You are currently viewing Атина – Нова Година 2022

Атина – Нова Година 2022

ТЕРМИН:

  • 30.12.2021-02.01.2022

ПРОГРАМА:

1 Ден. 30.12.2021 БИТОЛА – АТИНА

Состанок на групата пред агенцијата во 19.00 часот. Заминување кон граничниот премин Меџитлија во 19.30 часот.Обавување на гранични формалности. Патувањето продолжува кон Атина преку Лариса, Ламија. Ноќно патување со попатни одмори.

2 Ден. 31.12.2021 АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта предлагаме Дочек на Новата Година во таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол. Традиционална грчка вечера со фолклорна програма и забава и пијалок или пак на Плоштадот Синтагма. Ноќевање. 

3 Ден 01.01.2022 АТИНА – КОРИНТ- ЕПИДАУРУС- МИКЕНА

Појадок. По појадокот еднодневен излет до Пелопонез и областа Арголида: Посета на Коринтскиот канал (канал кој ги спојува Егејското и Јонското море), потоа посета на најакустичниот антички амифитеатар во Епидаурус. Посета на фабриката за рачна изработка на керамика и сувенири. Патувањето продолжува кон Микена, престолнината на Микенскиот владетел Агамемнон. Враќање во Атина. Во вечерните часови посета на најпознатиот кварт во Атина- Плака (под Акропол) со вечера и забавно музичка програма со бузуки и фоклор. (Факултативно). Ноќевање.

4 Ден. 02.01.2022 АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-БИТОЛА

Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон . ( Факултативно). По посетата, патувањето продолжува кон Битола, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Патување со попатни паузи. Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови.

ЦЕНА:

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 € / 8.000,оо ден

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 25 НОЕМВРИ: 109 € / 6.760,оо ден

Цената вклучува:

  • Автобуски превоз на дадената релација по програмата
  • Сместување во хотел 3+* на база 2 НП (ноќевање со појадок)
  • Панорамски разглед на Атина со професионален водич
  • Туристичка такса (2 € се плаќа во агенција)
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител–водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата

Цената НЕ вклучува:

  • Влезници за посета на културно – историските споменици
  • Грчка вечер со фолклор и музика (35€)
  • Свечена новогодишна вечера во хотелот (40 € )
  • Факултативна посета на Пелопонез (30€)
  • Задолжителна посета на Пиреја и Сунион (15€)
  • Туристичка такса 2 еур по соба на ден (се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци
  • Патувачко осигурување

Доплата и попусти:

  • Доплата за еднокреветна соба 3.100,оо денари

ОПИС:

Незаборавен Дочек на Новата 2022 во Атина. Градот кој е најголем и главен град во Грција, градот кој се смета за колевка на цивилизација и демократијата. Таа е еден од најстарите градови чија историја бележи повеќе од 3400 години. Градот кој е преполн со културно – историски знаменитости на секој чекор, а ќе ве воодушеви со богатството и историјата. АТИНА – град посветен на божицата Атина по која и го добил името а која со векови била негова заштитничка.

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За
    време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради,
    институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај
    на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот,
    затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети,
    задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна
    маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ