You are currently viewing Апарт хотел Парк Голден Вју 4* – Охрид 2023

Апарт хотел -Парк Голден Вју – Охрид  2023

ОПИС:

Позиционирани сме на најидеалниот дел од езерскиот брег доколку вашата желба е да престојувате во хотел кој граничи со езерото, кое пак граничи со небото, а и двете граничат само со вашата имагинација. Токму затоа со задоволство ја извршуваме улогата на пасошка контрола при преминувањето на овие граници. Се наоѓаме на само 3 километри од Охрид, затоа не ви ни треба автомобил за да стигнете до центарот на градот, но доколку сакате без проблем може да изнајмите во самиот хотел.
Како логистичка поддршка за нашите 27 апартмани, 19 двокреветни соби и 3 резиденцијални (претседателски) апартмани, го имаме ресторанот со 220 места, поделени на идеална половина внатре и на терасата покрај преубавото езеро. Важно да се знае: ако премногу ви се допадне собата / апартманот во кој престојувате, толку многу што би посакале да е ваша сопственост, ќе ве потсетиме уште еднаш дека ние ги исполнуваме сите ваши желби. Безжичниот интернет не го сметаме како желба туку како основно човеково право во 21-виот век, па нема потреба да ви кажеме дека доколку сакате да бидете поврзани и со светот, а не само со преубавата природа, не треба да се грижите воопшто.
Во нашите соби ќе се чувствувате покомфортно и од сопствениот дом бидејќи се дизајнирани токму за да ви го создадат тоа чувство: престојот во нашиот хотел да ви биде во „домашен амбиент“.

Локација:

Хотел „ Park Golden View 4*“ е сместен на најубавото место на Охридската Ривиера, на самата обала на Охридското езеро во мирниот кварт на само 2.5 км од националниот Охридски музеј, одлично поврзан и со останатите места во Охрид

Соби:

Сеф, ТВ, собни папучи, тераса, плакар, работна маса, телефон, пешкири за базен, купатило со туш кабина или када, фен за коса, пешкири, мини бар, фрижидер, флаширана вода, вино или шампањ.

Услуга:

Располага со прекрасна плажа, отворен базен, сопствен паркинг, тениски и пинг – понг терен како и ресторанот ќе ги исполни вашите очекувања.

Период 2adl

budget room

2+1adl+baby

comfort dbl(front & park view)

2+1adl+baby

comfort dbl side view

2+1adl+baby

lake view dbl room

4+1adl

side view app

4+1adl

lake view app

doplata za obrok ex.bed
01.01-13.04.2022

01.11-30.12.2023

27€ 31€ 33€ 37€ 97€ 117€ 12€ 12€
14.04-26.05.2023 31€ 33€ 37€ 40€ 105€ 125€ 12€ 12€
26.05-23.06.2023 33€ 35€ 37€ 42€ 110€ 135€ 12€ 12€
23.06-14.07.2023 35€ 37€ 42€ 44€ 120€ 134€ 12€ 15€
14.07-17.09.2023 37€ 39€ 41€ 46€ 128€ 144€ 12€ 17€
14.09-31.10.2023 32€ 34€ 36€ 40€ 100€ 120€ 12€ 15€

Цената вклучува:

  • Цена по лице на ден ноќевање со појадок
  • Туристичка такса и ДДВ

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплати и попусти:

  • Доплата  за еднокреветна соба 17€
  • Деца од 06-11.99год.- 30% од цената.

СЛИКИ : 

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • за отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани,терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ