Апарт хотел -Парк Голден Вју – Охрид Нова Година 2023
ОПИС:
Позиционирани сме на најидеалниот дел од езерскиот брег доколку вашата желба е да престојувате во хотел кој граничи со езерото, кое пак граничи со небото, а и двете граничат само со вашата имагинација. Токму затоа со задоволство ја извршуваме улогата на пасошка контрола при преминувањето на овие граници. Се наоѓаме на само 3 километри од Охрид, затоа не ви ни треба автомобил за да стигнете до центарот на градот, но доколку сакате без проблем може да изнајмите во самиот хотел.
Како логистичка поддршка за нашите 27 апартмани, 19 двокреветни соби и 3 резиденцијални (претседателски) апартмани, го имаме ресторанот со 220 места, поделени на идеална половина внатре и на терасата покрај преубавото езеро. Важно да се знае: ако премногу ви се допадне собата / апартманот во кој престојувате, толку многу што би посакале да е ваша сопственост, ќе ве потсетиме уште еднаш дека ние ги исполнуваме сите ваши желби. Безжичниот интернет не го сметаме како желба туку како основно човеково право во 21-виот век, па нема потреба да ви кажеме дека доколку сакате да бидете поврзани и со светот, а не само со преубавата природа, не треба да се грижите воопшто.
Во нашите соби ќе се чувствувате покомфортно и од сопствениот дом бидејќи се дизајнирани токму за да ви го создадат тоа чувство: престојот во нашиот хотел да ви биде во „домашен амбиент“.
Локација:
Апарт хотел „ Park Golden View 4*“ е сместен на најубавото место на Охридската Ривиера, на самата обала на Охридското езеро во мирниот кварт на само 2.5 км од националниот Охридски музеј, одлично поврзан и со останатите места во Охрид
Соби:
Сеф, ТВ, собни папучи, тераса, плакар, работна маса, телефон, пешкири за базен, купатило со туш кабина или када, фен за коса, пешкири, мини бар, фрижидер, флаширана вода, вино или шампањ.
Услуга:
Располага со прекрасна плажа, отворен базен, сопствен паркинг, тениски и пинг – понг терен како и ресторанот ќе ги исполни вашите очекувања.
Период | 2adl
budget room |
2+1adl+baby
comfort dbl(front & park view) |
2+1adl+baby
comfort dbl side view |
2+1adl+baby
lake view dbl room |
4+1adl
side view app |
4+1adl
lake view app |
doplata za vecera | ex.bed |
Пакет 2 ноќевања (цена по соба за ноќевање) | 75€ | 80€ | 85€ | 90€ | 118€ | 134€ | 14€ | 12€ |
Пакет 3 ноќевања (цена по соба за ноќевање) | 70€ | 75€ | 80€ | 85€ | 108€ | 124€ | 14€ | 12€ |
Пакет 4 ноќевања (цена по соба за ноќевање) | 65€ | 70€ | 75€ | 80€ | 98€ | 114€ | 14€ | 12€ |
Цената вклучува:
- Цена по соба на ден ноќевање со појадок
- Туристичка такса и ДДВ
Цената НЕ вклучува:
- Превоз
- Индивидуални трошоци
Доплати и попусти:
- Еднокреветна соба -20% од цената по соба
- Деца од 06-11.99год.- 30% од цената по лице
- Само ноќевање попуст од -7евра по лице