You are currently viewing 8ми Март 2022 – Истанбул – Авионска Програма

8ми Март 2022 – Истанбул – Авионска Програма

ПРОГРАМА:

Ден 1 10.03.22-Скопје-Истанбул

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06:00 часот. Лет за Истанбул во 08:00 часот со авиокомпанијата Pegasus Airlines. Пристигнување во Истанбул во 11:25 часот по локално време, организиран трансфер до хотел, превземање на собите според хотелските правила. Слободно попладне за индивидуални активности, слободно време за шопинг или релаксирање со турско кафе, чај и локум, или посета на Капали Чаршија еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриенa улицa и над 3000 продавници коишто привлекуваат од 25.000 до 40.000 туристи дневно. Цените во Капали Чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види само како значаен локалитет во Истанбул Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 2 11.03.22 Истанбул (Панорамски разглед | Крстарење – Босфор | Долма Бахче Сарај)

Појадок. После појадокот, слободен ден за индивидуални активности или заминување на панорамски разглед на градот, со можност за факултативно крстарење со брод по Босфор. Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул. Факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај – првиот дворец кој бил изграден во Османлиската империја и кој до 1922 година служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 година во него живеел Кемал Ататурк. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средина на 19 век. Се во палатата зрачи со лукскуз поради исклучително вредни и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на два дела, Селамлик – дел за мажите и Харем – делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација, Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Денеска е претворена во музеј кој содржи уметничко-историски збирки со непроценливо богатство. Слободно време за вечера и фотографирање. Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 3 12.03.22 Истанбул (Султанахмед плоштад | Вечера на брод)

Појадок. После појадокот, слободен ден за индивидуални прошетки или организирана пешачка тура со локален водич. Факултативна тура каде ќе имате можност да се запознаете со знаменитостите, посета на Џамија Султан Ахмед, наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена Џамија со 6 минариња, посета на Хиподромот кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото. Посета на Аја Софија – црква, џамија, музеј и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век по Христос го изградил Византискиот цар Јустиниан. Кога Османлиите во 1453 год го освоиле Константинопол, Султанот Мехмед Втори црквата ја претворил во Џамија, а Кемал Ататурк во 1936 год од Аја Софија направил музеј. Од Јули 2020 година повторно се користи како Џамија. Посета на Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела каде што е изложен мечот на пророкот Мухамед. Сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величенствениот.Вечерта, факултативна вечера на брод (3 часовно ноќно крстарење со брод + трансфер). Mузичка програма (фолк танци / традиционални церемонии / ориентални танчарки), јадење и неограничени безалкохолни и алкохолни пијалоци). Враќање во хотел Ноќевање.

Ден 4 13.03.22 Истанбул | EMAAR SQUARE MALL | Скопје

Појадок. Напуштање на хотелот. Групата се упатува кон познатиот трговски центар EMAAR SQUARE MALL Истанбул кој е богат со многу бутици и продавници од најпознатите брендови. Слободно време за шопинг. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот и подводната зоолошка градина ЕМАР, во која се среќаваат повеќе од 20.000 водни суштества од различни зони на светот каде ќе соберете уникатни искуства и незаборавни спомени додека ги откривате чудата на океаните. 200 различни видови морски суштества и водоземци, вклучувајќи го џиновскиот кралски крокодил, пингвините Хумболт, чудни и отровни видови од џунглите па се до длабочините на океаните, ги пречекуваат посетителите во восхитувачки подводен свет.. Трансфер до аеродромот во Истанбул. Авионот за Скопје полетува во 16.25 часот (локално време). Пристигнување во Скопје во 15: 55

ЦЕНА: 

339€ по лице!!!

Цената вклучува:

  • Авионски билет Скопје – Истанбул – Скопје;
  • Чекиран багаж до 20кг
  • Трансфер Аеродром – хотел – аердром
  • Сместување во двокреветни соби во хотел во Истанбул – 3 ноќевања со појадок;
  • Панорамски разглед на градот;
  • Организација и реализација на програмата;

Цената НЕ вклучува:

  • Посета Долма Бахче Сарај и Крстарење по Босфор – (превоз со автобус + влезница + локален
    водич) – 60 €;
  • Разглед на историскиот дел на Истанбул – Султанахмет со локален водич 25 €
  • Вечера на брод (ноќно крстарење со музичка програма, јадење и неограничено пиење + трансфер )
    40 €
  • Посета на Топ Капи – 20€
  • Патничко осигурување ( задолжиелно);

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО ТУРЦИЈА

При влез во Р. Турција, според актуелните Covid-19 протоколи потребно е да се приложи еден од следните документи:
» Негативен PCR или негативен Брз антиген тест. Копија од Тестот задолжително носете со вас, или
» Потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината). Сертификат за вакцинација задолжително носете со Вас, или
» Сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање). Сертификатот задолжително носете го со Вас. Почнувајќи од 15 март 2021 година, патниците кои патуваат за Турција се должни да пополнат
“Електронски формулар” во последните 72 часа пред нивното патување на следниот линк
https://register.health.gov.tr

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА

Согласно мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:
1. Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
2. Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
3. Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
4. Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава. Патниците (над 18 год.) кои немаат еден од наведените документи ќе добијат решение за задолжителна изолација во времетраење од 7 дена.
Протоколите за влез / излез од државите може да бидат променети.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со уплата на 50% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 15 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ