8ми Декември – Сараево (2 ноќи)

8ми Декември – Сараево (2 ноќи)

ПРОГРАМА:

1 ДЕН (04.12.’20 – петок) : БИТОЛА 

Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 17.30 часот. Поаѓање за Босна и Херцеговина во 18.30 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац, Чачак…ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (05.12.’20 – сабота) : САРАЕВО 

Пристигнување во Сараево во утринските часови… панорамски разглед на градот со стручен водич…Баш Чаршија, Парламентот, Грбавица, изворот на реката Босна (Врело Босне), местото каде е извршен атентатот врз Франц Фердинанд, Олимписките борилишта…Сместување во хотел. Слободно време. Во вечерните часови – по желба, прошетка низ Баш Чаршија. Ноќевање.

3 ДЕН (06.12.’20 – недела) : САРАЕВО – КОЊИЦ – ЈАБЛАНИЦА – МОСТАР 

Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот, или Ви нудиме факултативен полудневен излет по долината на Неретва (со попатна посета на познатиот „ТУНЕЛ СПАСА“), посета на Коњиц и Титовиот бункер – познат и како АВК (Атомска Воена Команда), направен да го заштити Југословенскиот Претседател, како и 350 негови најблиски соработници од евентуален нуклеарен напад…АВК е атомско засолниште и е еден од најголемите подземни објекти направени во бившата држава…патувањето продолжува за Мостар – најважниот град во Херцеговина…посета на старата чаршија, Камениот мост (16.век) – ремек-делото на Мимар Хајрудин, кулите Тара и Хелебија, Караѓоз-беговата џамија…слободно време за одмор, или индивидуален разглед на градот…поаѓање за Сараево, со попатна посета на Јабланица – можност за ручек во некој од рестораните покрај магистралата, со преубав поглед на Неретва…враќање во хотел во касните попладневни часови. Ноќевање.

4 ДЕН (07.12.’20 – понеделник) : САРАЕВО – ВИШЕГРАД – МЕЧАВНИК (ДРВЕНГРАД) – БИТОЛА 

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Слободно време за шопинг во центарот (посетете го BBI трговскиот центар – препорака) до 12.00 часот, кога е и предвидено поаѓање за Македонија, со попатна посета на Вишеград, посета на култниот мост овековечен во делото на Иво Андриќ „На Дрини Чуприја“, како и етно-селото на Емир Кустурица – „Дрвенград“…пристигнување во Македонија во раните утрински часови – наредниот ден.

ЦЕНА:

5.990,00 МКД ПО ЛИЦЕ

Цената вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација,
  • разглед на Сараево со стручен водич,
  • 2 НП (шведска маса) во Сараево хотел со 4* или 3*,
  • туристичка такса
  • посета на Мокра Гора (Дрвенград),
  • посета на Вишеград,
  • организирани ТРАНСФЕРИ на патници – БЕЗ НАДОКНАДА од Струга, Охрид, Ресен, Кичево, Прилеп, Велес, Скопје и Куманово, 
  • организација, водство и реализација на аранжманот.

Цената НЕ вклучува:

  • Факултативните излети и посети,
  • влезниците при посета на културно-историските споменици…посета на “Тунел Спаса“ (трансфер + влезница) + полудневен излет по долината на реката Неретва (Коњиц – Мостар – Јабланица) 3-от ден – 45 € по лице (трансфер+водич+влезница за бункерот),
  • патничкото осигурување (160,00 ден. по лице),
  • Вечера во Национален Ресторан или “HS”-Пивницата (a la-carte),
  • влезница за Дрвенград – 2 € по лице.

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИТЕ :

  •  ТУНЕЛОТ НА СПАСОТ  – За време на граѓанска војна во БиХ, Сараево беше опседнато од агресорските сили вкупно 44 месеци (околу 1320 денови), почнувајќи од 5.Април 1992 година, па се до 29.Февруари 1996 година. Главниот град беше во потполна комуникациска, војна и економска блокада, па поради тоа се појави потреба за изнајдување на алтернативни решенија за дотур на храна и други потрепштини – потребни за каков-таков живот на граѓаните на Сараево. Едно од тие алтернативни решенија беше и прокопувањето на овој тунел, кој не може баш и да се каже дека е прав тунел, со оглед на неговите димензии (должина – 800 м.; висина – 1,6 м. и ширина 1 м.), меѓутоа со текот на времето, се покажа дека покрај аеродромот на кој беше дозволено да слетуваат само хуманитарните авиони од целиот свет, овој тунел беше единствената врска на Сараево со внатрешноста на БиХ….Вкупно се ископани околу 2.800 м3 (кубни метри) земја. Инсталирани се околу 170 м3 дрва и околу 45 тони метал. Целиот инсталиран материјал беше транспортиран рачно од магацинот до местото за инсталација, на просечно растојание од 500 метри. Ископаниот материјал бил пренесен со колички на просечно транспортно растојание од 200 метри. Вкупната количина на вакви транспортирани материјали беше приближно 3.500 тони. За целата работа, од почетокот на изградбата до пробивот на тунелот, беа потрошени околу 56.000 часа ефективна работа на сите учесници во изградбата. За потребите на армијата, во градот биле внесени 36.705 кг медицински материјали, 549.326 кг воена опрема и 3.930.428 кг разни материјално-технички средства.
  • АТОМСКИОТ БУНКЕР на ТИТО во КОЊИЦ – Атомската Војна Команда, позната и како АВК или бункер на Тито, е поранешен нуклеарен бункер и воен команден центар лоциран во близина на градот Коњиц во Босна и Херцеговина. Наменет за заштита на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито и до 350 членови на неговиот потесен круг во случај на нуклеарен конфликт. Структурата се состои од станбени области, конференциски сали, канцеларии и други области. Бункерот остана државна тајна сè до распадот на Југославија во 90-тите години на минатиот век. Изградена меѓу 1953 и 1979 година во рид во подножјето на планината Златар, АВК е најголемото атомско засолниште и еден од најголемите подземни објекти некогаш изградени во поранешна Југославија. Повеќе од десет години по нејзиното завршување, таа беше најтајната воена инсталација во земјата. Сите градежни работници беа внимателно избрани и проверени, потпишаа договор за молчење, а сите членови на персоналот поминаа највисока безбедносна проверка. Во 1979 година, работата беше завршена по 26 години и беа потрошени 4,6 милијарди долари за трошоци за изградба. 

ОПИС:

Хотелот ХОЛИВУД**** (www.hotel-holywood.ba) е сместен во центарот на Илиџа, зелената оаза на Сараево, располага со таверна, 4 ресторани, конгресен центар, слаткарница, кафе Холивуд, wellness центар (сауна, турско купатило, солена соба, салони за масажа, фитнес центар, затворен Олимписки базен, куглана, билијар…). Користењето на базенот и фитнес центарот се БЕСПЛАТНИ за гостите на хотелот. Бесплатен бежичен интернет (WI-FI) е достапен на целата територија на хотелот, купатилата се опремени со џакузи када или хидромасажен столб, фен…сите 418 луксузно опремени соби и апартмани се исклучително пространи и вкусно наместени, со SAT TV, локална TV, како и PAY TV.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со бројот на резервација со пријавувањето на патниците со авансната уплата. Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€ по лице (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ