You are currently viewing Барселона – Нова Година 2022

Барселона – Нова Година 2022

ТЕРМИН:

  • 28.12.2021-01.01.2022

ПРОГРАМА:

Ден 1 28.12.2021 – вторник

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 17:25 часот. Полетување за Барселонa во 19:25 ч. Пристигнување во Барселона во 22:10 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

Ден 2 29.12.2021 – среда

Појадок во хотел. Факултативен панорамски разглед на Барселона: плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, Саграда Фамилија(40 минутен разглед), Готскиот кварт (50 минутен разглед). Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во Светот. Потоа ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од најголемите и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности…Враќање во хотел и припрема за новогодишна прослава на некој од плоштадите во Барселона. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 3 30.12.2021 – четврток

Појадок во хотел. За овој ден ппредлог факултатива- излет низ парковите на Барселона.Посета на паркот Цитадела, Побл Еспањол – Шпанското село кој претставува музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија.Тибидабо е рид со поглед на Барселона, со 512 метри висина, тоа е највисокиот рид во Сера де Колсерола. Нагло издигнувајќи се на северо-запад,нуди прекрасен поглед на градот и околното крајбрежје.За љубителите на спортот, можност за посета на најпознатиот стадион во светот – „Ноу Камп“ на кој игра фудбалскиот клуб „Барселона“. Ќе имате можност да го видите музејот на клубот со многубројните трофеи. Враќање во хотел со метро. Вечерта можност за Фламенко вечер во ресторан, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоу. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

Ден 4 31.12.2021 – петок

Појадок во хотел. Слободно време и можност за посета на познатиот парк ГУЕЛ,кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона. После паркот може да заминете во шопинг центарот „Маремагнум“. Во вечерните часови Ви препорачуваме посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани каде што ќе ја дочекате Новата Година, во прекрасниот амбиент на Барселона.Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 5 01.01.2022 – сабота

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. За денешниот ден, наш предлог е целодневна факултативна посета на Зоолошката градина. Сместена во централниот парк на Барселона, претставува една од најголемите и најпосетени Зоолошки градини со преку 1 милион посетители годишно. Во огромното пространство сместени се над 2.500 видови на животни. Изградена е како отворен тип на зоолошка градина, каде има можност за директен контакт со дел од животните. До пред неколку години, оваа градина беше дом на единственото албино горила што постоеше во светот. Оваа Зоолошка градина е атрактивна за сите возрасти и претставува забава за цела фамилија. Индивидуално враќање во хотел и слободно време. Трансфер до аеродормот во Барселона.Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Скопје е во 22:50 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 01:35 часот локално време.

ЦЕНА:

389 ЕВРА ПО ЛИЦЕ!!!

Цената вклучува:

  • Директен лет на релација Скопје – Барселона – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
  • Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел Виладомат 3* (во центарот на градот);
  • Организација на аранжманот и пречек на аеродром од претставник на агенција-партнер во Барселона.

Цената НЕ вклучува:

  • Организиран панорамски разглед на Барселона со локален водич и  трансфер– 35 €
  • Организирана посета на 3 парка – ЦИТАДЕЛА,ТИБИДАБО,ШПАНСКО СЕЛО – 50 €
  • Посета на Ноу Камп (индивидуално, со метро) – 30  € (влезница)
  • Посета на Парк Гуел (индивидуално, со метро) – 15  €  (влезница)
  • Посета на ЗОО (индивидуално, со метро) – 25  € (влезница)
  • Фламинко шоу со вечера 85 €, со пијалок 50 €
  • Аквариум  (индивидуално, со метро) – 21  €
  • Туристичка такса се плаќа во хотел – 1,5 € по ден на лице; (уплата во агенција)
  • Билети за јавен превоз со метро;
  • Патничко осигурување – ЗАДОЛЖИТЕЛНО (информации во агенција).

Ве информираме дека при влез во Шпанија, според Covid-19 протоколот потребно е да се приложи еден од следните документи:

  1. За пристигнувања со авион или брод, задолжителна е регистрација 48 часа пред патувањето на https://spth.gob.es/(во моментов не е потребна регистрација ако во Шпанија се влегува по копнен пат).
  2. Приложување на сертификат за вакцинација со вакцина призната од Светската Здравствена Организација (WHO) и Европска Агенција за Лекови(EMA).
  3. За деца под 12 години кои ги придружуваат патниците не е потребен сертификат за вакцинација, но останува задолжителната регистрација (од точка 1)
  4. Влез со PCR или NAAT тестови ќе биде дозволен САМО за патници кои имаат соодветна шпанска виза или дозвола за престој во Шпанија.
    На туристи без сертификат за вакцинација нема да им биде дозволен влез во Шпанија!

ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА

Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:

  1. =Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
  2. =Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
  3. =Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.

 Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во   странство непосредно пред враќањето за Македонија.

ОПИС:

Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Рамблас“, застанете покрај живописните човечки статуи или некој од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гуел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место, кое треба да го посетите.

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 20 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Патникот е должен непосредно пред патување да се информира за правилата за влез во државата во која ќе патува од причина што истите се променливи на дневно ниво и зависат од епидемиолошката состојба кај нас и во државата во која се патува.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ