You are currently viewing 8ми Март 2022 – Азурен Брег

8ми Март 2022 – Азурен Брег

ТЕРМИНИ:

  • 04.03.2022 и 11.03.2022

ПРОГРАМА:

1 ден  04.03.202СКОПЈЕ : Состанок на групата во 9 30ч. Поаѓање во 10:00 часот од паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија, Италија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден  05.03.202НИЦА: Пристигнување во Ница во пладневните часови. 

Панорамско разгледување: По пристигнувањето во Ница, ве водиме на прошетка низ градот со автобус: Руската црква, хотелот Негреско, шеталиштето на Англичаните, брдото Шато, пристаништето на Ница, плоштадот  и споменикот на Гарибалди, музејот на современата уметност, конгресниот центар Акрополис.

Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки и шопинг

Вечерна прошетка:  Почнуваме со прошетка низ Авенијата Jean Medicin, Базиликата Notre Dame, плоштадот Masena Навлегуваме во стариот дел на Ница: кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата,платата на Националниот Совет, палатата Laskarnis, плоштадот Rosseti, Катедралата Saint Reparate de Nice.

Ноќевање.

03 ДЕН 06.03.2022  НИЦА – АНТИБ – КАН:

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и гламурозниот Кан. Антиб: Прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо и каде се наоѓа музејот посветен нему а сместен во старата палата на фамилијата Грималди. Пријатна прошетка низ стариот град.    Кан: Продолжуваме со посета на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската фестивалска палата. Се искачуваме во стариот град Сике, до тврдината на Кан и старата црква Notre Dame d’Esperiance. Ќе уживате во прекрасната панорамска глетка на Кан и Леринските острова.  Слободно време за индивидуални прошетки низ Кан и неговите булевари со брендирани продавници.

  Враќање во Ница во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање

04 ден 07.03.2022 НИЦА ––СЕНТ ПОЛ  /  ЕЗ – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО :  Појадок.

Предпладне:  St. Paul de Vence: ве водиме во Кралскиот средновековен град на Франсоа I- Сент Пол. Втор град по посетеност во Франција, град-уметничка галерија, место каде се венчале Симон Сињоре и Ив Монтан.Прошетка низ тесните камени улици на овој град.

Попладне: посета на Монако и Монте Карло со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез.  Монако: прошетка низ гламурозниот стар град, океанографскиот институт, кралската палата, Фондацијата на Грејс Кели, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… Монте Карло :продолжуваме по патеката на F1( пешки), посета на центарот на Монте Карло со неговите познати коцкарници. Слободно време за посета на казината. Враќање во Ница во вечерните часови. Ноќевање.

05 ден08.03.2022 НИЦА-СКОПЈЕ: Појадок.

Одјавување од хотел.  Слободно предпладне во Ница. Оклолу пладне заминување накај Македонија. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

06 ден09.03.2022 СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во попладневните  часови.

ЦЕНА:

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО  05.02.2022 :   259€ / 16.060 ден

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  279 € / 17.300 ден

Цената вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во Ница во хотел   3* на база 3 ноќевања со појадок,
  • Панорамско разгледување на Ница со автобус,
  • Вечерна прошетка низ стариот град
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

Цената НЕ вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување ( за лица до 60 год)
  • Посета на Ез,  Монако и Монте Карло (35€)
  • Посета на Кан и Антиб (35€)
  • Посета на Сент Пол (25€)
  • FULL ПАКЕТ ИЗЛЕТИ:  80€
  • Туристичка такса во Ница (2€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз

Доплати и попусти:

  • Доплата за еднокреветна соба  4,650 ден

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Попустите не се комбинираат
  •  Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време  и место на поаѓање.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплата. За избор на седиште по желба ( освен првиот ред),се доплаќа 10€ по седиште. 
  • Агенцијата го задржува правото за промена на термините за излетите
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ