Лутраки – 8ми Март 2020

Лутраки – 8ми Март 2020

Лутраки или Пожарско е прекрасно туристичко место кое е на само 120 км од граничниот премин Меџитлија. Станува збор за планинско место кое изобилува со богата флора. Сепак ова туристичко место е познато по термалните извори со константна температура од 37 целзиусови степени  кое е посетувано текот на целата година..

1.ДЕН 07.03.2020

Се поаѓа во 15:00 часот од паркингот пред спортска сала. Влез во Грција преку граничен премин Меџитлија. Пристигнување во Лутраки околу 17:00 часот. Сместување во апартманите. Вечерта организирана вечера со жива музика во таверна со вклучена мени карта во ресторан Калофагос (салата, месо по избор и пијалоци). Ноќевање.

2.ДЕН 08.03.2020

Појадок. По појадокот одјавување од апартманите и поаѓање за термалните базени со автобус. Користење на базените до 15.30 часот. Враќање во Лутраки. Слободно време за ручек, гиро или пица по избор. Во 17.00 часот се поаѓа за Битола преку граничен премин Меџитлија. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

ЦЕНА : 3750 денари

Во цената е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • 1 ноќевање во апартмани на услуга полупансион (ноќевање, појадок и вечера )
  • Пратител на групата
  • Организиран превовоз од и до базените со автобус

Во цената не е вклучено :

  • Влезници за базените ( 2 еур малите базени, 3 еур големиот базен )
  • Патничко осигурување
  • Индивидуален ручек на 08.03.2020