8МИ МАРТ 2021 – СОКО БАЊА

 

Програма на патувањето:

1.Ден 05.03.2021 (Петок) СКОПЈЕ – СОКО БАЊА

Состанок на групата во 05.30 часот рано наутро на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Соко Бања околу пладне. Традиционален коктел за добредојде и сместување. Ручек. Краток одмор од патување и заминување на организирана попладневна прошетка низ поширокиот центар на Соко Бања со локален водич: Mилошевиот Конак, Tурското купатило, црквата Св. Преображение… Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

2.Ден 06.03.2021 (Сабота) СОКО БАЊА

Појадок. Заминување на организирана претпладневна прошетка со локален водич до излетничкото место Лептерија и стариот Соко Град. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Можност за користење на Велнес и СПА услугите на хотелот. Вечерта, свечена 8мо Мартовска вечера со жива музика и богато мени. Ноќевање.

 

3.Ден 07.03.2021 (Недела) СОКО БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за заминување. Заминување кон Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

СЛИКИ : 

Цена на аранжмот 89/5.500мкд

Цена по лице за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел Бањица 3* во Соко Бања во 1/2и 1/3 соби на база 2 ноќевања
  • Исхрана на база полн пансион шведска маса за појадок, ручек и вечера сет мени
  • Свечена 8мо мартовска вечера со жива музика
  • *мени: ладно предјадење, пита зелјаница со кисело млеко, скара (2 парчиња), домашна погача, сезонска салата, баклава – менито може да претрпи промена
  • Организиран разгледи со локален водич до центарот на Соко Бања, Лептерија и Сокоград
  • Користење на базен – џакузи на хотелот со термо минерална вода
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Неограничени пијалоци за време на гала вечера – 5€
  • Индивидуални трошоци

 

НАПОМЕНИ:

  • За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници.
  • Капацитетот на автобусот за ова патување е 50% исполнетост според моменталниот протокол за автобуски сообраќај.
  • За ова патување не е потребен PCR тест.
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 1000ден доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
  • Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
  • Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
  • За реализација на факултативите потребен е минимум од 20 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.
  • За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ.