8МИ МАРТ – ИСТАНБУЛ – АВИОНСКА ПРОГРАМА

8МИ МАРТ – ИСТАНБУЛ – АВИОНСКА ПРОГРАМА

ТЕРМИН:  05.03 – 08.03 (3 ноќевaња)

ОПИС:

ИСТАНБУЛ претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Овој прекрасен град, подигнат на местото каде што буквално се спојуваат истокот и западот, oбликуван е од страна на 4 снажни цивилизации: грчка, римска, византијска и османлиска. Низ својата историја овој град гордо ги носел имињата: Бизантион, Цариград, Константинопол и Истанбул.  Денес Истанбул е велеград кој
брои преку 15 милиони жители кои живеат на 2 континенти. Модерниот плоштад Таксим или квартовите Бејоглу и Османбег ќе направат да се осеќате како во било која друга светска метропола, додека пак шетајки низ плоштадот Султанахмет ќе се вратите стотици години наназад и ќе ја почуствувате моќта која ја имале римјаните и османлиите…Ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да ги најдете вака испреплетени и
неразделно поврзани како во магичниот Истанбул.

ПРОГРАМА:

1. ДЕН – СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Летот е закажан за во 10:20ч наутро и се реализира преку компанијата Пегасус. Задолжително индивидуално чекирање на аеродромот во Скопје – 2 часа пред летот. Пристигнувањето на Истанбулскиот аеродром е предвидено за во 13:45ч по локално време. Трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

2. ДЕН – ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот следува факултативен разглед на стариот дел на градот: Хиподромот, Сината Џамија (Султан Ахмет), Аја Софија, Топкапи палата и Капали Чаршија. По завршувањето на разгледот се враќаме назад кон хотелот. Слободно време. Вечерта следува факултативен излет – Традиционална турска вечера со дегустација на познатите турски специјалитети придружени со турски фолклор, стомачен танц и анимациски програм. Враќање назад во хотелот. Ноќевање.

3. ДЕН – ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот следува факултативниот излет КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР во времетраење од околу 2 часа. По крстарењето заминуваме во најубавиот шопинг центар во Истанбул – CEVAHIR. По враќањето од шопинг центарот следува факултативна посета на една од најпознатите знаменитости на Истанбул – Палатата ДОЛМАБАХЧЕ. Враќање назад во хотелот. Слободно време. Ноќевање.

4. ДЕН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Во раните утрински часови одјавување од хотел и заминување до интернационалниот аеродром во Истанбул. Пријавување на летот за Скопје, закажан во 09:50 часот. Слетување на Скопскиот аеродром во утринските часови во 09:20 часот по локално македонско време.

ЦЕНОВНИК:

209€ по лице

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Авионски билет со компанијата Пегасус на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Вклучен чекиран рачен багаж до 8кг
  • Трансфер од аеродром до хотел и назад
  • Авионски такси
  • 3 ноќевања со појадок во избраниот хотел
  • Комплетна организација со претставник од агенцијата

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети и посети
  • Задолжителна туристичка такса во Турција
  • Доплата за куфер до 20 кг – 30€
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНО патничко здравствено осигурување – 7€

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ПОСЕТИ:

  • Панорамски разглед – 10
  •  Топкапи палата – 30
  •  Крстарење по Босфор – 20
  •  Долмабахче палата – 30
  • Турска фолклорна вечера – 45
  • Ејуп, Миниатурк, Пиере лоти – 30
  •  Чамлиџе – 15€

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

1. ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД 

* ХИПОДРОМ– Византиски хиподром претставувал центар на општествено-политичкиот живот во главниот град на империјата и централно и омилено место за собирање на населението од градот, место каде се одржувале гладијаторски борби и трки со коли.

* АЈА СОФИЈА  – Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 5 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6. до 13. век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј. На 24. Јули 2020 година од страна на раководството на Р. Турција се претвори пак во џамија.

 * СИНА ЏАМИЈА (Султан Ахмет) – Најпознатата џамија во Истанбул која е воедно и првата џамија изградена со 6 минариња за време на Османлиската империја. Посветена е на султанот Ахмет I, а поради своите бои – сина, зелена и бела нанесени на плочки од порцела, го добива прекарот “ Сина Џамија “.

 * КАПАЛИ ЧАРШИЈА –  Разгледот го зарвшуваме со Капали чаршија шопингот во Капали Чаршија, изгледа како истражување на лавиринт,тука може да се види еден од најголемите пазари во светот и да се почувствува магијата на едно место старо неколку века.

2. ТОПКАПИ ПАЛАТА – Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни  метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топкапи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.

3. КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР – претставува неизбежен дел во посетата на Истанбул. Во 90 минутното крстарење, ќе уживаме во погледот кон минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… незаборавно доживување, без кое престојот во Истанбул не е комплетен.

 4. ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТА – преставува првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19. и 20. век, претходна некогаш и главна (во 16. и 17. век) Отоманска империја. Слободно време за индивидуални активности. Враќање кон хотел.

5. ТУРСКА ФОЛКЛОРНА ВЕЧЕРА – претставува традиционална вечера на која што ќе имате прилика да ги дегустирате специјалитетите на богатата турска кујна како и да уживате со некој добар пијалок. Програмот е збогатен со стомачен танц и дополнителни анимации за гостите

6. MИНИАТУРК, ЕЈУП, ПЈЕР ЛОТИ – Најпрвин се оди до музејот Миниатурк во кој што се изложени макети од сите битни знаменитости и објекти од времето на Османлиското царство и од времето на современа Турција. Потоа следува посета на познатиот кварт Ејуп каде што се наоѓа познатата Ејупова џамија како и гробот на Мехмед Паша Соколович. По посетата на Ејуп со жичара се искачуваме до познатиот ресторан Пјер Лоти од каде што се пружа фантастичен поглед кон Истанбул и Златниот рог.

7. ЧАМЛИЧЕ – преставува најголема и најнова џамија во Турција а воедно и во Истанбул. Сместена е на азиската страна на Истанбул односно во населбата Ускудар од каде што се пружа фантастичен поглед кон Босфорот.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на програмот, како и редоследот на посети по денови, во било која ситуација и од било кои причини или околности кои би претставувале пречка за реализација на истиот. Истиот ќе биде реализиран веднаш во првата ситуација кога за тоа ќе има можност.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на цената на аранжманот во кои е вклучен авио превоз, доколку на летот има промена во авионската карта, агенцијата не одговара за тоа и разликата во цената ја сноси патникот. 
  • Агенцијата го задржува правото на промена на програмот, во однос на времето на летање, кое ИСКЛУЧИВО зависи од времето на летање на авио компанијата.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ