You are currently viewing 8ми Март 2022 – Сараево и Мостар – Сигурна Реализација

8ми Март – Сараево и Мостар

ТЕРМИН:

  • 03.03.2022-06.03.2022

ПРОГРАМА:

ПРВ ДЕН (03.03.2022) ЧЕТВРТОК

Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Битола е планирано во 18 часот, од Скопје е околу 20:00 часот но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи и царински формалности.

ВТОР ДЕН (04.03.2022) ПЕТОК

Влегувањето во Босна и Херцеговина е во утринските часови. По влегувањето во Босна на околу 20 км пристигнуваме во Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Исто така ќе го посетиме и Андричград – градчето е изградено по концепт на Емир Костурица од камен и тесни улички низ кои се наоѓаат педесетина објекти кое културен центар кој се наоѓа во Вишеград на самото устие на реките Дрина и Рзав. Официјално бил отворен во 2012 година. Во договореното време групата продолжува во Сараево на разглед со локален водич. По разгледот, слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел околу 19:00 часот. Ноќевање.

TРЕТ ДЕН (05.03.2022) САБОТА

Третиот ден започнува со појадок и во 08:30 часот започнуваме со целодневна екскурзија. Првото место за посета е Јабланица, која не пречекува со приказната за „Неретва“. Групата ќе има можност да го посети местото каде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Екскурзијата продолжува кон Мостар. Со групата се упатуваме кон стариот мост, каде што можете да направите фантастични фотографии. Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Овде групата има слободно време околу 2 и пол часа за прошетка или ручек а потоа се упатува кон местото каде што се мешат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12 км од Мостар, ВРЕЛО БУНА, извор на реката Буна. Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метри a Буна е лева притока на реката Неретва. Место е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката, а доколку барате мир дефинитивно овде ќе го најдете. Групата има слободно време за прошетка, фотографии и останати активности. Заминување кон Сараево, Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН (06.03.2022) НЕДЕЛА

По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. По посетата се враќаме во хотел. Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се продолжува кон Дрвенград. Сместено на ридот Межавник во паркот на природата Мокра Гора, точка на средба на две прекрасни српски планини Тара и Златибор, етно селото „Дрвенград“ е производ на фантазијата на филмскиот режисер Емир Кустурица и е изградено за сцени на неговиот филм “Животот е чудо “. Емил Костурица сакал да создаде град што ќе наликува на место каде што некогаш живееле луѓе, всушност никој не живеел. „Дрвенград“ има уметничка галерија, библиотека, кино наречено „Андерграунд“ по еден од најпознатите филмови на Кустурица, продавница за торти со домашни слатки, ресторан со традиционална српска кујна, продавница за сувенири итн. Постојат и улици именувани по кубанскиот револуционер Ернесто Че Гевара, аргентинскиот фудбалер Диего Армандо Марадона, српскиот актер Миодраг Петровиќ Шкаса и познатите филмски режисери Федерико Фелини и Ингмар Бергман. Една улица го носи името на Новак Џоковиќ, еден од најдобрите тенисери во светот. Слободно време за ручек и заминување кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

ЦЕНА:

Редовна цена: 99 евра
Промо цена: 89 евра до 15.02.2022

Цената вклучува:

  • Превоз oд: Битола(Спортска сала), Прилеп(Лукоил бензинска), Росоман (пазарче), Велес(Макпетрол), Скопје(Дрводекор) и Куманово (Макпетрол бензинска)
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 4*
  • Разглед на Сараево со локален водич
  • Туристички придружник за време на патувањето
  • Посета на Вишеград
  • Посета на Дрвенград и Андричград

Цената НЕ вклучува:

  • Посета на Јабланица, Мостар и Врело Буне- 35 евра (се плаќа во автобус)
  • Посета на Босанските пирамиди (Равно и Музеј)- 25 евра (се плаќа во автобус)
  • Крстарење по Дрина- 5 евра од лице (Се плаќа во автобус)
  • Туристичка такса- 2 евра од лице за две ноќевања (Се плаќа задолжително во автобус)
  • Босански пакет (Посета на Јабланица, Мостар, Врело Буне и Босанските пирамиди) 55 евра од лице

Доплати и попусти:

  • За деца од 3 до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од сумата на аранжманот
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест), затварање на граници и виша силa
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ