You are currently viewing ADRENALINE TOUR

ДЕН 1 

Собир на групата во утринските часови во зависност од местото на поаѓање Битола или Прилеп.

Нашето патување го започнуваме во Прилеп потпочно со качување по Марковите Кули прогласен за Споменик на природата од бројни денудациони форми коишто претставуваат извонредна скулптура на релјефот каде што се  наоѓал и дворецот на кралот Волкашин и Марко. По завршетокот на качувањето слегуваме во Градот каде што би имале слободно време за одмор, кафе и капење доколку има заинтересирани и доколку се добри временските услови.

Околу пладне се упатуваме кон познатиот ресторан Крпачев Камен еден каде што ќе можеме да уживаме во убавините на природата и шепотот на малата река која што течи низ самиот ресторано сето зачинето со жива музика. Тука ќе можеме да се одмориме и да пробаме голем дел од традиционалните јадења кои што се приготвуваат во овој ресторан почнувајќи од печено свинско месо, кукурец како и свежа риба приготвена на познатиот прилепски начин додека за ентузијастите после ручекот продолжуваме нагоре по планината по козја патека каде што се качуваме високо над ресторан каде што се наоѓа прекрасен видиковец од каде што се гледа преубавиот зелен пејсаж а во позадина се наоѓаат пештери каде што во времето на НОВ се криеле партизаните.

Во договор се групата се упатуваме веќе кон Битола или кон познатото Село Дихово поточно во вила Дихово каде што ќе го понудиме и првото ноќевања ( вилата е направена во традиционален стил за чиј што има добиено многубројни награди и сертификати и е на мапата на Lonely Planet како една од must 100 дестинации во светот што треба да се посетат. е на мапата на Lonely Planet како една од must 100 дестинации во светот што треба да се посетат. Тука ќе уживаме во преубавиот двор на вилата и ќе имаме уникатна традиционална вечер со запален логорски оган и приготвена традиционална храна, се од органско производство, зачинето со тивка музика и преубав поглед на звездите а и на Битола. Ноќевање

 

Ден 2 Појадок во раните утрински часови

После појадокот повторно во помали групи сите организирано со џипови се упатуваме кон познатиот врв Пелистер но овој пат одиме во посета на Големото Езеро . Патувањето кон Големото Езеро трае некаде околу 2 часа каде што попатно ќе го посетиме Малото Езеро и ќе направиме пауза на преубавиот Видиковец од каде што се гледа скоро целото Преспанско Езеро. Пристигнување на Големото Езеро и време за ручек . Слободно време за одмор и друштвени игри каде што овој пат ќе ноќеваме во планинарски дом и ќе ја доловиме природата од прва рака. Ноќевање

 

Ден 3. Појадок на планина.

Во утрински часови со џиповите слегуваме од Пелистер и се упатуваме кон Битола каде што ќе не чека и нашиот превоз за Преспа. Продолжуваме кон селото Коњско во Преспа каде што веќе не чекаат нашите кајчиња за познатиот остров Голем Град. Но тука имаме 2 опции едната е слегување со џипови до Битола или поаѓање во раните утрински часови до село Љубојно во Преспа ( патување кое што одзема околу 4 часа) по пристигнувањето во Брајчино групата ќе биде преземена од автобусот и превезена до с. Коњско и Голем Град( каде што во период од 2 часа ќе ги посетиме најпознатите места на истиот) едно од најатрактивните места за оние чии интересирања се насочени кон откривањето и исражувањето на остатоците на населбите од неолитот, старомакедонското и римското време (некропола) и средновековието. Освен римската некропола, откриени се шест цркви постоеле дванаесет. Островот впрочем бил континуирано населен 2000 години, а манастирскиот живот се одвивал од X до XIV век. Меѓу пронајдените цркви, од особен интерес е онаа подигната и живописана во XIV врз темели на римска цистерна за вода, освен сочуваната црква Св. Петар, средновековната црква Св. Димитрија, постои и ранохристијанската базилика од крајот на IV и почетокот на V век, каде се откриени остатоци од поден мозаик.

По разгледот на познатиот остров Голем Град се упатуваме кон Отешево поточно кон познатиот ресторан Lake View од каде што ќе имаме преубав поглед кон Преспанското Езеро како и кон самиот остров. Слободно време за индивидуални прошетки околу езерото одмор и ручек.

По паузата на заинтересираните ќе им понудиме факултативно кајакарење по Преспанско езеро во времетраење од околу 1 час каде што долж брегот ќе ја доловиме недопрената природа на Преспа и нејзините убавини.

После појадокот се упатуваме кон Општина Пустец позната по големиот број на македонско население кое што живее тука. Тука ќе го поминеме нашиот ден, првично почнувајќи со разглед на општината поточно на селата припаѓаат на оваа општина, Глобочани, Пустец, Зрноско. Тука малку повеќе ќе научиме за традицијата на населението за нивните печалбарски денови како и за она со што тие денес се занимаваат и работат во околината. Тука ќе им помогнеме во берење на чај, зеленчук , овошје ( во зависност од условите) ќе ни кажат за нивните традиционални јадења и рецепти како и за нивното секојдневие како тие ораат ниви ( со плуг и магариња), дека не користат современа механизација, ќе им помогнеме во берење на свежи јајца и ќе ни покажат како прават свое домашно сирење, ќе пробаме да молзиме крава и да пробаме свежо кравјо млеко, на крајот ќе пробаме од нивното домашно вино или ракија и ќе посетиме една мала локална фарма за пчели чиј што сопственик ќе ни каже како го собира медот од пчелите и како се произведува мед за се на крајот на дегустираме.

После обиколката ќе се упатиме во селото Зрноско/Горица на самиот брег на Преспанското Езеро а тука ќе се запознаеме со начинот на ловење риба во раните утриснки часови. Ќе учествуваме во процесот на подготовка на истата а вистинско задволство за љубителите на риба ќе биде дегистација на свежа преспанска риба ( наша препорака би бил Преспанскиот крап).Сето тоа со по една чашка домашно бело вино и за на крај да се напиеме и едно традиционално македонско кафе. Во попладневните часови поаѓаме кај последното село од нашата прошетка низ Пустец а тоа е селото Глобочани, каде што ќе го посетиме ново изградениот Музеј во чест на Стерјо Спасе еден од најзначајните претставници на современата албанска литература но од македонско потекло.

Поаѓање за Р. Македонија во доцните пладневни часови

 

Цена: 199 Евра

Во цената на аранжманот е вклучено:

Организиран превоз со џипови во Мермерно Езеро

1 ноќевања на база Ноќевање со појадок во Вила Дихово

1 Ноќевање во Планинарскот Дом на Големи Езера

Организиран превоз со џипови до Големи Езера

Автобуски Превоз на останатата релација

Возење со чунови до Островот Голем Град на Преспанското Езеро

Организиран Ручек во с. Зрноско или село Горица

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Ручек во ресторанот Крпачов Камен по мени

Вечера во Вила Дихово (20 евра по лице)

Breakfast и Lunch Пакети при посетатата на Големото Езеро .

Кајакарење по брегот на Преспанското Езеро ( во завислоност од временските услови)

Сите останати услуги неспенати во понудата

Влезници за Не Горенаведените Локалитети.

Напомена:

-Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби валидни за најмалку 2 лица во соба. Додека во планинарскиот дом сместувањето е во соба со 6-7 лица ( во зависност од моменталнатата расположливост)

-За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
-Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

1 Еуро = 62 МКД

Ова патување е препорачливо за помлади лица или Лица кои што се занимаваат со Активно Планинарење

Важат општите услови за патување на С-ТРАВЕЛ , ЈК ТРАВЕЛ И СКТМ