You are currently viewing Apart Hotel Vicky – Ханиоти 2025

Apart Hotel Vicky – Ханиоти 2025

Опис

ОПИС:

Ако сакате вашиот престој, да го поминете уживајќи покрај море, покрај кристално чиста вода и белата песок на плажата, во истражување на богатата историја, уживајќи во врвната гастрономија, ХАНИОТИ е идеален избор за вашиот незаборавен одмор или подолг престој. Препознатливо е по космополитската атмосфера, традиционалното се меша со модерните европски трендови. Ханиоти е место кое гарантира релаксирачки и незаборавен престој, има голем број хотели, апартмани и вили, бутици, продавници, бројни ресторани, кафе барови и традиционални таверни што ќе го задоволи секое семејство, исто така има и модерни барови и денс- клубови кои нудат вечерна забава за сите возрасти, а разновидните продавници и бутици нудат можност за шопинг интересен за туристите од сите возрасти.Овде имате можност за факултативни излети и екскурзии, така што можете да ги посетите Света Гора, Метеорите, заливот Торонеос.

Локација: 300 м. од плажа, 100 м. од центар.
Сместување: Студија за три и четири лица на приземје.
Опрема: Кујна комплет за соодветниот број на гости, ТВ, клима, бања, тераса, WiFi, фен…
Лежишта: Класични единечни и француски кревети.
Содржини: Рецепција, двор, базен, лежалки и чадори за сонце покрај базен.
Клима: се доплаќа 5 евра на ден по сместувачка единица.

СТУДИО бр. 19 приземје 1/3       франциски лежај + 1 единечен кревет
СТУДИО бр. 20 приземје 1/4       франциски лежај + 2 единечни кревети
СТУДИО бр. 21 приземје 1/4       франциски лежај + 2 единечни кревети
СТУДИО бр. 22 приземје 1/4       франциски лежај + 2 единечни кревети
СТУДИО бр. 23 приземје 1/3+1   франциски лежај + 1 единечни кревети(можност за помошен лежај за дете до 12г)

Важна напомена: Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Агенцијата не е одговорна за брзината на интернетот или јачината на сигналот поради технички проблеми.
Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

  • Check in:    14:00h.
  • Check out:  09:00h.

GPS: 39°59’50.9″N 23°34’36.3″E

Одалеченост:

  • Agia Paraskevi Church — 6 km 
  • Кohili boutique — 3 km 
  • Pefkochori Beach — 3 km
  • Hanioti Beach — 400 m
  • Polichrono Beach — 4.7 km

ПОПУСТИ:

20% попуст за резервација  со целосна уплата до 02.12.2024
15% попуст за резервации со 50% уплата до 20.12.2024 (целосна уплата до 31.01.2025)
10% попуст за резервации со 50% уплата до 20.12.2024 (целосна уплата до 15.03.2025)
5% попуст за резервации со 50% уплата до 20.12.2024 (целосна уплата до 31.04.2025)

Ценовник

 ЦЕНОВНИК:

Цена за НАЕМ на студио/апартман за 8 дена 7 ноќевања

Период Ноќи 1/3 студио 1/3+1 студио 1/4 студио Коментар
18.05-25.05.2025 7 89€ 109€ 119€ промо
25.05-01.06.2025 7 109 149€ 169€ промо
01.06-08.06.2025 7 179€ 199€ 219€  
08.06-15.06.2025 7 249€ 269€ 289€  
15.06-22.06.2025 7 289€ 349€ 369€  
22.06-29.06.2025 7 339€ 389€ 409€  
29.06-06.07.2025 7 379€ 419€ 449€  
06.07-13.07.2025 7 419€ 459€ 489€  
13.07-20.07.2025 7 489€ 539€ 569€  
20.07-27.07.2025 7 489€ 539€ 569€  
27.07-03.08.2025 7 489€ 539€ 569€  
03.08-10.08.2025 7 489€ 539€ 569€  
10.08-17.08.2025 7 489€ 539€ 569€  
17.08-24.08.2025 7 449€ 489€ 519€  
24.08-31.08.2025 7 399€ 439€ 479€  
31.08-07.09.2025 7 329€ 369€ 409€  
07.09-14.09.2025 7 269€ 299€ 339€  
14.09-21.09.2025 7 179€ 209€ 239€ промо
21.09-28.09.2025 7 109€ 149€ 169€ промо

Цените се во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мк

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.
При резервации се уплаќа аванс од 50% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Во цената е вклучено:

  • 7 ноќевања 
  • Интернет (за јачината на истиот агенцијата не гарантира и не одговара)
  • Просторија и бања каде последниот ден можи да се користи додека да пристигнат автобусите.
  • Базен и лежалки покрај базен

Во цената не е вклучено:

  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Паркинг
  • Клима уред 5 еур на ден (се плаќа во објектот)
  • Туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Слики

Превоз

ПРЕВОЗ:

 Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од

Цена по лице за превоз  Скопје-Халкидики – НЕДЕЛА време на поаѓање цена
Скопје – Дрводекор 04:00 50 €
Велес – (кружен тек на влезот-БП Макпетрол)  04:30 50 €
Штип – (паркинг пред пошта), трансфер до Велес 03:40 65 €
Неготино – (БП Неготино) 05:00 50 €
Граничен премин – (БП Шимов) 06:00 50 €

 

Цена по лице за превоз  Битола- Халкидики – НЕДЕЛА време на поаѓање цена
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 04:00 45 €
Прилеп – (БП Селида),  трансфер до Битола 03:15 45 €
Струга – (Хотел Дрим), трансфер до Битола 02:15 55 €
Охрид – (БП Лук Оил излез кон Битола), трансфер до Битола 02:30 55 €
Ресен – (спроти автобуска станица), трансфер до Битола 03:15 55 €

Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Час и место на поаѓање од Грција

локално (грчко)  време македонско време летовалиште
15:00 14:00 Калитеа
14:45 14:00 Полихроно
14:30 13:30 Ханиоти
14:15 13:15 Пефкохори

 

Локација

Останато

Останати услови и попусти:  

  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
  • На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Отказ на резервации:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

 Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и ТА С-ТРАВЕЛ