You are currently viewing 8ми Декември- Сараево

8ми Декември- Сараево

ТЕРМИН:

  • 09.12.2021-12.12.2021

ПРОГРАМА:

ПРВ ДЕН  09.12.2021 ЧЕТВРТОК

Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓање од Битола 18 часот. Поаѓањето од Скопје е околу 20:00ч но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи и царински формалности.

ВТОР ДЕН 10.12.2021 ПЕТОК

Влегувањето во Босна и Херцеговина е во утринските часови. По влегувањето во Босна на околу 20 км пристигнуваме во Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“.По посетата на Вишеград, автобусот продолжува со возење до Сараево каде групата се сместува во хотел. Во договореното време групата продолжува во Сараево на разглед со локален водич.По разгледот,слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел околу 19:00ч. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 11.12.2021 САБОТА

Третиот ден започнува со појадок во хотелот, кој по појадокот се упатуваме на целодневен излет. Првото место за посета е Јабланица. која не пречекува со приказната за „Неретва“. Срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ, е дел од нашата програма. Групата ќе има можност да го посети местото кадешто е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Екскурзијата продолжува кон Мостар, каде се посетуват стариот мост и можете да ги направите најубавите фотографии, улицата Кујунџи на која се наоѓаатт занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Слободно време за индивидуални активности. Заминување кон Сараево. Ве носиме во облакодерот Avaz Twist Tower, највисокиот објект во Босна висок 172 метра каде го имате Сараево на дланка. Нуди неверојатен панорамски поглед и се смета за место кое е најатрактивно за младите. Овој облакодер лесно се препознава, неговата виткава фасада е тоа што ги привлечква туристите да го посетат. Во 2009-та година германска компанија Schuco ја стави во топ 10-те најубави згради во Европа. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 12.12.2021 НЕДЕЛА

По доручекот, во 09:00ч се упатуваме кон Тунел Спаса.  Жителите на Сараево за време на војната не можеле да излезат од градот затоа што постоела опасност да бидат застрелани од снајперисти. Сепак тие сакале да најдат начин да стигнат до населбата Бутмир. Еден босански градежен инженер, Неџад Бранковиќ, ги подготвил плановите за тунелот што ќе ги поврзува двете предградија. Во тунелот се влегувало преку една обична куќа во близина на аеродромот, која му припаѓала на Бајро Колар, во Бутмир, а во Добриња влезот бил во една гаража во станбена зграда. Секојдневно меѓу три и четири илјади луѓе и триесет тони разна стока поминувале низ тунелот. Првично, набавките требало да се носат рачно или на грбот на војниците, додека не се поставила железничка пруга со вагони што ги туркале мажите. Враќње во хотел. Се земаат патниците кои нема да одат на екскурзија и се продолжува кон и се продолжува кон Каубојскиот град EЛ ПАСО во близина на Златибор, автентичен каубојски град, кој исто така вклучува и индијанска населба, НОВО во нашата програма. Секој што сака да ја искуси на момент атмосферата од каубојските филмови и автентичноста на индијанските населби, ова е местото што го препорачуваме. Овој парк е именуван по граничен град во САД. Исто како што Рио Гранде ја формира природната граница помеѓу САД и Мексико така и реката што тече низ овој парк ги дели тематските единици американски и српски. Тоа е место за средби на две култури: од едната страна на реката се наоѓа каубојски град и индиjaнско село, додека на другиот брег има српски дел со црква и типичен селце Златибор.Слободно време за прошетка и поаѓање кон граница. Пристигнување после полноќ на 13.12.2021.

ЦЕНА:

Промо Цена – 89 евра по лице!!!

Редовна цена – 99 евра по лице!!!

Цената вклучува:

  • Превоз од: Битола, Прилеп, Росоман, Велес, Скопје и Куманово
  • Сместување во хотел со 4* со доручек
  • Посета на Вишеград
  • Разглед на Сараево со локален водич

Цената НЕ вклучува:

  • Посета на Јабланица и Мостар- 30 евра- се плаќа во автобус
  • Посета на Тунел Спаса- 15 евра од лице- се плаќа во автобус
  • Туристичка такса (2 евра од лице за две ноќевања) – се плаќа во автобус
  • Крстарење по ДРИНА во Вишеград- 5 евра од лице- се плаќа во автобус
  • Босански Пакет (Тунел Спаса, Јабланица и Мостар)- 40 евра  (Изјаснување во канцеларија при уплата за користење на пакетот а плаќање во автобус.
  • Avaz Twist Tower – 5 еу
  • Такса за Eл Пасо каубојскиот град- 3 евра од лице- се плаќа во автобус задолжително

Доплата и попусти:

  • Доплата за сингл соба доколку патувате сами- 25 евра од лице на аранжманот

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ