8ми Декември – Пролом Бања

 

8ми Декември – Пролом Бања

ПРОГРАМА:

Прв ден: 06.12.2020 (Недела) 

Состанок на групата во 03:20 ч. спортска сала Битола, 06:30 во Скопје и 07:00 часот во Куманово и тргнување за Србија преку граничниот премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања и сместување во Хотел ’Радан’. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности и време предвидено за одмор и релаксација во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

Втор ден:07.12.2020 (понеделник)

Појадок. По појадокот заминување на организиран претпладневен излет со локален туристички водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди и прошетка до црквата ’Лазарица’. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.

Трет ден  08.12.2020 (Вторник)

Појадок. По појадокот заминување на групата кон Македонија со попатна посета на Врање и можност за прошетка, индивидуален ручек и шопинг. Пристигнување во попладневно-вечерните часови.

ЦЕНА:

7.990 денари ПО ЛИЦЕ

Цената вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус (50% пополнетост на автобус по протокол)
  • Сместување во Хотел Радан 3* – 2 ноќевања на база полн пансион (појадок, ручек и вечера)
  • Секојдневно користење на Релакс центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи со термална вода
  • Користење на внатрешен базен
  • Користење фитнес сала и сала за рекреација (билијард, пинг понг, тенис, пикадо)
  • Организиран излет со автобус до Ѓавола Варош, вклучена влезница и локален водич
  • Организирана прошетка до црквата ’Лазарица’ со локален водич
  • Туристичка такса
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Цената НЕ вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)
  • Можни индивидуални трошоци

Доплата и попусти:

  • Деца до 9 години – ГРАТИС
  • Деца  9 – 14 год. – 50% од цената
  • условите за деца важат исклучиво со 2-ца возрасни во соба

ОПИС:

Пролом Бања се наоѓа во Јужна Србија, на падините на планината Радан. Позната е, пред сè, по својата лековита Пролом вода, која припаѓа на ретката група води со високи балнеолошки вредности: високоалкална (pH 8,8+), нискоминерализирана (сув остаток 148 мг/л), бикарбонатна. На лековитата Пролом вода се засноваат сите наши здравствени програми. Ефектот на лекувањето се зголемува со примена на балнеолошки и физикални третмани, со престој на чист и свеж воздух и прошетки во недопрената природа на Пролом Бања. За подобрување на општата здравствена состојба придонесуваат надморската височина (550-668 м) и умерено континенталната клима со голем број сончеви денови во годината. Комплексот на хотелот Радан обедини во себе сместување во удобни соби, современи медицински и Wellness третмани, содржини за рекреација, забава и излети. Ако сакате простор за работа во мирен амбиент, за Вас обезбедивме сали за состаноци со сета потребна опрема. Било да доаѓате на лекување или одмор, деловни средби или едноставно на релаксација во природа, својот престој можете да го дополните со Wellness третмани, релаксирање во затворениот и отворените базени, ручек во “Етно ресторанот”, излети до Ѓаволја Варош, црквата Лазарица и другите културни туристички атракции на Топличкиот округ.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со бројот на резервација со пријавувањето на патниците со авансната уплата. Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€ по лице (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ