You are currently viewing Хотел Аквалина 4*, Охрид – Новогодишен Пакет

Хотел Аквалина се наога во туристичката населба Св.Стефан оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец Охрид- Св.Наум.Комплексот на хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна. Ваквата местоположба Ви дава можност да поминете незаборавен одмор во стилот на модерното опкружување.

Сместување:
1 Апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски лежај ,7 соби со џакузи и француски лежај, 64 двокреветни соби,6 трокреветни соби.
Сите соби се опремени со ЛЦД ТВ , кабловска телевизија,телефон,WI-FI ,купатило,фрижидер,услуга во соба. Исто така располагаме со сопствен паркинг кој е бесплатен за нашите гости.

Конференции :
Хотел Аквалина располага со повеке сали и простории за одржување на конгреси,симпозиуми,семинари и бизнис средби.
Капацитеот на салите е од 30 до 150 седишта,целосно опремени за непречено одржување на вашите настани.

Спортски терени:
Хотел Аквалина располага со 2 спортски терени комбиниран за мал фудбал,кошарка, ракомет, тенис, одбојка,и еден терен за голем фудбал.
Терените ги задоволуваат потребите за одржување на секакви спортски приредби,а особено идеални за припреми на спортски екипи.

Плажа:
Хотел Аквалина располага со соптвена плажа. Во склоп на плажата работи и бар со капацитет од 100 седишта каде во секое време на денот може да се освежите со алкохолни и безалкохолни пијалоци со звуците на тивка и пријатна музика.Плажата е опремена со лежалки и чадори за сонце.
гостите можат да уживаат во отворен базен со лежалки и бесплатна услуга за пешкири.  бар-услуга е достапна во двата базени со вкусни сендвичи, свежи салати, коктели и ладни пијалоци.
Плажата во летниот период е комплетно покриена со професионални спасувачи на вода.

Ресторан :
Хотел Аквалина располага со сопствен ресторан со околу 220 седишта погоден за фамилијарни веселби крштевки,родендени и свадби.Во склоп на хотелот работи и летна тераса која ви овозможува прекрасен поглед кон езерските бистри води.Врвните специјалитети на нашата кујна ке ви овозможат еден пријатен и незаборавен одмор.

 

Тип на соба: 2 ноќевања- полупансион:   3 ноќевања- полупансион:
Двокреветна   129 € 169 €
Двокреветна со џакузи 139 € 189 €
Двокреветна со сауна 139 € 189 €

Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари

  • Свечена Новогодишна вечера 31.12.2021 – неограничен пијалок
  • Реприза 01.01.2022 – неограничен пијалок
  • 30.12.2021 или 02.01.2022 – стандардна вечера

Цената вклучува:

  • 2 или 3 ноќевања Вечера 30.12.2021 или 02.01.2022 (стандардна)
  • Вечера 31.12.2021 – неограничен пијалок
  • Вечера 01.01.2022 – неограничен пијалок
  • Користење клима уред
  • Користење безжичен интернет
  • Туристичка такса
  • Паркинг

Цената не вкучува:

  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци

Доплати и попусти:

  • Деца од 7-11,99 години, попуст 30% (во брачен кревет)
  • Доплата за еднокреветна соба +40%

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ