You are currently viewing 8ми Март 2022 – Кападокија – Авионска Програма

8ми Март 2022 – Кападокија – Авионска Програма

ТЕРМИН:

10/03/2022-13/03/2022

ПРОГРАМА:

1.ден:  Скопје – Кападокија

Пристигнување на аеродром 2 часа пред  лет за Кападокија, во 06:00 ч., полетување во 08:00 ч., односно согласно времето наведено во авионската карта.Слетување во 15:20ч. По царински формалности следи организиран трансфер до избраниот хотел и превземање на собите според хотелските правила. Слободно време, ноќевање во хотел.

2 – 3  ден:  Кападокија

Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности, прошетки и разгледи, шопинг и уживање. Можност за посета на факултативи со уплата на лице место. Ноќевање во хотел.

Последен ден:  Кападокија  – Скопје

Рано одјавување на собите и трансфер до аеродром. Полетување од Кападокија во 13:45 ч. по локално време. Пристигнување во Скопје во 15:55 ч.

ЦЕНА:

359€ по лице!!!

Цената вклучува:

  • авио билет на реалција Скопје- Кападокија – Скппје,
  • багаж 20 кг ( само за термините во  март )
  • аеродромски такси
  • 3 ноќевања со појадок во избраниот хотел
  • трансфер аеродром – хотел – аеродром

Цената НЕ вклучува:

  • индивидуални трошоци
  • патничко осигурување
  • можност за организирање на факултативи (информации во агенција)

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За резрвирање потребна е уплата од 100% од вкупната сума на аранжманот.
  • Дадените цени се за индивидуално патување и истите се променлива во зависност од слободни  места и цена на авио билетот како и слободни места и цена на хотелот.
  • Направените резервации по оваа понуда се нерефундабилни и согласно тоа овде не важат правилата за отказ според Општи услови на патување. Доколку истата се уплати и потврди уплатените средства неможе да бидат вратени по ниеден основ вклучувајки и позитивен PCR тест пред патување, или било која друга причина поради која би се прекинало патувањето.
  • Патникот е должен непосредно пред патување да се информира за правилата за влез во државата во која ќе патува од причина што истите се променливи на дневно ниво и зависат од епидемиолошката состојба кај нас и во државата во која се патува.

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ТУРЦИЈА

Ве информираме дека при влез во Турција, според Covid-19 протоколот потребно е да се приложи еден од следните документи:

  1. За влез во државата, задолжителна е регистрација 48 часа пред патувањет на https://register.health.gov.tr/ 
  2. Приложување на сертификат за вакцинација сопоминати  14 дена од  втората доза
  3. За деца под 6 години кои ги придружуваат патниците не е потребен сертификат за вакцинација, но останува задолжителната регистрација (од точка 1)
  4. Влез со негативен PCR направен 72 часа пред патување или брз антиген тест направен 48 часа пред патување

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА

Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:

  1. Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
  2. Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
  1. Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
  2. Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.

Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ