Вила Agios Georgios – Фурка  2020

Цени: од 69 €
Локација: Фурка, Грција
Траење: 7 ноќевања

Вила Agios Georgios се наоѓа во прекрасното гратче Фурка на 70m од плажата. Има прекрасно уреден двор со многу зеленило, маслинки, опремен со детски играчки и скара на користење, ТВ и дел за дружење. Во близина на вилата има маркети,  гиро, продавници за сувенири, кафе-барови. Вилата е исполнета со пријателска и пријатна атмосфера, која ја прават  идеалена за парови и семејства кои бараат релаксирачки одмор.

Опис на објектот: Располага со

  • 1/3 студио: три единечни кревети
  • 1/4 мезонет: мезонет на два спрата, два единечни кревети на првиот спрат и два единечни на вториот спрат (со можност за дополнително легло)

Студијата се опремени комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, тоалет, ТВ, клима, големи тераси и wi-fi. 

Check in:   14:00h.
Check out: 10:00h.

 

GPS Координати: 40.002317, 23.383428

Предлог посета на места:Доколку сакате да уживате во убавините на белата песок, мирното море и денските забави на само 20km од Фурка се наоѓа Sani Beach, плажа со бел песок и мирис на борови кои ги негува сите сетила. Се работи за одлично организирана плажа, која неколку пати добивала „сино знаменце“. Многу често, на оваа плажа се организираат забави со познати диџеи.  А доколку сакате да уживате во Карипски стил на само 17km од Фурка се наоѓа, плажата Molos Beach Bar во Ханиоти. Опкружен со зеленило и убаво уреден парк, одличен е за активности на отворено како и терен за тенис и фудбал. Плажа има обезбеден паркин, гардероба и тоалет. Песочна плажа со чиста водата, уредена со лежалки и чадори за сонце. Во текот на сезоната, барот е исполнет нон стоп, посебно во времето на викендите. Ако сакате да го почуствувате Африканскиот стил тогаш Elephnat Beach Bar во Пефкохори е идеалното место за вас. Од Фурка е одалечено 21km. Elephnat Beach Bar е една од најпопуларните плажи на Халкидики. Етничката декорација со удобни дрвени лежалки и перници ги замаглуваат очите уште од првиот момент, а во комбинација со сините води создаваат посебно чувство. Преубаво кафе, врвни освежувачки коктели и вкусни закуски се некои од опциите што ги нуди. Исто тука се наоѓа и уште еден прекрасен бар Umbrellas Beach Bar . А во непосредна нивна близина, а од Фурка одалечено 27km се наоѓа Cabana Beach Bar во Палиури. Кристално чистa водa и сертифицирани академии за нуркање, плишани перници и позитивни вибрации се дел од имотот на Cabana Beach Bar. Тоа е место за убаво летно расположение и незаборавно искуство на плажа.
За младите кои што сакаат ноќни забави на 10km од Фурка се наоѓаат најдобрите летни ноќни клубови во пошироката област на Халкидики, Night Club Pearl и Ahoy Summer Night Club. Ветуваат незаборавни ноќи за време на Вашиот престој на Халкидики. Меѓународните и Грчките хитови за денс музика ветуваат врвна забава која трае до утрото. Влезницата е  10€.
Исто така не пропуштајте да го посетите најубавото гратче на Халкидики- Афитос, кое е одалечено 12km од Калитеа. Афитос се разликува пo својата архитектура, камените куќи, неколкуте цркви, традиционалните таверни и улиците со калдрма. 

-25% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА НАПРАВЕНА И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНА ДО 30.12.2019
-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА НАПРАВЕНА И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНА ДО 28.02.2020
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА НАПРАВЕНА И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНА ДО 30.04.2020

период ноќевања 1/2 студиоа 1/3 студио 1/4 студио коментар
23.05 – 30.05 7  69 79 89 ПРОМО
30.06 – 06.06 7  99 109 119 ПРОМО
06.06 – 13.06 7 159 169 179  
13.06 – 20.06 7 199 209 229  
20.06 – 27.06 7 259 269 289  
27.06 – 04.07 7 279 289 309  
04.07 – 11.07 7 299 309 319  
11.07 – 18.07 7 339 349 379  
18.07 – 25.07 7 339 349 379  
25.07 – 01.08 7 339 349 379  
01.08 – 08.08 7 339 349 379  
08.08 – 15.08 7 339 349 379  
15.08 – 22.08 7 339 349 379  
22.08 – 29.08 7 299 309 339  
29.08 – 05.09 7 239 249 259  
05.09 – 13.09 7 119 129 129 ПРОМО
13.09 – 20.09 7  79  89   99 ПРОМО

Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.

На Промо цените не следува попуст и попуст за последователни термини, првите два и последните два термини се ПРОМО.

Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Фурка чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон – 30еур по лице
  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола – 30еур по лице
  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 35еур по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 30еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики

  • Скопје (Дрводекор) – 35еур по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 40еур по лице
  • Струмица (БП Макпетрол кај нов кружен тек)-Трансфер до Удово – 40еур по лице
  • Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35еур по лице
  • Удово (бензинска пумпа Удово) – 35еур по лице
  • Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 35еур по лице

Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена за Скопје, 15еур Битола и Прилеп
Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Возрасни лица над 63 год 10еур попуст

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ Сабота

  • 5:00 h Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
  • 4:15 h Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
  • 3:15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
  • 3:45 h Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола
  • 3:30 h Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
  • 4:15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трасфер до Битола

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ Сабота

  • 04:40 h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес
  • 06:00 h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) –Трансфер до Удовo
  • 05:00 h Скопје (Дрводекор)
  • 05:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
  • 06:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
  • 06:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово)
  • 07:00 h Граничен премин(бензинска пумпа Шимов)

ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА Сабота/Недела

  • 15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
  • 14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
  • 14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
  • 14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори
  • 16:00 h локално време,(15:00 h мак.време) Неа Потидеа
  • 16:20 h локално време, (15:20 h мак.време) Неа Флогита

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 денапред реализацијата на аранжманот.

Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање.Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирањ е ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.
На промо цените не следува попуст за рана резервација и за два последователни термина, и истата се резервира со 30% аконтација, Првите два и последните два термина се промо цени.

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин,
  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Во АПП/СТУДИО е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Важат Општите услови на Т.А. С-Травел.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.  Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.