You are currently viewing Барселона 24.03-27.03.2023(Авионска програма)

БАРСЕЛОНА е главен град на најразвиената шпанска провинција Каталонија и во сè го опишува културното и историското богатство на овој регион. Во целиот свет е познат по својата уникатна архитектура, чиј творец беше еден од најголемите современи архитекти, Антонио Гауди. Барселона е модерен град со широки булевари, пространи плоштади, трговски центри, прекрасни споменици, прекрасна плажа, огромно пристаниште и многу шарени населби. Покрај тоа, ова е градот на забавата, градот на младите, градот на најголемиот фудбалски клуб во светот. Овој град на своите посетители им нуди многу активности и грст случувања…

1 ДЕН (петок – 24.03.’23) : БИТОЛА – ТИРАНА – БАРЦЕЛОНА

Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 02.30 часот…поаѓање за Албанија (Тирана – аеродром) во 03.00 часот. Патот води преку г.п. Охрид, Струга, Елбасан…пристигнување на аеродром Тирана околу 09.00 часот. Лет за Барцелона со WIZZ Air во 11.45 часот. Авионот слетува во Барцелона во 14.25 часот – локално време. Поаѓање на панорамски разглед на градот со автобус со локален водич (српски јазик)…споменикот на Колумбо, Монжуик (опсерваторија), обиколка на Олимпискиот стадион, Шпанското село, Волшебните фонтани, продолжување до Шпанскиот плоштад, Gran Via, Paseo De Grazia, поминување покрај куќите на Гауди – Battlo и La Pedrera и прошетка околу Sagrada Familia (без влез). Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

2 ДЕН (сабота – 25.03.’23) : БАРЦЕЛОНА – ЖИРОНА – ФИГУЕРАС

Појадок. Слободен ден за индивидуално разгледување и шопинг. Можност за организирање на факултативна екскурзија – полудневен излет за Жирона и Фигуерас со обиколка на музејот Салвадор Дали. Поаѓање за Жирона, град кој се наоѓа во близина на границата со Франција. Посебен шарм на овој град му даваат ѕидините кои биле создадени како дел од одбраната на Еродро, кои датираат од римскиот период. Кулите се претворени во видиковец со прекрасен поглед на околината. Разглед на градот: прошетка низ центарот на стариот град, разглед на еврејскиот кварт, готската катедрала…слободно време. Патувањето продолжува до Фигуерас..посета на музејот на Салвадор Дали, кој е единствен во светот по својот необичен амбиент и фасцинантните експонати. Музејот е сместен во семејна куќа, а музејската поставка ја поставил самиот Дали. Враќање во Барцелона во касните попладневни сати. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Ноќевање.

3 ДЕН (недела – 26.03.’23) : БАРЦЕЛОНА

Појадок. Слободен ден за индивидуално разгледување и шопинг. Можност за организирање на факултативна екскурзија (т.н. „Трите Паркови“) – Ciutadella, Tibidabo и Pueblo Español (Шпанско село), Ciutadella е поранешна тврдина и денес најубав парк во градот. Прошетка покрај Зоолошката градина во Барселона, Парламентот на Владата на Каталонија, романтичното езеро и централната фонтана, која е дело на каталонски архитекти, меѓу кои и Антоние Гауди. Потоа заминување до видиковецот Тибидабо, од каде можете да уживате во прекрасен поглед на Барселона. Панорамска обиколка на неоготската црква Sagrat Cor. По турнејата, патување до етнo – селото Пуебло Еспањол, кое е создадено во 30-тите години на 20. век како дел од проектот кој требаше да ја покаже различноста на шпанската селска архитектура. Слободно време. Враќање во хотелот. Вечерта – можност за организирање (факултативно) на фламенко вечер – фантастично шоу на танчери и гитаристи (со пијалок). Ноќевање.

4 ДЕН (понеделник – 27.03.’23) : БАРЦЕЛОНА

Појадок. Напуштање на собите до 11 часот. Слободно време за прошетка низ главната шопинг улица (пешачка зона) La Rambla. Состанок на групата во 19.30 часот. Заминување за аеродромот El Prat. Во 22.20 часот авионот на WIZZ Air полетува за Тирана. Пристигнување на аеродромот во Тирана во 00.50 часот наредниот ден. Трансфер до Македонија…пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 27.840,00 денари (449 €)

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 50 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 15 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 15 дена до почетокот на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

  •  Трансфер (минибус или автобус) на релација Битола – Тирана (аеродром) – Битола;
  •  авиобилет на релација Тирана – Барцелона – Тирана (WIZZ AIR);
  • Аеродромски такси
  •  Рачен багаж (1 торба или куфер со димензии 42х32х25 см.);
  • трансфер Барцелона (аеродром) – хотел – Барцелона (аеродром);
  • 3 НП во хотел со 4* во Барцелона (хотел MADANIS ****; www.hotelmadanis.com); Сместување во 1/2 или 1/3 соби; ДОПЛАТА за 1/1 соба – 50 € на ден
  • Разглед на Барцелона со стручен водич;
  • организација, водство и реализација на аранжманот.

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО :

HOTEL MADANIS 4* https://www.hotelmadanis.com/en/

Хотелот Маданис е модерен и иновативен, со поглед на легендарниот стадион на ФК Барселона – Камп Ноу, од кој е оддалечен околу 300 метри. Се наоѓа во областа Лес Кортс во југоисточниот дел на Барселона и е добро поврзана со линии за јавен превоз кои водат до културниот центар на градот. На гостите им нуди рецепција, ресторан, бар, бесплатен безжичен интернет. Собите се модерно опремени со сопствено купатило, клима уред, ТВ, радио, биро, фен, мини бар и бесплатен безжичен интернет. Појадокот е континентален – самопослужување.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :

  • Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици;
  •  патничкото осигурување – 200,00 ден. по лице.
  • Туристичката такса – 3 € по лице на ден (се плаќа на рецепција)

– ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА :

  • факултативната посета на Жирона и Фигуерас – 2.ден (трансфер + локален водич+влезница) – 80 € по лице;
  •  факултатвната посета на трите парка – 3.ден (трансфер + локален водич+влезница) – 60 € по лице;
  • факултатвната посета – ФЛАМЕНКО програма – 55 € по лице (вклучен пијалок); Пријавување и уплати за факултативните излети – во агенција. Минимум број на патници за реализација на факултативните излети е 15.

ВАЖНО : Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници и се организирани од локална агенција.Странскиот партнер ја сноси целата одговорност за спроведување на факултативните излети.

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 18 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на СКТМ и Т.А.С-ТРАВЕЛ