Атина Нова Година 2024
Атина често пати се нарекува колевка на западната цивилизација. Таа е еден од најстарите светски градови чија историја бележи преку 3400 години. Се семета за зачеток на демократијата. Атина е центар на економскиот, политичкиот и културен живот во Грција, родно место е на Сократ, Перикле, Софокле и други значајни филозофи, писатели и политичари. Таа е еден од главните светски центри за архиолошки истражувања. Ова популарно туристичко место има дури 148 театри!
Програма на патувањето:Ден 1. 29.12.2023 БИТОЛА – АТИНА
Состанок на групата пред агенцијата во 20.00 часот. Заминување кон граничниот премин
Меџитлија во 20.30 часот.Обавување на гранични формалности. Патувањето продолжува
кон Атина преку Лариса, Ламија. Ноќно патување со попатни одмори.
Ден 2. 30.12.2023 АТИНА
Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот.
Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните,
Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол или местото кое во
превод значи ,,Горен град,,. Доплата за влезница 13
Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта предлагаме факултативна посета на
таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол. Традиционална грчка вечера со
фолклорна програма и забава и пијалок . Ноќевање.
Ден 3. 31.12.2023 АТИНА – КОРИНТ- ЕПИДАУРУС- НАФПЛИОН – МИКЕНА
Појадок. По појадокот еднодневен излет до Пелопонез и областа Арголида: Посета на
Коринтскиот канал (канал кој ги спојува Егејското и Јонското море), потоа посета на
најакустичниот антички амифитеатар во Епидаурус. Посета на фабриката за рачна
изработка на керамика и сувенири. Патувањето продолжува кон Микена, престолнината на
Микенскиот владетел Агамемнон. Враќање во Атина. Дочек на Новата 2024 во хотел со
музика и богато мени и неограничен пијалок ( доплата 40 € ) во хотел или на некој од
Атинските плоштади во сопствена организација. "СРЕЌНА НОВА 2024 "Ноќевање.
Ден 4. 01.01.2024 АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН
Доцен појадок. Ве водиме на полудневен излет долж Аполоновиот брег до Сунион-
најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон . (
Факултативно се доплаќа влезница). Ќе уживаме во погледот кон Егејот и археолошкиот
локалитет. Враќање во Глифада. Слободно време за лични активности. Ноќевање.
5 Ден. АТИНА – МЕТЕОРИ – БИТОЛА 02.01.2024
Појадок. Заминување кон Каламбака. Патувањето продолжува покрај Камена Вурла,
кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Патување со
попатни паузи. Посета на еден од познатите манастири на Метеори. Ќе уживаме во
погледот и ова наречено светско чудо. Доплата за влезница во манастирот. Посета на
ресторан за ручек. Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 € / 11,099,оо ден
За целосна уплата до 30.11.2023 159 € / 9,859,оо ден
Во цената на аранжманот Е вклучено:
Автобуски превоз на дадената релација според програмата
3 ноќевња со појадок во Аthens Coast Hotel 4*
Излет до Сунион со храмот на Посејдон
Разглед на Атина со водич – (можност за посета на Акропол – Пантеон чија
влезница е 13 € – не е задолжително)
Организација, водство и реализација на аранжманот
Водич – пратител за цело време на патувањето од страна на Ана Турс Инт – Битола
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Задолжително патничко – здраствено осигурување: 150,оо мкд
Влезниците при посета на културно-историските споменици и рекреативни
атракции
Грчка вечер со фолклор и музика ( 40 €)
Свечена вечера во хотел за Нова Година со вклучен пијалок (40 €)
Факултативна посета на Арголида-Пелопонез заедно со водич ( 40 €) градот
Нафплион, Микена
Туристичка такса 1,5 € по соба од ден, напалата на рецепција во хотел
Доплата за еднокреветна соба 3100,оо денари
Останати неспоменати услуги
ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА
АРАНЖМАНОТ:
Истите се уплаќаат за време на патувањето во автобус:
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус
кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи
ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни
патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 10 €
НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Важат Општите услови за патување на СКТМ