You are currently viewing 8ми Март 2022 – Прага – Карлови Вари – Виена – Сигурна Реалиазација

Програма на патувањето:

10.03.2022 – Состанокт со групата 10:30 часот, поаѓање во 11 часот од Битола. Организиран превоз од повеќе градови. Патувањето е преку граничен премин Табановце со попатни паузи и царински формалности. Денско и ноќно возење.

11.03.2022 –Пристигнување во предпладневните часови. Со групата се упатуваме кон директен разглед на градот со лиценциран локален водич. Прага како град со прекрасна архитектура, уникатности и знаменитости претставува срцето на Европа. Изобилува со убавини од кои застанува здивот на секој турист. Со нашиот локален водич ќе ви ја доловиме Прага во вистинска смисла, ќе се прошетаме низ тесните улички кои му даваат посебен изглед на градот кои не водат до плоштадот Стар Град каде се наоѓа едно од главните обележја на Прага а тоа е секако Астрономскиот часовник Орлој. Ќе имате можност да ги посетите и Народниот театар, Народниот музеј, величествената катедрала Св.Вит која исто така е главен симбол на градот, златната улица, премин преку реката Влтава која е најдолгата река во Чешка и ги поврзува стариот и новиот дел на градот со повеќе мостови меѓу кои најпознат е Карлов мост.После разгледите се сместуваме во хотел. Слободно време за индивиидуални активности и прошетки. Ноќевање.

12.03.2022 – Појадок. После доручекот имаме факултативно прошетка до Карлови Вари кој е најпознат бањски центар во Чешка кој го добил името по светиот римски цар Карло IV Луксембуршки кој го основал градот во 1370 година. Слободно време за прошетки и разгледи. Во попладневните часови сме во Прага и наш предлог е крстарење со брод по Влтава (крстарењето трае околу 1 час). Враќање во хотел. Ноќевање.

13.03.2022 – Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPING CENTER FREEPORT. По пристигнувањето во Виена ќе имаме слободно време за прошетки низ центарот на градот. Во договорено време со водичот поаѓање према Македонија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Македонија во предпладневните часови на 14.03.2022

Промо цена до 15.02.2022 –129 €

Редовна цена – 149 €

Во цената е вклучено:

  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* (Хотел Глобус) – во близина на трговски центри, маркети, Lidl, Decathlon
  • вклучен автобуски превоз на дадената релација
  • посета на трговски центар
  • органзација на патувањето лиценциран пратител за време на целото патување

Во цената не е вклучено:

  • Разглед на Прага со локален водич – 10 €
  • Факултативен излет до Карлови Вари – 25 €
  • Крстарење во В’лтава – 20 €
  • Туристичка такса 2 € по лице по ден

Напомена:

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина (ASTRAZENECA, COVID SHIELD, JANSSEN, MODERNA & PFIZER), ПЦР тест – не постар од 72 часа, брз тест – не постар од 48 часа или СЕРТИФИКАТ за прележан COVID 19 (не постар од 180 дена од денот на влегување во ЕУ).
  • Патувањето мора да биде со валиден пасош не постар од 3 месеци од денот на враќањето односно од денот на завршување на аранжманот
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот. 
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ