Со надморска височина од 1100 метри, ресортот е сместен во источниот планински дел на Македонија, близу до градот Берово, веднаш над Беровското езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини. Точно овој регион, често именуван како мала Швајцарија, се наоѓа еден од четирите воздушни коридори во светот, збогатен со огромно количество на кислород, претворајќи го ресортот во беспрекорно чиста воздушна бања.
Изграден од природни елементи, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на растенија и дрва кои го претвораат ресортот во прекрасна ботаничка градина, збогатен со секојдневниот пој на птиците, припитомени во куќарките соецијално изработени за нив и потставени по боровите кои го опкружуваат комплексот, ресортот е вистинска хармонична бајка. Со своите содржини како: world-class СПА центар, Ресторан што претставува уметничко ремек дело, пет ѕвездено сместување, прекрасни базени, беспрекорна услуга од светска класа и богати и интересни планински содржини, го прават овој луксузен сепак интимен комплекс Вашето совршено бегство од секојдневието…
АУРОРА РЕСОРТ & СПА 5* (Берово)
Мало парче рај, од мир и спокојност, создадено за незаборавни искуства.
Долгогодишната успешна работа во областа на туризмот, посветеноста и професионалноста и овозможи на Аурора Турс да биде горд сопственик на овој луксузен 5* хотелски комплекс, кој после речиси 10 годишна интензивна градба започна со работа во 2011 година.
На окулу 160км од Скопје, односно на помалку од 2 часа возење, ресортот е сместен во источниот планински дел на Македонија со надморска височина од 1100 метри, близу до градот Берово, веднаш над Беровското езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини.
Токму во овој регион, често именуван како мала Швајцарија, се наоѓа еден од четирите воздушни коридори во светот, збогатен со огромно количество на кислород, претворајќи го ресортот во беспрекорно чиста воздушна бања.
Изграден од природни елементи, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на растенија и дрва налик ботаничка градина, збогатен со живописен природен резереват во кој слободно живеат срнички, зајачиња и други животинчиња, ресортот е вистинска хармонична бајка.
Со своите содржини меѓу кои е прекрасниот и убедливо најфотографираниот инфинити базен во Македонија; СПА центарот; Ресторан во кој освен во врвната храна може да се ужива и во уметнички ремек дела на најпознати наши и светски автори; баровите со големи надворешни или затворени тераси; комфорните и модерни соби со прекрасен поглед; беспрекорната услуга од светска класа, како и големиот избор од други интересни планински содржини, го прават овој луксузен a сепак интимен комплекс совршено бегство од секојдневието – место за вистински одмор.
Хотелот е исто така максимално подготвен и специјализиран да одговори на сите видови корпорациски барања и услуги вклучувајќи ги активностите на тим билдинг, состаноци, конгреси, семинари, самити и конференции.
А за вашите прослави, свадби, венчавки и други специјални моменти кои се паметат цел живот, Аурора Ресорт и Спа е вистинскиот избор…
Infinity Pool
General Views
Animals
Winter Fairytales
Accommodation
Natural Surroundings
Weddings
Activities & Amenities
Dining
СЛИКИ:
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
- Влез во СПА центарот и користење сите негови содржини на деца под 10 години не е препорачливо. За деца од 10 до 12 год, придружба на родител е неопходна и е дозволено само користење на внатрешниот базен;
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ