You are currently viewing Атина – Нова Година 2025

Атина – Нова Година 2025

Незаборавен Дочек на Новата 2025 во Атина. Градот кој е најголем и главен град во Грција, градот кој се смета за колевка на цивилизација и демократијата. Таа е еден од најстарите градови чија историја бележи повеќе од 3400 години. Градот кој е преполн со културно – историски знаменитости на секој чекор, а ќе ве воодушеви со богатството и историјата. АТИНА – град посветен на божицата Атина по која и го добил името а која со векови била негова заштитничка.

Програма на патувањето:

1Ден. 28.12.2024 БИТОЛА – АТИНА
Состанок на групата пред агенцијата во 20.00 часот. Заминување кон граничниот премин Меџитлија во 20.30 часот.Обавување на гранични формалности. Патувањето продолжува кон Атина преку Лариса, Ламија. Ноќно патување со попатни одмори.
2 Ден. 29.12.2024 АТИНА
Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол…или местото кое во предвод значи ,, Горен град,,. Доплата за влезница факултатитвно.Сместување во хотел. Слободно попладне за истражување на Атина.Ноќевање. ã
3 Ден 30.12.2024     АТИНА – КОРИНТ- ЕПИДАУРУС- МИКЕНА
Појадок. По појадокот еднодневен излет до Пелопонез и областа Арголида: Посета на Коринтскиот канал (канал кој ги спојува Егејското и Јонското море), потоа посета на најакустичниот антички амифитеатар во Епидаурус. Посета на фабриката за рачна изработка на керамика и сувенири. Патувањето продолжува кон Микена, престолнината на Микенскиот владетел Агамемнон. Враќање во Атина. Ноќевање.ã
4 Ден. 31.12.2024 АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-БИТОЛА
Појадок. Ве водиме на полудневен излет долж Аполоновиот брег до Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон . ( Факултативно се доплаќа влезница). Ќе уживаме во погледот кон Егејот и археолошкиот локалитет. Враќање во Глифада. Слободно време за лични активности. Дочек на Новата 2025 на некој од Атинските плоштади во сопствена организација. “СРЕЌНА НОВА 2025 “Ноќевање.
5 Ден. 01.01.2025 АТИНА-МЕТЕОРИ -БИТОЛА
Појадок. Заминување кон Каламбака. Патувањето продолжува покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Патување со попатни паузи. Посета на еден од познатите манастири на Метеори. Ќе уживаме во погледот и ова наречено светско чудо. Доплата за влезница во манастирот. Посета на ресторан за ручек. Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 € / 12,338,оо ден
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 25 НОЕМВРИ: 179 € / 11,098,оо ден

Во цената на аранжманот Е вклучено:

  • Автобуски превоз на дадената релација по програмата
  •  Сместување во хотел 4* на база 3 НП (ноќевање со појадок
  • Панорамски разглед на Атина со професионален водич
  •  Организација и водство на патувањето
  •  Пратител–водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

  • Влезници за посета на културно – историските споменици
  • Влезници за посета на локалитетите со водич Акропол 20е, Микена 12е, Епидариус 12е, Посејдонов храм 10е
  • Грчка вечер со фолклор и музика
  • Факултативна посета на Пелопонез (35€)
  • Посета на Пиреја и Сунион (20€)
  • Туристичка такса
  • Доплата за еднокреветна соба 3100,00 денари
  • Индивидуални трошоци
  • Патувачко осигурување: 250,оо денари
  • Доплата за еднокреветна соба 100,оо денари
  • Останати неспоменати услуги

 

НАПОМЕНА:

  • ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ: Истите се уплаќаат за време на патувањето во автобус
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 € при уплата на аранжманот, освем првите 4 седишта наменети за персоналот.
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 35 патници
  • Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

Отказ на резервација:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ