You are currently viewing Куќа “Atina”- Јерисос
Fishermen boat in Pyrgadikia bay; Chalkidiki, Northern Greece

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Куќа “Atina” се наоѓа на добра местоположба, на само 150 метри од плажа, на главната улица во местото. Во куќата располагаме со 3 наши високо квалитетни студиа кои се наоѓаат на прв кат. Куќата е нова градба, за најпробирливи патници и сите студија се многу пространи и се опремени со фен, пегла, тостер, кафемат, комарници, даски за пеглање и сл., огромни тераси со маси и столови, високо квалитетно средени кујни со апсолутно сите потребни елементи во кујните, како и реновирани пространи тоалети. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има достапен паркинг околу вилата.

  • Студио број 1 (1/4) – многу пространо студио со голема тераса, целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет и 2 стандардни кревети.
  • Студио број 2 (1/4) – многу пространо студио со голема тераса, целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет и 2 стандардни кревети.
  • Студио број 4 (1/4) – многу пространо студио со голема тераса (страничен поглед море), целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет и 2 стандардни кревети.

Координати: 40.398701, 23.879398

-12% попуст за целосна уплата до 23.04.2022

Вонсезонски цени: 22.05-03.07.2022

Термин:

Ноќевања:

1-во и 2-ро лице:

3/ 4/ 5-то  лице:

22/05-29/05

7

79

40

29/05-05/06

7

99

40

05/06-12/06

7

119

40

12/06-19/06

7

159

40

19/06-26/06

7

179

40

26/06-03/07

7

199

40

 

Сезонски цени: 03.07-28.08.2022

Термин:

Ноќевања:

1/4 студио (1-ви кат)

03/07-10/07

7

459

10/07-17/07

7

479

17/07-24/07

7

499

24/07-31/07

7

499

31/07-07/08

7

499

07/08-14/08

7

499

14/08-21/08

7

499

21/08-28/08

7

489

 

Вонсезонски цени: 28.08-02.10.2022

Термин

Ноќевања

1во и 2ро лице

3/4/ 5-то лице

28/08-04/09

7

199

40

04/09-11/09

7

159

40

11/09-18/09

7

119

40

18/09-25/09

7

89

40

25/09-02/10

7

79

40

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа: За возрасни 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 1.860 мкд. (30 евра) За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) еден правец 1.550 мкд. (25 евра) Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Тргнувањето од Куманово е во 02:45 часот наутро. Тргнувањето од Скопје е во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 03:30 часот.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Импала травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „С- ТРАВЕЛ“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Важат Општите услови на Т.А. С-Травел.