПРАГА

    • Пристигнување во Прага во претпладневните часови. Разглед на Стариот град со локален водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник- Орлој, Црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, Дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито…
    Сместување во хотел. Во вечерните часови индивидуална можност за прошетка низ центарот на Прага. Враќање во хотел. Ноќевање.

ДЕН 3: петок 10.12.2021 ПРАГА-КАРЛОВИ ВАРИ-ПРАГА

    Појадок. После појадокот факултативно заминување за Карлови Вари- најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија .. Град во кој ќе посакате да останете… .Враќање во хотел. Во вечерните часови факултативна можност за крстарење по реката Влтава, а потоа посета на најпознатата Прашка пивница. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

ДЕН 4: сабота 11.12.2021 ПРАГА-ВИЕНА-СКОПЈЕ

    • Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и поаѓање за Виена околу 10:00 часот. Попатна посета на шопиг центарот Знојмо. Панорамски разглед на градот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере. Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуална прошетка.Поаѓање за Скопје во вечерните часови.
    Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

ЦЕНА:

119 ЕВРА ПО ЛИЦЕ!!!

Цената вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Прага
  • Oрганизиран разглед на Виена
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
  • Организиран трансфер од Битола,Прилеп,Кавадарци,Неготино и Велес.

Цената НЕ вклучува:

  • Разглед на Прага со локален водич -10 евра
  • Факултативен излет на Карлови Вари -25 евра
  • Крстарење по реката Влтава -15 евра
  • Патничко осигурување 

ОПИС:

Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага, главната престолнина на Република Чешка, со сигурност ги заслужува. Сместена во срцето на Европа, плени со својата специфична архитектонска традиција, а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и научници од целиот свет. Како популарна туристичка дестинација, Прага со гордост го зазема шестото место на најпосетувани европски градови.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • За ова патување задолжителен е сертификат за вакцинација (примени две дози)
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ