You are currently viewing Апарт Хотел Декавил – Геракини 2023

Апарт Хотел Декавил – Геракини 2023

ОПИС:

       Апарт-хотел Декавил се наоѓа на влезот во Геракини, оддалечен е околу 30 метри од најубавиот дел на песочната плажа. Апарт хотелот се состои од  двокреветни, 1/2+1 со фотеља на расклопување (погодна за деца до 11,99год) 1/2+1 со кревет на извлекување (големина за возрасен)  и четворокреветно студио (на приземје) , останатите соби се лоцирани на приземје, први и втори кат, дел од нив гледаат странично на море. Исто така една двокреветна соба има можност за сместување на лице со посебни потреби, т.е има механизам за влез во соба преку тераса, доколку користи количка за движење. Собите се опремени со квалитетен мебел и новоизградени, комплетно опремени кујни, сопствен тоалет, ТВ, клима која се доплаќа во објектот (5 евра на ден) и интернет вклучен во цената. Во склоп на вилата има мал ресоран, каде се служи кафе и пијалоци, наутро може да се подготви појадок по пристапни цени (ладен и топол појадок)

Координати: 40.27074260478382, 23.44301272883603

ПОПУСТИ:

-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.12.2022

(напомена: првите два и последните два термина се промо цени и не подложат на попуст)

ЦЕНОВНИК:

GERAKINI – DECAVILLE

НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА

  1/2 gv 1/2 ssv 1/2+дете ssv 1/2+1 возр 1/3 стд 1/4 студио
20.05-27.05.2023 79 99 109 129 159 179
27.05-03.06.2023 119 139 149 159 199 219
03.06-10.06.2023 179 199 209 229 239 259
10.06-17.06.2023 259 279 289 299 319 339
17.06-24.06.2023 289 309 319 329 349 369
24.06-01.07.2023 349 369 379 389 409 429
01.07-08.07.2023 409 429 439 449 479 499
08.07-15.07.2023 409 429 439 449 479 499
15.07-22.07.2023 409 429 439 449 479 499
22.07-29.07.2023 469 494 509 519 559 579
29.07-05.08.2023 469 494 509 519 559 579
05.08-12.08.2023 469 494 509 519 559 579
12.08-19.08.2023 459 469 479 489 529 559
19.08-26.08.2023 319 339 349 359 409 429
26.08-02.09.2023 279 299 309 319 369 389
02.09-09.09.2023 189 209 219 229 259 279
09.09-16.09.2023 159 179 189 199 219 239
16.09-23.09.2023 99 119 129 139 149 169
23.09-30.09.2023 69 89 99 109 119 129

Во цената е вклучено:

  • 7 ноќевања за наем на соба
  • Интернет (за јачината на истиот агенцијата не гарантира и не одговара)

Во цената не е вклучено:

  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Клима уред – 5€ на ден (се плаќа во објектот)
  • Туристичка такса: 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

ПРЕВОЗ:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ситонија – Геракини (секоја САБОТА):

Скопје (Дрводекор) – 50еур по лице
Велес (БП Макоил) -50еур по лице
Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 65еур по лице
Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –50еур по лице
Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 50еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Ситонија:

  • Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 50еур по лице
  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –50еур по лице
  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –60еур по лице
  • Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 70еур
  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 60еур по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 60еур по лице
  • Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
  • Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

Агенцијата го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во  во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%  или промена на цената на горивата. 

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта или пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање за резервации направи по редовна цена.
  • Комплетна доплата до 01.06.2023 за резервации направи по промотивна цена.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин.
  • Попустите не може да се комбинираат.
  • На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
  • Можност за плаќање од 6-12 рати преку СН кредити.
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената. По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

СЛИКИ:

Важат Општите услови на СКТМ и ТА С-ТРАВЕЛ