Хотел Аквалина 4* – Охрид  НОВОГОДИШНА ПОНУДА 2021

Хотел Аквалина 4* – Охрид 

НОВОГОДИШНА ПОНУДА 2021

ОПИС:

Хотел Аквалина се наога во туристичката населба Св.Стефан оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец Охрид- Св.Наум.Комплексот на хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна. Ваквата местоположба Ви дава можност да поминете незаборавен одмор во стилот на модерното опкружување.

Сместување:
1 Апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски лежај ,7 соби со џакузи и француски лежај, 64 двокреветни соби,6 трокреветни соби.
Сите соби се опремени со ЛЦД ТВ , кабловска телевизија,телефон,WI-FI ,купатило,фрижидер,услуга во соба. Исто така располагаме со сопствен паркинг кој е бесплатен за нашите гости.

ПАКЕТ АРАНЖМАН 3 НОЌЕВАЊА Двокреветна соба Двокреветна соба со џакузи/сауна
Услуга – Ноќевање со доручек

 

96 еур по лице 126 еур по лице

 

  • Доплата за вечера – 10 еур по лице
  • Доплата за еднокреветна соба – +30% 
  • Попуст за деца до 8 години – -30% 
  • Туристичка такса и Ддв се вклучени во цената 

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ