You are currently viewing Првомајски Пакет Хотел Бела Јела 4*-Луковска Бања 2022

Луковска Бања се наоѓа на југот од Србија, на источните падини на планината Копаоник. Иако се наоѓа на надморска височина од 681 метри, што ја прави највисоката бања во Србија, опкружена е со планини и висини од над 1000 метри, што овозможува блага умерена клима. 
Луковска Бања е позната по изобилството на минерални води, по недопрената природа на шумите и падини на планината Копаоник, како и кристално чистиот воздух. Според бројот на извори на минерални води, различниот состав, температура и нивниот притисок (над 100 l / s), Луковска бања припаѓа во најбогатите бањи во Србија.
Ако сакате тивка околина за вашите деловни состаноци или семинари, на располагање ви се повеке сали со капацитет од 100 седишта.
Врз основа на анализата на Институтот за хидрогеологија, како и препораките на Балнеолошкиот институт и Медицинскиот факултет од Белград, водата се препорачува за следниве третмани:
* Воспалителен ревматизам
* Дегенеративен ревматизам
* Остеопороза
* Гихт
* После оперативна рехабилитација од фрактура на коските и хирургија на коскено-зглобен систем
* Гинеколошки заболувања

Хотел Бела Јела, нов хотел отворен во Октомври 2021 год. Модерен и луксузен хотел со СПА и Велнес Центар од светски размери, хармонија на природата, чист планински воздух, снежен амбиент на шумовитиот Копаоник, надополнет со термалните води на Луковска Бања.Хотел Бела Јела располага со 85 соби, 8 апартмани и 2 лукс апартмани. Гостите имаат на располагање:
Удобно сместување
Медицински центар во кој се вршат прегледи и терапии секој ден (и за викенди и за празници)
Отворен-внатрешен базен со термална вода,велнес центар, хотелски ресторан, велнес бар и лоби бар.
Соба за забави, игралиште за деца, теретана

Период 26.04-02.05.2022

Тип на соба Полупансион по лице на ден за минимум 3ноќевања
Двокреветна стандард 74€

Цената вклучува:

  • Сместување во стандардна соба на база полупансион по лице на ден
  • Користење на велнес центарот
  • Отворен-внатрешен базен со термо-минерална вода 33-35 ° C
  • Вежби во базен
  • Сауна
  • Солена соба
  • Парна бања
  • Топли клупи
  • Масажа за добредојде во траење од 20 минути (за возрасни)
  • Празнични активности за деца
  • Користење на салата за забава тенис , билијард
  • Утринска гимнастика со физиотерапевт
  • Прошетки по здравствени патеки
  • Бесплатна WiFi
  • Бесплатен паркинг
  • Туристичка такса и осигурување

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплати и попусти:

  • Деца до 7години бесплатно(во придружба на 2 возрасни)
  • Деца од 7 до 12 години 50% од редовната цена (во придружба на 2 возрасни)

Можност за плаќање од 6-12 рати 

Услови:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

 Отказ на резервации:

 За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

 Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

 Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ