You are currently viewing Азурен Брег – Нова Година 2022

Азурен Брег – Нова Година 2022

ТЕРМИН:

  • 28.12.2021-03.01.2022

ПРОГРАМА:

1 ДЕН 28.12.2021 СКОПЈЕ – СЛОВЕНИЈА:

 Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Денско  возење со попатни паузи.

Во вечерните часови пристигнување во хотел во Словенија, сместувањево хотел. Ноќевање.

2 ДЕН  29.12.2021 СЛОВЕНИЈА – НИЦА:

Појадок.  Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор .Во вечерните часови Ве водиме на прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… слободно времеза прошетка поНовогодишниот пазар на градскиот плоштад. Ноќевање.

03 ДЕН 31.12.2021 НИЦА – АНТИБ – КАН – МОНТЕ КАРЛО :

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и гламурозниот Кан. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, а потоа продолжуваме со посета на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата… посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за прошетки… Враќање во Ница.  Слободно врема за индивидуални прошетки. Предлагаме  дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет… единствено доживување. Да се дочека Новата година во Монте Карло,навистина е впечатливо. Едно од најдобрите места за апсолутно луксузно новогодишно одбројување и пречекување на Новата година на полноќ е блескавиот плоштад Казино (Place du Casino). На Новогодишната ноќ, плоштадот собира толпа луѓе кои уживаат во музика и танцување, а на полноќ следи спектакуларен огномет . Ако пак барате прекрасен поглед на огнометот и јахтите, прошетајте низ пристаништето и уживајте во глетката . Изберете го вашето место, дотерајте се и прославете ја Новата година со стил! Враќање во Ница.  Ноќевање.

04 ДЕН  01.01.2022 НИЦА – ЕЗ – МОНАКО :  

Појадок. Околу пладне предлагаме посета на Монако со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето… Слободно време за индивидуални прошетки .Талкањето по улиците на Монако откако тие ќе бидат украсени во целата божиќна магија е незаборавно искуство. Секоја година од почетокот на Декември до почетокот на Јануари, Порт Херкул е домаќин на традиционалното Божиќно село со божиќен пазар, симпатично дизајнирани божиќни тезги преполни со божиќни сувенири, греано вино и традиционални кулинарски специјалитети,  бендови во живо, огромни новогодишни елки украсени со празнични светилки и лампиони … Уживајте во блескавата новогодишна  атмосфера…Враќање во Ница. Ноќевање.

05 ДЕН 02.01.2022 НИЦА-СКОПЈЕ:  

Појадок. Поаѓање за Македонија околу пладневните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија… Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

06 ДЕН 03.01.2022 СКОПЈЕ:  

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

ЦЕНА:

ЗА УПЛАТА ДО 10 Декември:  269 / 16.680 денари

РЕДОВНА  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  29 / 18.540 денари

Цената вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во Словенија во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
  • Сместување во Ница (или околина)во хотел  3* на база 3 ноќевања со појадок,
  • Разглед на Ница
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето

Цената НЕ вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување 210 мкд,
  •   Новогодишна посета на Монте Карло (30€)
  •   Посета на фабрика за парфеми ‘Fragonard’ во Ез и Монако (30€)
  •   Посета на Кан и Антиб(30€)
  •   Туристичка такса во Ница (1.5€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  •   Влезници за културно историски споменици, музеи.
  •   Билети за јавен превоз
  •   ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ – 75€

Доплата и попусти:

  • Доплата за еднокреветна соба 6.100 ден

ОПИС:

Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата…

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  •  Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  • Важноста на пасошот за ова патување треба да биде мин.3 месеци од денот на враќање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска.
  • За ова патување потребно е да сте  вакцинирани со 2 дози вакцина ( Астра Зенека / Фајзер / Модерна/ Џонсон, или бустер доза со Фајзер/Модерна за примени две дози Синофарм / Синовак)

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ