You are currently viewing Апартмани Јован 4* – Будва

Апартмани Јован 4* – Будва

ОПИС:

Локација: Апартмани Јован e во Будва категоризиран со 4* располага со модерно опремени едноспални и двоспални апартмани  лоцирани веднаш до хотелот “Garni Hotel MB”. Апартманите се карактеризираат со домашна атмосфера и имаат луксузен ентериер кој обезбедува максимална удобност. Модерно опремени и удобни, апартманите нудат услуга базирана на хотелско сместување. Менувањето крпи и чистењето на апартманите е секојдневно. Локацијата на апартманите е идеална за сите оние кои сакаат да имаат мир и тишина, но и да бидат во близина на градот и плажата.Сите апартмани имаат пространа дневна соба, кујна, луксузно купатило, кабловска телевизија, клима уред (вклучен во цената). Бањите во апартманите содржат модерен туш, фен, машина за перење. Обезбеден паркинг. Бесплатен сеф и интернет.

Соби: 

  • Апартман тип 041: дневна соба опремена со тросед,ТВ,клима споена со трпезарија и кујна и спална соба со два кревети, бања (туш, машина за перење, фен за коса) и опремена тераса;
  • Апартман тип 062: дневна соба опремена со тросед и аголна гарнитура,ТВ,клима, трпезарија со модерна кујна, две посебни спални соби од кои едната е со два единечни кревети,а другата со брачен кревет, бања(туш, машина за перење, фен за коса) и 2 опремени тераси;

ЦЕНОВНИК: 

  ТЕРМИНИ   Ноќ. 1/2 соба минимум 2 лица во АПП тип  (041) 1/3+1 соба минимум 3 лица во АПП тип (041) 1/4 +2  минимум 4 лица во АПП тип (062)
29.06-08.07.2021 9   145 140
08.07-17.07.2021 9   175 165
17.07-26.07.2021 9   200 190
26.07.-04.08.2021 9   220 210
04.08-13.08.2021 9   220 210
13.08-22.08.2021 9   210 200
22.08-31.08.2021 9   180 170
  • Цените во табелите се дадени по лице за 9 ноќевања со вклучен автобуски прево

Цената вклучува:

  • 9 ноќевања
  • Автобуски превоз

Цената НЕ вклучува:

  • Индивидуални трошоци

Доплати и попусти:

  • Петто возрасно лице или прво дете до 12 години во апартман тип 062 плаќа 50% од цената во табелата.
  • Второ дете до 12 години во апартман тип 062 плаќа 25% од цената во табелите.
  • Дете до 12 години во апартман тип 041 плаќа 25% од цената во табелите.
  • Туристичка такса се плаќа на рецепција во хотелот “Garni Hotel MB” и чини 1 еврo по лице на ден. Со плаќањето добивате картон за престој кој е потребно да го зачувате до крајот на вашиот аранжман.
  • За патување со сопствен превоз се одбива 20 евра од цената на аранжманот.

СЛИКИ:  

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!
  • Автобускиот превоз се врши со високо туристички автобуси на фирмата ББ Бус Турс и истите можете да ги погледнете на bbbustours.mk.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • за отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ