Semeеn hotel Apart Hotel Medite 3* Ботаника – Sandanski
Сандански е град на југозападот на Бугарија, во подножјето на Пирин планина на само 40 км од Македонската граница. Овај регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу сончеви денови во годината. Тука се наоѓаат над 80 минерални извори со температура од 33°С до 83°С со ниска минерализација и успешно се користат за третмани на најразлични болести.
Хотел Медите е сместен во мирниот дел на Сандански и нуди уникатен панорамски поглед кон градот. Составен е од главна зграда со 5*, помошна зграда Апарт Медите со 3* и посебен комплекс на луксузни вили со 5*. Сите гости имаат пристап до базените и спа центарот, како и ресторанот за појадок, ручек и вечера кој се наоѓа во главната зграда на хотелот.
Бесплатен шатл автобус е на распологање на гостите за транспорт до центарот на градот и назад (според распоред на рецепција).
Редовен ценовник 01.12.2020- 31.12.2021 (не важат за празници)
Тип на соба | Цена за наем |
Двокреветна соба (DBL 2 ADL + 1 CHD/ADL) 19 кв.м | 24 € |
Еднокреветна соба (SGL 1 ADL ) 19 кв.м | 19 € |
Студио (2 ADL + 1 CHD/ADL) 38 кв.м | 39 € |
Едноспален апартман (2 ADL+1 CHD/ADL) 64 кв.м | 43 € |
Двоспален апартман (4 ADL+1 CHD/ADL) 84 кв.м (цената е за 4 лица) | 53 € |
ДОПЛАТИ: | |
Дете до 1.99 год. | бесплатно |
Дете од 2-11.99 год. на дополнително легло со 2 возрасни | 5 € |
Возрасен на дополнително легло – доплата | 11 € |
Дете до 1.99 год. на редовно легло со 1 возрасен | 19 € |
* Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 мкд
Цената вклучува:
- Ноќевање
- Паркинг, сеф на рецепција
- Туристичка такса
-Доплата за ПОЈАДОК на шведска маса :
возрасен 6€ , дете од 2-11.99 год 4€
-Доплата за користење на базени и сауна парк во Спа Ресорт Медите 5* :
10€ по човек на ден, дете од 2-11.99 год 5€
Базени
Внатрешен базен 12 x 8 m, висина 1.4 m, температура на вода 28-30°C .
Отвoрен во период: Лето: 09:00 – 21:00 и Зима – 09:00 – 19:00 (20:00 во петок и сабота)
Надворешен базен, висина 1.8 m, температура на вода 28-30°C .
Отвoрен од мај до септември. Надворешен детски базен со висина од 80 cm.
РАЗГЛЕДИ во близина на Сандански
Рилскиот манастир, еден од најголемите манастири во Бугарија. Изградена во 30-тите години на
Х век. Денес Рилскиот манастир е дел од светското наследство на УНЕСКО, со својата автентична атмосфера, бесценети икони и резби, привлекува посетители од целиот свет. Рилски манастирот се наоѓа меѓу миризливи борови шуми на планината Рила, 63 км. од градот Сандански.
Мелник – “градот на виното” е најмалиот град во Бугарија со население од само 230 жители. Мелник е место со богато историско наследство, пријавен за културно-историски резерват и градски музеј. Мелник исто така е прочуен по своите висококвалитетни вина. Мелник е оддалечен 20 км. од Сандански.
Рожденски манастир, 7 км. од Мелник, е вториот по големина манастир во Бугарија по Рилскиот манастир. Со своите уникатни резби и витраж, тој е вистински ремек-дело на средниот век.
Природниот резерват Рупите со својата уникатна природа, фауна и термални извори е на само
15 км. од Сандански. Во Рупите можете да ја посетите куќата на најпознатиот бугарски пророк Ванга. Во самата близина по волјата на баба Ванѓа, во 1992 година е изграден храм-споменик “Света Петка Бугарска” – еден од 100-те национални туристички објектот во Бугарија. Рупите е кратер на угаснет вулкан. Постојат остатоци од древниот град Хераклеја Синтика.
Важат општите услови за патување на Т.А. С-ТРАВЕЛ