Куќа “Atina”- Јерисос
ОПИС:
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘синоз наме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.
Куќа“Atina”се наоѓа на добра место положба, на само150 метри од прекрасната песочна плажа, на главната улица во местото.Во куќата располагаме со 3 наши високо квалитетни студија кои се наоѓаат на прв кат. Куќата е нова градба, за најпробирливи патници. Сите студија се многу пространи и се опремени со фен, пегла, тостер, кафемат, комарници, даски за пеглање и сл., огромни тераси со маси и столови, високо квалитетно средени кујни со апсолутно сите потребни елементи во кујните, како и реновирани пространи тоалети. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има достапен паркинг до вилата.
Студио број 1 (1/4) – пространо студио со голема тераса, целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет и 2 стандардни кревета.
Студио број 2 (1/4)– многу пространо студио со голема тераса, целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет,стандарден кревет и софа за дете.
Студио број 4 (1/4) – многу пространо студио со огромна тераса (страничен поглед море), целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет, 2 стандардни кревети и софа.
GPS: 40.398701, 23.879398
ПОПУСТИ:
– 7% за вонсезонски и – 12% за сезонски цениза 50 % уплата заклучно со 20.01.2024 и целосна доплата заклучно со 06.04.2024
ЦЕНОВНИК:
Вонсезонски цени
Термин | Ноќевања | 1/4 студиобр.2 | 1/4 студиобр. 1 | 1/4 студиобр. 4 |
26/05-02/06 | 7 | 109 | 119 | 129 |
02/06-09/06 | 7 | 129 | 139 | 149 |
09/06-16/06 | 7 | 169 | 179 | 189 |
16/06-23/06 | 7 | 219 | 229 | 239 |
23/06-30/06 | 7 | 229 | 239 | 249 |
* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 2 лица)
Сезонски цени
Термин | Ноќевања | 1/4 студиобр.2 | 1/4 студиобр. 1 | 1/4 студиобр. 4 |
30/06-07/07 | 7 | 539 | 559 | 579 |
07/07-14/07 | 7 | 569 | 589 | 609 |
14/07-21/07 | 7 | 599 | 619 | 639 |
21/07-28/07 | 7 | 599 | 619 | 639 |
28/07-04/08 | 7 | 599 | 619 | 639 |
04/08–11/08 | 7 | 599 | 619 | 639 |
11/08–18/08 | 7 | 599 | 619 | 639 |
18/08–25/08 | 7 | 599 | 619 | 639 |
25/08–01/09 | 7 | 579 | 599 | 619 |
* цена за наем на студио
Вонсезонски цени
Термин | Ноќевања | 1/4 студиобр.2 | 1/4 студиобр. 1 | 1/4 студиобр. 4 |
01/09–08/09 | 7 | 219 | 229 | 239 |
08/09–15/09 | 7 | 169 | 189 | 209 |
15/09–22/09 | 7 | 139 | 149 | 159 |
22/09–29/09 | 7 | 99 | 109 | 129 |
* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 2 лица)
Напомени и услови:
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
- Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА,според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра),еден правец170 мкд. (35евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
-
- Во студио дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска против вредност (1евро=62мкд).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по патна ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1,50 евра на ден по студио/апартман.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата или представникот . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.