Амстердам – Urban Trip 2019

 

Амстердам – Urban Trip 2019

термин 13-16.03.2019

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
279 ЕВРА 

Ви ги претставуваме Urban trips како еден поинаков концепт на патување.

Се движиме во мали групи од  околу 15 луѓе. Се сместуваме во буџет хотели/хостели, користиме јавен превоз и го доживуваме местото како локални жители.

Малите групи ви дозволуваат слобода на движење и слобода да го искористите вашето време и вашите пари онака како што вие сакате.

Релаксирани пешачки тури низ градовите и предлог места за посета од вашиот придружник кој ќе ви го посвети целото внимание без да се чуствувате изгубени во толпата луѓе.

Мали групи, големи доживувања.

 

13.03.2019 (среда) СОЛУН – АМСТЕРДАМ

Состанок со групата на аеродромот во Солун во 11:00 часот по локално време (GMT+2). Полетување за Амстердам во 13:25, пристигнување во 14:35 на Schiphol Airport. Трансфер и сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуален разглед на градот. Ноќевање.

 

14.03.2019 (четврток) АМСТЕРДАМ

Појадок. Можност за индивидуален или организиран разглед на градот (пешачка тура со локален водич на англиски јазик). Разглед на стариот дел на градот, плоштад Дам, Кралската палата, Музејот на Мадам Тисо, Новата Црква, Плоштадот Рембрант, Еврејскиот кварт, Begijnhof, познатиот ‘Red light district”… Попладне факултативна посета на Heineken experience. Ноќевање.

 

15.03.2019 (петок) ХАГ/РОТЕРДАМ

Појадок. Можност за индивидуален факултативен излет до Хаг или Ротердам. Препорачуваме полудневна тура до Хаг (посета на стариот дел, парламентот, палатата на мирот каде се наоѓа Хашкиот трибунал), или целодневна тура до Ротердам (најголемото пристаниште во Европа со модерна архитектура: посета на кулата Euromast, Еразмус мостот, Kijkskubus (комплекс на станови во вид на криви коцки), Markthal). Слободно време во Амстердам. Ноќевање.

 

16.03.2019 АМСТЕРДАМ – СОЛУН

Трансфер до аеродром во 05:00 часот. Полетување за Солун во 07:05 и пристигнување во 11:00 часот.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 279 ЕВРА

 

Во цената е вклучено:

  • Авионски превоз на наведената релација со авиокомпанијата Transavia
  • Аеродромски такси
  • Рачна торба до 10 кг. (димензии 55 x 40 x 25 cm)
  • 3 ноќевања во хотел со 3* во Амстердам (King’s Court или сличен)

             (сместување во четворокреветни соби)

  • трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • придружник од Македонија во текот на целото патување
  • организација и реализација на аранжманот
  • корисни информации и предлог места и настани за посета во Амстердам (ресторани, музеи, тури, друго)

 

Во цената не е вклучено:

  • Трансфер до аеродромот во Солун (можност за доплата за трансфер со цени од 50 евра за повратен трансфер, повеќе информации во агенција)
  • Доплата за чекиран багаж од 15 кг (40 евра за двата правци)
  • Доплата за сместување во трокреветна соба – 25 евра по лице
  • Доплата за сместување во двокреветна соба – 50 евра по лице
  • Туристичка такса – 3-4 евра по лице на ден, се плаќа во хотелот
  • Влезница за Heineken experience – 22 евра (задолжителна резервација и уплата во агенција)
  • Крстарење по каналите на Амстердам – 20 евра
  • Влезници во музеи, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување

 

Распоред на летови:

13.03.2019                                                                                           16.03.2019

HV5808 Thessaloniki – Amsterdam (Schiphol)                     HV5807 Amsterdam (Schiphol) – Thessaloniki

13:25 – 15:35                                                                  07:05 – 11:00

 

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИ:

Карти за локален превоз – 28 евра за 72 часа

Изнајмување на велосипед – 28 евра за 72 часа

Повратна автобуска карта до Хаг – 15 евра

Повратна автобуска карта до Ротердам – 25 евра

Паркинг на аеродромот во Солун за 4 дена – 28 евра (www.skg-airport.gr)

Влезници во музеи: Куќата на Ана Франк – 11 евра (само онлајн); Музејот на Ван Гог – 19 евра, Rijksmuseum – 19 евра, Мадам Тисо – 25 евра

 

НАПОМЕНА: Цените за факултативните екскурзии, музеи, паркингот на аеродром… се од информативен карактер и се подложни на промени.

 

УСЛОВИ:

 

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи агенцијата не сноси одговорност.

Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.

Агенцијата не е надлежна да ја цени исправноста на патните документи.

Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.

 

Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. С-ТРАВЕЛ