8ми Декември – Premium Beach Hotel 5* – Голем Драч (3 ноќи)

 

8ми Декември – Premium Beach Hotel 5* – Голем Драч (3 ноќи)

ПРОГРАМА:

Прв ден: 05.12.2020 (сабота)

Состанок на групата рано наутро на спортска сала Битола, тргнување према Драч со попатни паузи за царински формалности и одмори. Пристигнување во Драч во претпладневните часови. Слободно време за разглед и прошетка, време за индивидуален ручек и слободни активности. Сместување на групата во хотел „Premium Beach 5*”, во двокреветни соби. Слободно попладне за индивидуални активности и користење на СПА центарот на хотелот (внатрешен базен, сауна,џакузи …). Вечера. Ноќевање.

Втор ден: 06.12.2020 (недела)

Појадок. По појадокот слободен ден за индивидуални активности и користење на спа центарот. Вечера. Ноќевање.

Трет ден: 07.12.2020 (понеделник)

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и користење на спа центарот. Вечера. Ноќевање.

Четврти ден 08.12.2020 (вторник)

Појадок. Слободно време за користење на спа центарот. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Тирана за прошетка, индивидуален ручек и шопинг. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА:

149 ЕВРА ПО ЛИЦЕ

Цената вклучува:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Хотел Premium Beach 5* на база 3 полупансиони (појадок и вечера) во двокреветни соби
  • Користење на СПА центарот на хотелот
  • Посета на Тирана
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

Цената НЕ вклучува:

  • Повратен трансфер од Скопје, Велес, Сирково и Прилеп 10 евра по лице
  • Доплата за полн пансион 21 евра по лице
  • Индивидуални трошоци
  • Задолжително патничко осигурување (информации во агенција)

Доплата и попусти:

  • дете до 1.99 – бесплатно (не користи седиште)
  • дете од 1.99 до 5.99 – плаќа 30 евра
  • дете од 5.99 до 11.99 плаќа 50% од аранжманот
  • *Условите за деца важат исклучиво со 2ца возрасни во соба.
  • Доплата за single соба 75%

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со бројот на резервација со пријавувањето на патниците со авансната уплата. Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€ по лице (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ